Путин се провозе на новите линии на московското метро (ВИДЕО)

Москва денеска промовираше голем проект вреден скоро три милијарди евра за двете нови метро-линии што ги поврзуваат предградијата со центарот, со што треба да се намали страшниот сообраќаен метеж во руската престолнина.

Овие нови линии, во споредба со Парискиот РЕР или Берлин С-Бан, ќе работат на постојни шини, но се поудобни и поевтини од сегашните возови.

Двете први линии ги поврзуваат западните предградија на главниот град со градовите од северот и југот од московскиот регион, преку неколку големи станици. Наскоро треба да бидат пуштени уште три линии.

Рускиот претседател Владимир Путин се провозе по новите линии, тргнувајќи на патување со московскиот градоначалник Сергеј Собијанин.

Москва, која веќе има 17 линии на метрото за своите официјално 12 милиони жители, во последните години спроведе неколку скапи проекти за уредување на на сообраќајот откако Сергеј Собијанин е градоначалник.

Трошоците за нови мрежни мрежи се проценуваат на 200 милијарди рубљи (околу 2,8 милијарди евра), а дневниот весник „Комесант“ наведува дека проектот чинел уште една третина од таа сума.

Москва, која има годишен буџет од околу 38 милијарди евра, се надева дека овие нови возови ќе го намалат метежот во патниот сообраќај во Москва за меѓу 10 и 20 проценти и ќе го подобрат пристапот до транспорт за 4 милиони луѓе.

Ведро и потопло, по котлините магла

Времето во земјава ќе биде ведро, во повисоките места со слаб до умерен ветер од променлив правец, а во скопската и полошката котлина има појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус три до седум степени, а дневната од седум до 16 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со магла претпладне. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Следува период на стабилно и потопло време. Од понеделник по одделни котлини ќе биде облачно, магливо и постудено. Локален дожд ќе има во четврток во попладневните и ноќните часови кон петок.

Намалена видливост поради магла кај Демир Капија, Штип и Делчево

Поради појава на магла видливоста во сообраќајот кај Демир Капија е намалена на 100 до 150 метри, Штип до 50 метри и Делчево 50-100 метри. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Османи: Со измените на изборниот модел не губи ДУИ, губат Албанците пратенички места

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи оценува дека со предложените измени на Изборниот законик не губи ДУИ како голема политичка партија, туку губат Албанците.

Според него реакцијата не се однесува на СДСМ, туку на фактот да не дозволат да се намали бројот на пратеници Албанци заради изборниот модел.

– Вистина е дека една изборна единица повеќе и одговара на ДУИ. Симулацијата што ја има правено СДСМ е точна дека ДУИ добив два пратеника повеќе со една изборна единица отколку со шест изборни единици, меѓутоа истите симулации покажуваат дека вкупниот број на албански пратеници паѓа за осум до 10 пратеника. Да ДУИ добива како голема партија кај Албанците, но вкупниот број албански пратеници паѓа за осум до десет бидејќи во една изборна единица Донтовата формула ги собира гласовите од помалите партии ги дава на поголемите и така паѓа вкупиот број албански пратеници, изјави Османи во одговор на новинарски прашања.

Истакна дека реакцијата на ДУИ воопшто не се однесува на СДСМ, на некакви меѓукоалициски односи, туку се однесува на фактот дека, како што рече, нема да дозволиме бројот на пратеници Албанци да падне заради изборниот модел.

Пратеничката група на ДУИ поднесе речиси 5.000 амандмани на предлог–измените на Изборниот законик./МИА

притисни ентер