Пожарите и натаму пустошат низ Австралија – Од чад не се гледа операта во Сиднеј (ВИДЕО)

Чадот од шумските пожари што беснеат северно од Сиднеј го прекри денеска градот , а властите предупредуваа на големи пожари низ источните и јужните региони на земјата, што се шират поради високите температури и силниот ветер.

Втор пат за три дена, Министерството за здравство ги предупреди училиштата да не ги пуштаат децата надвор, а метеоролозите велат дека е малку веројатно дека чадот ќе исчезне во следните неколку дена, бидејќи пожарите продолжуваа да пустошат северно од Сиднеј.

Стотици пожари со недели беснеат долж источниот брег , но појавата на нови во јужна Австралија вчера предизвика евакуација на населението во близина на градот Аделаид.

Снабдувањето со електрична енергија е прекинато за 6.000 објекти во опожарената зона на Полуостровот Јорк во Јужна Австралија за да се избегне можноста од појава на пожар на електричните водови.

Државата Викторија се подготвува за за потенцијално катастрофални пожари бидејќи температурите се искачуваат над 40 степени.

Шест лица загинаа, а скоро 600 домови се уништени во пожарите од почетокот на минатиот месец.

Полицијата започна постапка против 54 лица од август за кршење на забраната за палење оган на отворено.

Отворена изложба „Училиште во парк" на Архитектонскиот факултет и Општина Центар

Четиринаесет архитектонски трудови, изработени од студентите на Архитектонскиот Факултет, во соработка со стручните служби во Општина Центар, од вчера се изложени на увид на јавноста во новоотворениот културно социјален простор „ЈАДРО" во општината.

Изложбата ја отвори градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, поздравувајќи ги присутните и посакувајќи им успех на учесниците.

Како дел од проектот „Училиште во парк", студентите по архитектура и стручната општинска администрација изминатиот период изработија идејни архитектонски решенија за таканаречен центар за деца од претшколска возраст и основно образование. По завршување на изложбата, општинска комисија ќе ги разгледа сите предложени проекти и ќе го избере најдоброто решение, кое ќе се изведе кај спортското игралиште „Партизан", во Градскиот Парк.

Проектот за центарот за деца од претшколска возраст и основно образование вклучува изведба на градинка и основно училиште, со зачувување на постојното спортско игралиште. При изработката на трудовите од страна на авторите беше запазено просторот за најмладите да биде функционален, но истовремено и атрактивен.

Изложбата на трудовите ќе трае до 3-ти март, во КСП „ЈАДРО" (Урбана заедница „Дане Крапчев"), прв простор од ваков тип, кој по пат на јавно приватно партнерство функционира како центар наменет за реализирање на програмите на независната културна сцена, но и на поширокиот граѓански сектор, во кој можат да ги развиваат своите идеи, особено во областа на култура

Намалени водостоите на реките

Водостоите на сите реки во земјава се под просекот за февруари, а најголем пад на нивото имаат реките Струмица, на мерното место кај Сушево, и Црна Река кај Новаци каде водостоите се за четири, односно за три пати пониски од просечните.

Според последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на двете реки е дополнително намалено во однос на вчерашното.

Водостоите, пак, на природните езера во земјава се исти како вчера, но кај Преспанското и кај Охридското Езеро се пониски за 78, односно за седум сантиметри од повеќегодишниот просек за овој месец, додека нивото на Дојранското Езеро е за 2,91 метро повисоко од просечното. 

Рускоска:Досега никој не ми се јавил за да влијае да постапувам вака или онака, или за да не постапувам

,,Досега никој не ми се јавил за да влијае да постапувам вака или онака, или за да не постапувам“, тврди обвинителката, по вчерашните опозициски обвинувања дека обвинителството штити некого.

,,Постапувам за оваа пријава исто како што постапувам и за секоја друга“, вели за Дојче веле  обвинителката Вилма Рускоска.

„Вчера Антонијо Милошоски ме праша каква е понатаму процедурата со аудио-снимката што ја достави.. Му сугерирав и на Милошоски - ако може да посочи сведоци, бидејќи така многу би се забрзала постапката“, вели обвинителката Рускоска. 

притисни ентер