Ауди го претстави RS Q8 , СУВ чудовиште со 600 КС (ВИДЕО)

„За прв пат по 25 години од постоењето на Audi RS, на патиштата ставаме голем SUV купе со гени на вистински спортски автомобил со високи перформанси“, рече Оливер Хофман, извршен директор на Audi Sport GmbH.

„Со својот битурбо V8 бензински мотор, Audi RS Q8 е престижниот предводник на семејството модели RS “.

Најбруталниот сериски се напојува со добро познатиот 4.0 V8 битурбо мотор, тој испорачува 600 кс и 800Nm . Доволно за да достигне 100 км на час за 3,8 секунди, а на 200 км на час по 13,7 секунди, додека максималната брзина се искачува на 305 км на час.

Овој битурбо V8 во новиот RS Q8 комбинира максимални перформанси со висока ефикасност. Неговиот благ хибриден систем (MHEV) се заснова на електричен систем од 48 волти. Јадрото на системот MHEV е алтернатор-стартер управуван со ремен, споен со коленестото вратило. За време на забавување и сопирање, може да врати до 12 kW моќност и да се складира електрична енергија во компактната литиум-јонска батерија. Исто така, постои и систем за деактивирање на цилиндрите, еден интересен систем управуван од предниот сензор. Поточно, веднаш штом сензорот ќе види дека автомобилот пред вас тргнал, тој ќе го стартува моторот, без оглед што продолжувате да ја притискате сопирачката.

Енергијата се потпира на quattro постојан погон на сите тркала преку стандарден осумстепен титроничен менувач. Овој целосно механички центар за диференцијал обично дистрибуира 40:60 возачка моќ помеѓу предните и задните оски. До 70% вртежен момент може да се насочи кон предните тркала и 85% кон задните.

Спортската воздушна суспензија со контрола на тврдоста и прилагодување на височината до 90 mm е стандардна. Опционално се нуди електромеханичка стабилизација на активниот наклон (EAWS) за да се минимизира навалување на каросеријата за време на брз влез во кривина. RS Q8 доаѓа стандардно со 22-инчни алуминиумски тркала и гуми 295/40 - најголеми во сериското производство на Audi.

Позната е и цената. Првите копии ќе пристигнат во германските салони на почетокот на следната година, со почетна цена од 127.000 евра.

Алегри по ремито со Каљари: На полувремето требаше сите да бидат сменети, вклучително и јас

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се осврна на синоќешниот натпреварот со Каљари на којшто неговиот тим се спасуваше од пораз.

Средбата од 33. коло во Серија А заврши 2:2, а Јувентус изедначи во последните минути со автогол на Алберто Досена.

- Пропуштивме седум контранапади и постојано грешивме. Требаше да се бориме, но не влеговме во дуел-игра и ја направивме секоја можна грешка од технички аспект. Во вториот дел играта се промени и се подобривме. Не можете да му го дозволите на противникот таков почетокот на натпреварот на противникот. Примивме два гола. Секогаш е тешко да се игра и да се победи во Каљари. Фудбалот е тежок спорт кој се состои од дуели. Моравме да бидеме на нивното ниво, можеби да играме потехнички.

На полувреме мораше сите да бидат заменети, вклучително и јас. Сега ни преостанува борбата за место кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите. Што се однесува до купот, мислам дека со една нога сме во финалето, рече Алегри.

На 23 април торинскиот тим ќе игра со Лацио во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија. Првиот натпревар заврши со резултат 2:0 во корист на Јувентус.

На табелата во Серија А, Јувентус е трет со 64 бодови. Пред него се Милан со 69 и Интер со 83. /МИА

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар во сабота во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање средства за лекување на 12-годишната Кара Селовска, која се лекува во Барселона.

Настанот е во организација на сите осум основни училишта на подрачјето на општина Центар и со поддршка на Општина Центар.

Кара е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар, а поради сериозни компликации во моментот е хоспитализирана на клиниката во Барселона поради дијагностицирање на нејзината болест.

- Ова е втора акција која Општина Центар ја организира за собирање средства за лекување. Претходно, пензионерите од Центар организираа аукција на слики преку која собираа донации за Кара, информираат од Општината.

Њу Орлеанс последен избори плејоф во НБА-лигата

Кошаркарите на Њу Орлеанс пеликанс рано утрово забележаа победа над Сакраменто кингс со 105:98 во плејин натпреварот одигран на домашен терен.

Најефикасен играч на натпреварот беше Де'Арон Фокс ос Сакраменто кој постигна 35 поени.

Во победничкиот состав се истакна Брендон Инграм со 24 поени.

Пеликанс се пласираа во плејофот каде во првото коло ќе играат против Оклахома.

Покрај Њу Орлеанс место во разигрувањето за трофејот преку плејин обезбедија и Лос Анџелес лејкерс, Мајами Хит и Филаделфија.

Плејофот во најсилната кошаркарска лига на светот почнува вечер со натпреварите:

Кливленд кавалирс – Орландо меџик и

Минесота тимбервулвс – Феникс санс. /МИА

притисни ентер