Дескоска : Законот за амнестија е добар за правдата во Македонија

Во емисијата ,,Само вистина” на Канал 5 , министерката за правда Рената Дескоска , на прашањето за случајот кога пратеник бил амнестиран , а неколку часа потоа гласал, рече дека Законот за амнестија е добар за правдата во Македонија. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Фото: Диви свињи на нудист му го украдоа лаптопот

Во Берлин се случил мал инцидент на месно за одмор на нудисти. 

Дива свиња со две младенчиња украла пластична кеса во која имало лаптоп од еден од нудостите.

Голиот човек кога видел дека дива свиња му ја украла торбата, започнал да ја брка, во време кога во излетничката област имало околу 20 лица, јавува ББЦ.

На фотографиите што се појавија на социјалните мрежи се гледа средовечен маж како брка дива свиња која ја носи украдената торбата и бега заедно со нејзините две младенчиња.

Ова не е прв пат животните да украдат работи од луѓе - пред неколку дена, исто така, во Берлин, е откриена лисица како краде чевли од луѓето и влечки што ги оставиле во градините.

Вонредна состојба поради бубонска ;чума

Властите на градот Бајан Нури во кинеската провинција Внатрешна Монголија издале предупредување откако во градот починал пациент кај кого била дијагностицирана бубонска чума.

Локалната власт стоопшти дека е воведена вонредна состојба во целиот реон во кој живее починатиот пациент, и дека во карантин се ставени седум лица кои имале близок контакт со заразениот човек.

Во провинцијата Внатрешна Монголија ова бил вториот смртен случај од бубонска чума месецов.

Во Кина редовно се појавуваат заболени од чума, иако ширењето на оваа заразна болест е многу ретко во последно време.

Од 2009 до 20018 година во Кина се регистрирани 26 случаи на заболени од бубонска чума, од нив 11 случаи завршиле со смрт.

Фото: Лепа Брена во бикини

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена со семејството веќе неколку недели летува во монденското Монако.

Брена на своите фанови на социјалните мрежи редовно ги информира за своите активности во монденското летувалишти. Една фотка посебно ги воодушеви нејзините машки фанови.

Атрактивната пејачка која наското ќе наполни 60 години покажа дека за неа годините се само обична бројка.

Брена ги воодушеви фановите со фотографијата на кмоја позира на јахта во црно костим за капење кој го истакна нејзиното негувано и бујно деколте.

притисни ентер