МЖСПП: Енергетската ефикасност влијае на намалувањето на потрошувачката на енергија и придонесува во намалување на емисиите од СО2

На иницијатива на Oрганизацијата за индустриски развој на Обединетите Нации, РЕЦ,  Стопанската комора и Агенцијата за енергетика се одржа Национален промотивен настан: "Придобивки од спроведувањето на енергетска ефикасност во индустриите "

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини имаше свое поздравно обраќање во кое ја нагласи посветеноста на Владата на борбата против климатските промени, како и посветеноста да обезбедиме интеграција на енергетската и климатската политика, што е во директна врска со регулативите на ЕУ за интегрирано управување со енергијата и климата.

"Зголемувањето на ефикасноста во користењето на енергијата е најбрз, најефикасен и најисплатлив начин за подобрување на енергетската ефикасност во индустријата. Директивата за индустриска емисија, бара да се земат предвид одредбите за енергетска ефикасност при одредувањето на најдобрите достапни техники за процесите на производство", рече Нуредини.

Настанот се организира за да се нагласи вредноста од спроведувањето на најдобрите достапни технологии за енергетска ефикасност во индустријата, како што се системите за управување со енергијата и оптимизација на енергетските системи, да се истакнат високите економски придобивки и придонесот, што енергетската ефикасност го има во намалувањето на потрошувачката на енергија во индустријата и во државата воопшто, како и да се истакне придонесот во намалувањето на СО2 емисиите.

На конференцијата присуствуваа и претставници од бизнис секторот, академски и научно-истражувачки институции, меѓународни институции и билатерални донатори од УСАИД, ЕБРД и ГИЗ, како и невладини организации и граѓански здруженија, соопшти Министерството.

Новинар на „Тајмс“: Алонсо не е на потесниот список на замени на Клоп

Продолжуваат шпекулациите околу иднината на тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо. Шпанскиот стручњак најмногу се поврзува со Баерн Минхен и Ливерпул, а конечната одлука на тренерот кој брка тројна круна со „аспирините“ се уште не е позната.

Сагата помеѓу Ливерпул и Чаби Алонсо доби вистински пресврт бидејќи познатиот новинар Пол Џојс, кој е близок до „црвените“ и работи за „Тајмс“, објави дека шпанскиот тренер нема да се најде на потесниот список на замени на Јирген Клоп.

Тоа е многу остар пресврт од првичните гласини кои го поврзуваа Алонсо конкретно со тимот, но според сите сметки тој изгледа малку веројатно да застане на чело на Ливерпул, а сега се очекува Шпанецот да остане во Баер Леверкузен./МИА

Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија

Најмалку четири лица се удавија во морето поради големите бранови предизвикани од ураганот Нелсон во Шпанија.

Две лица се удавија вчера во градот Тарагона, источна Шпанија и две во регионот Астурија, во северниот дел на земјата.

Невремето зафати неколку шпански региони, а брзината на ветерот достигна 90 километри на час. /МИА

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели. 

Карлос Алкараз беше јасен фаворит во борбата за овогодинешната Мастерс титула во Мајами, но веќе во четвртфиналето се прости од вториот трофеј на тој АТП турнир од серијата 1.000, бидејќи изминатава вечер немаше решение за ударите на Григор Димитров - 0:2 (2:6, 4:6).

И не само тоа, Шпанецот беше толку слаб што по мечот не се срамеше да признае колку бил во сенка на пониско рангираниот бугарин.

- Повторно ме натера да се чувствувам како да имам 13 години. Не се сеќавам дека некој ме натерал да се чувствувам вака. Помина долго време откако се случи такво нешто. Не знаев што да правам. Барав решенија, но тој не ми дозволуваше. Чувствував неверојатна фрустрација, изјави 20-годишниот Шпанец по неговата изненадувачка елиминација.

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели.

- Генијалноста е често во едноставноста. Знаев дека морам да бидам поагресивен, да ги водам поените. Многу е тешко да се направи тоа против него, изјави пресреќниот, но разумен „џелат“ на шампионот на неодамнешниот Мастерс во Индијан Велс.

Димитров за финалето ќе се бори со Александар Зверев од Германија, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат бранителот на тронот Данил Медведев (Русија) и Јаник Синер (Италија). /MИА

притисни ентер