Обвинителството побара притвор за негувателката , која вчера претепа детенце во игротека

Мерка притвор за  59 годишната дадилка побара обвинителството откако МВР даде поднесок за вчерашниот инцидент. 

Во снимката се гледа како дадилката му удира шлаканици на две годишното дете. Ќотекот го пријавија од скопската игротека каде била со безбедносните камери била снимена жената. Роднини на детето објавија фотографија каде се гледаат гребаници и модрники по лицето. Психолозите велат дека многу често туѓинци ги чуваат децата во домот, а без подобро запознавање на личноста. За психологот Јовановска ретко кој прашува за психолошката стабилност на дадилката.

Од министерството за труд и социјлна политика објаснуваат дека има закон за дадилки, но родителите најчесто најмуваат дадилка по препорака.

Од македонската асоцијација на дадилки регаираат дека тестот што се полага за дадилка е многу формален. За дадилка пред се е потребна посебна едукација исто како и едукациите во градинките.

Аризанова со совет најдобар згрижувач на децата се градинките. Но доколку детето не може да оди во градинка негователите да имаат потребен сертификат. Ова не е прв случај кога негователка физички малтеретира дете. Негователка која тепаше деца одлежува кзна затвор.

Газета: Конте тешко во Милан, тројца кандидати во преден план

По уште еден разочарувачки резултат во дербијата против Интер, јасно е дека Стефано Пиоли повеќе нема да биде тренер на Милан на крајот од сезоната. И тоа е можност медиумите да шпекулираат со различни кандидати.

Долго време како прв избор се споменуваше Антонио Конте. Наводно за него сериозно се залагал и Златан Ибрахимовиќ. Но, како што пишува „Газета дело Спорт“, поранешниот тренер на Интер, Јувентус, Челси, Тотенхем не изгледа како веројатна опција.

Според истиот весник, во моментов најсериозно се разгледуваат тројца кандидати. Во прашање се селекторот на Белгија, Доменико Тедеско, тренерот на Порто, Серхио Консеисао и Марко Розе.

Но, тоа не се единствените имиња во оптек. Како „втор ешалон“ кандидати сеспоменуваат и Кристоф Галтие и Марсело Гаљардо. /MИА

Канал 5 со отворено студио „Македонија одлучува“ ќе ги следи изборните резултати

Канал 5 веќе е подготвен за повеќе часовното отворено студио, кое ќе следува веднаш по овие вести..

Александар Видиновски е дел од тимот од отворената програма „Македонија одлучува“... Александар што се ќе опфати отвореното студио..

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

притисни ентер