Бремена жена убиена со самострел во Лондон, обвинет поранешниот сопруг (ВИДЕО)

Раманоџ Унмателегаду (51) е прогласен за виновен за убиството на својата поранешна сопруга , која ја убил со самострел среде Лондон.

Унмателегаду насилно влегол во домот на Сана Мухамед во источен Лондон на 12. ноември минатата година и ја застрелал пред нејзините пет деца. Иако Сана тогаш била осум месеци бремена, тој со самострелот и пукал во стомакот. Сепак . лекарите успеале да го спасат животот на нејзиното неродено дете. Сана била пренесена во болницата непосредно по нападот, каде бил извршен итен царски рез. Бебето преживеало, но таа починала неколку часа по нападот.

Судскиот процес откри дека обвинетиот и жртвата биле во брак на Маурициус кога жртвата имала 16 години. Нематалгагудо тогаш имал 30 години. Нивната врска завршила 2012 година затоа што мажот бил често насилен. Судот , при разводот му забрани да се приближува до домот на Сана во Илфорд, Источен Лондон.

Сана наскоро се омажила за Имјаз Мухамед, родила две деца и забременила со трето.

Обвинетиот и кажал на полицијата дека тој всушност сакал да го убие Мухамед, но дека неговата поранешна сопруга му го блокирала патот. Тој им рече на поротниците дека сака само да му се закани на Мухамед затоа што тој ја воспитува неговата ќерка како муслиманка.

Но, обвинителството потврди дека неговиот првичен план бил да ги убие неговата поранешна сопруга и нејзиниот сопруг. Имено, таа судбина вечер тој со себе понел два самострела, леплива лента, нож, жици, шајки и чекан.

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер