Премиерот Заев е добитник на Меѓународната награда „Иса-бег Исхаковиќ" за 2019 година

Премиерот Зоран Заев е овогодишен добитник на Меѓународната награда „Иса-бег Исхаковиќ", што ќе му биде врачена на Свечена академија која ќе се одржи на 27 ноември во Народниот театар во Сараево.

– Господинот Зоран Заев не само што значително ги унапреди односите во регионот на Западен Балкан, туку покажа и силно политичко лидерство во контекст на порешително приближување на регионот кон Европската Унија и НАТО, се наведува во образложението на Комитетот за доделување на наградата.

Во текстот се посочува дека Комитетот на може да знае како ќе изгледа политичката биографија на премиерот Заев во текот на следната година, но неговите „напори, иницијативи и резултати во 2019 година несомнено ќе останат забележани како позитивни и ќе бидат историски ценети".

Претседател на Комитетот за доделување на наградата „Иса-бег Исхаковиќ" за 2019 година е потпретседателката на Академијата за науки и уметности на Босна и Херцеговина, Адила Пашалиќ-Кресо, а меѓу неговите членови се и академиците Мирјана Вуковиќ, Владимир Беус, Мирсада Хукиќ, Лидија Лицендер-Цвијетиќ, Марина Катниќ-Бакаршиќ, Абдулах Шарчевиќ, Дејан Милошевиќ, Бранислава Раѓеновиќ, Слободан Лога и Џевад Јузбашиќ.

Минатогодишен лауреат на оваа награда е поранешниот шеф на хрватската држава Иво Јосиповиќ, а меѓу добитниците во претходните години се и поранешниот австриски претседател Хајнц Фишер и актуелните претседатели на Словенија, Борут Пахор, на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и на Хрватска, Колинда Грабар-Киртаровиќ и на Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Норис верува во прва Ф1 победа оваа сезона

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, изјави денеска дека неговиот настап на последната трка во Кина покажал дека може да ја оствари својата прва Формула 1 победа оваа сезона.

Норис заврши втор на кинеското ГП во Шангај минатата недела зад Макс Ферстапен од Ред Бул, порачувајќи дека и самиот не очекувал таков резултат.

Во последните 23 трки, Ферстапен забележа 21 победа и на другите возачи им е тешко да му парираат.

„Веќе реков, не ми треба поголема самодоверба. Трката во Кина тоа го докажа. На почетокот на годината реков дека мислам оти можеме да се бориме против Ред Бул и ќе можеме да победуваме. Секако тоа нема да биде лесно. Но во едно вистинско време, во добри услови и со работи што малку повеќе ќе му одговараат на нашиот болид – верувам 100 отсто во тимот и во мојата способност да го направам тоа“, изјави Норис за Скај. /МИА

Поради чести одрони во Дебарско се препорачува многу внимателно возење

Поради чести одрони и влажни коловози на патните правци, кои се под надлежност на дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта, се препорачува многу внимателно возење.

- Поради обилните дождови присутни на патните правци под наша надлежност има чести, но помали одрони од камен и земја. Поради тоа, но и влажните коловози препорачуваме многу внимателно возење, приспособување на брзината на движење според условите на патот и строго почитување на патната сигнализација, изјави за МИА Деар Лиманоски, раководител на секцијата.

Екипи на секцијата се постојано на терен со цел навремено расчистување и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Под наша надлежност се патишта во должина од над 120 километри, делниците Дебар - Жировница (патен правец Дебар - Маврово), Дебар - Глобочица (патен правец Дебар - Струга), патот кон граничниот премин „Блато“, кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост - Центар Жупа, посочува тој.

Додава дека снегот, кој врнеше во неделата, не создаде проблеми во одвивањето на сообраќајот, но придонесе за појава на одрони.

Чешка донираше инкубатор за бебиња на клиниката „Мајка Тереза“ во Чаир

Чешкиот амбасадор Јарослав Лудва заедно со Министерот за здравство Илир Демири официјално предаде инкубатор од чешката фирма ТСЕ Ческе Будјејовице. 

„Оваа опрема од ТСЕ е уште една потврда за пријателските врски помеѓу нашите две земји. Сигурен сум дека овој инкубатор со висока технологија понатаму ќе го унапреди угледот на клиниката во Чаир и ќе спаси многу бебешки животи,“ рече чешкиот амбасадор Јарослав Лудва.

Финансирањето на проектот беше обезбедено од Чешката агенција за развој заедно со македонската фирма Промедика.

„Промедика во своето делување останува посветена општествено одговорна компанија учествувајќи во донација на најсовремен инкубатор за потребите на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир, Скопје. Веруваме дека оваа донација значи многу за најмалите и најборбените пациенти, за нивните семејства и за целиот персонал којшто ги лекува овие бебиња,“ рече Маја Николовска, директор на Промедика.

Амбасада на Чешката Република во Скопје

притисни ентер