Вработена во Aрмијата пријавила обид за обљуба од колега

Вработена во македонската Aрмија пријавила во СВР Куманово дека нејзин колега се обидел да изврши обљуба во кумановската касарна „Боро Менков", потврди денеска МВР.

Настанот во кумановската полиција на 19 ноември во 19:20 часот, го пријавила  вработената во АРМ.

– Пријавила дека на 18.11.2019 околу 13:00 часот во касарната „Боро Менков" во Куманово нејзин колега се обидел да изврши обљуба над неа, се наведува во соопштението на МВР.

Од полицијата информираат дека е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ветеринарната комора апелира да се искористат бенефициите за бесплатно чипирање на домашните миленици

Сопствениците на домашни миленици да ја искористат можноста за бесплатно микрочипирање на своите миленици.

Ветеринарната комора на Република Македонија, на истекот на кампањата за масовна идентификација и регистрација на домашните миленици (чипирање), која завршува на 31.12.2019 година, апелира до сопствениците на домашни миленици да ја искористат можноста за бесплатно микрочипирање на своите миленици.

После истекот на овој период, како што велат од Ветеринарната комора, микрочипирањето и регистрацијата ќе се наплаќа по редовна цена, а Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и другите инспекциски служби ќе вршат зајакната контрола и ќе ги санкционираат сопствениците кои не го идентификувале својот домашен миленик.

До овој момент во информативниот систем на АХВ се регистрирани 72.155 домашни миленици од кои 69.234 кучиња и 2.921 мачки.

Ветеринарната комора, преку своите членови и понатаму ќе се вклучува во сите активности, кои имаат за цел јакнење на одговорното сопствеништво, како еден од најважните предуслови за решавање на долгогодишните проблеми со бездомните животни. /МИА

Во поплавите во Уганда загинале 16 лица

Најмалку 16 лица загинале во поплавите во африканската држава Уганда.

Портпаролката на Црвениот крст на Уганда Ирене Накаиста изјавила дека обилните дождови предизвикале голема природна катастрофа на истокот од таа африканска земја.

Локалните власти соопштуваат дека повеќе од 10.000 мештани се евакуирани од најзагрозените региони и привремено се здружени по училишта и цркви.

Владата на Уганда издвоила 5,4 милиони долари за помош на загрозените од овие поплави.

Мачеле и убиле куче а потоа го оставиле врзано за ограда од мост

Откако го мачеле и убиле го оставиле врзано за ограда од мост во населбата Мала Губа во Србија.

Имено, како што се гледа на фотографијата, несреќното животно е мачено и врзано а покрај него се наоѓа и локва со крв.

Билјана Вуќелиќ од Прокупље, која е застапник на животните е згрозена од овој чин.

-Страшно е што овој крај станува мачилиште за животни и ова ги преминува сите граници на нормално однесување, вели таа.

Едно здружение за заштита на животните од Србија понудило и 1.000 евра за оној кој ќе даде информација за сторителите на ова злодело.

притисни ентер