БМВ , Фолксваген и Дајмлер се казнети со 100 милиони евра

Германски регулатор денеска одреди казна од вкупно 100 милиони евра за водечките производители на автомобили БМВ, Дајмлер и Фолксваген за здружување во картел поради набавка на челични производи.

Помеѓу 2004 и 2013 година, овие производители на автомобили редовно се состануваат со производители на челик и други компании за снабдување со челик за да се договорат единствен износ на наплата по набавна цена на челикот, соопшти Кабинетот за сузбивање на картели.

Додадоа и дека компаниите плаќале нелегални цени како резултат на картелските активности, барем до 2016 година.

Компаниите ги прифатија казните.

BMW објави дека ќе плати казна од 28 милиони евра. Според портпаролката, Даимлер ќе мора да плати 23,5 милиони евра.

Останатите скоро 49 милиони евра одат на Фолксваген, најголемиот германски производител, од каде не сакале да коментираат за висината на казната, но изразија задоволство од завршувањето на истрагата и отстранувањето на правната неизвесност.

Канцеларијата за сузбивање на картелите забележува дека челичните производи купени од картелот по набавна цена , се користат при производство на коленести вратила, запчаници и шипки на управувачкиот систем, што претставуваат еден процент од крајната вредност на автомобилот.

Во Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Решат Амети

,,Во потрага по светлината", е насловена изложбата на дела, од ликовниот уметник Решат Амети, што синоќа беше отворена во Домот на културата ,,Иван Мазов - Климе" во Кавадарци. 

Директорката на Домот, Јулијана Туриманџова информираше дека тој работи како професор по сликарство, на Факултетот за ликовна уметност при Државниот универзитет во Тетово.

- Решат Амети е меѓународно признат уметник, носител на наградата за животно дело за уметност и култура, како и многу други награди и признанија од меѓународен и домашен карактер. Неговите уметнички дела се во сопственост на многу музеи, културни институции и приватни колекции на светски познати личности како добитници на Нобелова награда, светски познати писатели, претседатели на држави и слично, соопшти Туриманџова.

Имал над 70 самостојни изложби, организирани претежно во странство, а учествувал и во над 300 групни изложби, локални и меѓународни.

Ликовниот уметник Владимир Темков, за Амети рече дека е човек што ја промовира македонската уметност ширум светот.

Климе Коробар, историчар на уметност и ликовен критичар, подвлече, дека, за сликарството на Амети, можеме слободно да кажеме дека тоа не е одраз на надворешната реалност, туку преставува внатрешна слика на душата.

- Неговите имагинарни предели на душата тежнеат кон убавина, која гледачот треба да ја впие во себе, за да може да го почуствува величествениот момент на светлината. Затоа што, само преку нејзе, можеме да го осознаеме светот што не опкружува, но и духовниот свет кој ги осветлува нашите души, на што целосно му е посветено сликарстрвото на Решат Амети, додаде Коробар.

Таравари од Берлин: Дијаспората знае да се сензибилизира за промени

Стотици сограѓани синоќа го пречекаа кандидатот за претседател Арбен Таравар во знак на поддршка за промената што ја вети коалицијата ВЛЕН.

А токму гледајќи ја волјата за промени, Таравари од овој централен собир со дијаспората истакна дека ниту еден политички процес не е направен без дијаспората бидејќи тие знаат да се сензибилизираат за да ја направат промената. Затоа, според него, нема дилема дека тоа ќе се докаже на 24 април и 8 мај.

„Немаше важен процес во Македонија што се одвиваше без дијаспората, почнувајќи од првото политичко движење. Тетовскиот Универзитет беше невозможен проект без поддршка од дијаспората, исто така до формирањето на партијата која сега е на власт, како што сте сега посветени од дијаспората да ја смените истата партија. Двапати се натпреварував во Гостивар и дојдоа значителен број на луѓе од диаспората. Тие го сензибилизираат населението и покажуваат колку е важно да се гласа за да се направи промена. Ние се приклучивме и го направивме нашето, вие продолжите да ја работите својата работа, да гласате за политичката ротација што треба да се случи во Северна Македонија. На овој начин овозможуваме дел да се врати да живее Северна Македонија. Можете да комуницирате со луѓето, да побарате да не поддржат на 24 април, бидејќи 24 април ќе биде клучот за големата парламентарна победа на 8 мај“ – истакна Арбен Таравари на централниот митинг со дијаспората во Берлин.

ДУИ: Мицкоски сака враќање на државата пред 2001 година, Македонија без Албанци

Мицкоски и ВМРО јавно бараат  Македонија без Албанци. Тој дури отворено ги повикува сите Македонци да се обединат против Али Ахмети и ДУИ.

Мицковски на митингот во Кратово побара обединување на сите Македонци за Албанците да не добијат ниту еден пратеник во третата изборна зона.

Вокабуларот на Мицкоски не е само против Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, туку и против Охридскиот рамковен договор, барајќи конкретно враќање на државата пред 23 години.

ДУИ и Европскиот фронт изразуваат длабока загриженост за националистичкиот и антиевропскиот речник на ВРМО, кој чувствувајќи го поразот на 24 април и 8 мај, поттикнува меѓуетничка и антиевропска омраза во Македонија.

Воедно, го потсетуваме Мицкоски дека Македонија е веќе дел од НАТО со премиерот Талат Џафери, а претседател ќе биде најуспешниот шеф на дипломатијата досега, д-р Бујар Османи.

Ја повикуваме албанската опозиција да се вразуми и да не стане алатка на руската агенда што ја прокламира ВМРО и нивните гласноговорници.

ДУИ

притисни ентер