Промоција на „Сведоштва од претседателскиот кабинет: Моќта на трпението“ од Дарко Костадиновски

Поранешниот член во кабинетот на претседателот на државата Дарко Костадиновски го промовираше мемоарско-монографското издание „Сведоштва од претседателскиот кабинет: моќта на трпението“.

Костадинов беше дел од кабинетот на претседателот цели 17 години од 2001 до 2018 година кога беше избран за судија на Уставниот суд.

На промоцијата присуствуваа бројни политичари, бизнисмени и дипломати, а присутни беа и екс претседателот Ѓорге Иванов, сопругата на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски – Вилма Трајковска, како и претставници од кабинетот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

Петмина загинаа во експлозија на плин во зграда, еден се фрлил од деветти кат (ВИДЕО)

Вистинска драма се одигруваше денеска во словачкиот град Прешов , каде експлодира плинска инсталација во зграда меѓу деветтиот и 12. кат.

Според досегашните информации, едно лице скокнало од балкон, а за четири лица не се знае загинале, пренесува словачкиот портал Актуелност.

Според локалните медиуми, пожарникарите потврдиле пет жртви, а најмалку 40 други се здобиле со повреди.

Има добра шанса скалите да се срушат и со тоа да се сруши целата зграда.

Учениците во блиското училиште биле евакуирани, а еден од граѓаните изјавил дека помислил дека станува збор за земјотрес, а не за експлозија.

Полицијата и пожарникарите обезбедија безбедносен кордон околу запалената зграда како мерка на безбедност, бидејќи неколку главни експлозии се слушнале веднаш по главната, пренесува РТ.

Чифлиганец: Ниту сум нудел од мое име или во друго име каква било недвижност

Бизнисменот Ванчо Чифлиганец , чие име беше споменато на судското рочиште ,,Рекет" , тврди во писмена реакција дека никој не му побарал , ниту нудел недвижност во негово име.

,,Би сакал одговорно да ѝ соопштам на јавноста, дека во животот и конкретно во случајот, ниту ми е барано, ниту сум нудел од мое име, или во друго име, било каква недвижност, или било каква материјална корист.Одговорно тврдам дека во врска со конкретниот случај, немало никаква средба, ниту во мојот, ниту во нечиј друг стан.

Секогаш сум бил подготвен да им помагам на луѓето во согласност со законските прописи. Беспредметно е, дури и попатно спомнување на моето име.

проф. д-р Ванчо Чифлиганец

Заев и Царовска на средба со социјално загрозените лица

Со  секое социјално семејство ќе работи социјален работник  со цел да му се помогне на семејството да се осамостои и да биде конкурентно на пазарот на труд. 

Ова се дел од социјалните реформи за 27 илјади семејства. Корисниците на социјална помош  денеска разговараа со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и премиерот Зоран Заев за нивниот живот. Голем дел од нив се самохрани родители.

Од центарот за социјални грижи велат дека е социјалните работници имале обука.

Министерката Царовска најави дека ќе има и нов систем за туѓа нега за примателите, каде комисии ќе има во други градови со цел да се намали времето на чекање.

притисни ентер