Борисов: Антибугарската реторика е недозволива

Прв пат по француското вето, Софија потсети на бугарските барања, кои се услов за членството на Македонија во ЕУ.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов од Загреб упати нови предупредувања за земјава, иако исполнувањето на овие барања се директно поврзани со датумот на преговори, кој што земјава се уште го нема. На маргините на самитот на ЕПП тој порача дека секаква антибугарска реторика во Македонија мора да биде забранета, а секој кој Бугарија ја нарекува фашистички окупатор не може да се надева на поддршка и помош.

- Антибугарската реторика не само што треба да биде забранета, но тие треба и да се убедени дека не е правилна. Не случајно им кажав, кога некој од вас ќе каже дека Бугарија е фашистички окупатор, тоа во Бугарија значи дека ние не треба да ви помагаме на никаков начин,вели Бојко Борисов – Премиер на Бугарија.

Борисов на самитот на Европската народна партија, се сретна и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски од кого побара јасна поддршка за евроатлантските интеграции на земјава, но и за договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија.

-Вие го поддржувате ли договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и С. Македонија? Тоа е многу важно да го знаеме, да се слушне јасно, тоа е демократија

На самитот на ЕПП, со порака за европската иднина на земјава и за новата француска методологија за членство, излезе и германската канцеларка Ангела Меркел.

-Мора да разговараме со Франција и тоа треба да го сториме многу интензивно и да ги утврдиме елементите што треба да се подобрат и да се менуваат во процесот на проширување. Сакаме договор за тоа колку што е можно поскоро со цел да можеме да постигнеме напредок во конкретниот случај,изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

На самитот во Загреб беше избран и нов лидер на Европската народна партија. На местото на досегашниот претседател Жозеф Дол, со големо мнозинство беше избран претседателот во заминување на Европскиот совет Доналд Туск, кој важи за пријател на земјава и борец за проширување на ЕУ.

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер