Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Александар Пандов и Лидија Димова

Почитувани дами и господа,

Празниците се денови кога се слават добрината и божјото чудо а за нас празник е секој ден поминат во трагање по вистината. 

Така ќе биде и вечерва со со нашите гости Александар Пандов и Лидија Димова. Јанева со лисици на рацете, Рускоска без перде на устата. Помеѓу нив некаде судиите конечно ја заинтригираа јавноста кревајќи го гласот против заканите. Јавноста бара проветрување во правосудството, првио човек на Советот на обвинители вели рано е за ветинг. Дали по острата кавга помеѓу судиите и обвинителите ќе почне да се одмотува криминалното клопче во правосудството? Ќе бидеме ли сведоци на уште некоја „Рекет“ афера? Кој кого ќе обвини а кој кого ќе осуди? На кого ќе му бидат истресени а кој ќе остане со спуштени гаќи? Мицкоски прозборе бугарски пред Борисов во Загреб и го поддржа меѓудржавниот Договор со Бугарија. Една реторика за дома а друга за низ Европа. Искрен став на опозицијата или предизборна реторика на Мицкоски? Чија предизборната милост Ќе ја обезбеди ВМРО-ДПМНЕ? Меѓународната или онаа од домашната јавност? Владата ја стави државната каса на увид на граѓаните ама не и онаа на општините. Ако не може државата тогаш дали граѓаните ќе стават крај на луксузирањето на локалните шерифи? Работа во Македонија има ама нема кој да ја работи. Работодавците се мачат да најдат кадар, „апетитите“ на работниците растат. Никој не сака да работи за минималец. Реални очекувања на работниците или преголеми апетите на работодавците? Годината се’ уште не завршила а поплаките за кршење на детските права уриваат рекорди. На нивниот ден, децата им порачаа на возрасните дека имаат право на безгрижно детство. Кој од кого треба да учи за животот? Кој на кого треба да му го покаже патот до иднината? Враќајќи се во минатото, соочени со сегашноста а со мислите во иднината продолжуваме да ја бараме вистината. Само и ексклузивно на Канал 5. Вечерва во 18:30 со Александар Пандов и Лидија Димова во „Само вистина“.

Ветеринарната комора апелира да се искористат бенефициите за бесплатно чипирање на домашните миленици

Сопствениците на домашни миленици да ја искористат можноста за бесплатно микрочипирање на своите миленици.

Ветеринарната комора на Република Македонија, на истекот на кампањата за масовна идентификација и регистрација на домашните миленици (чипирање), која завршува на 31.12.2019 година, апелира до сопствениците на домашни миленици да ја искористат можноста за бесплатно микрочипирање на своите миленици.

После истекот на овој период, како што велат од Ветеринарната комора, микрочипирањето и регистрацијата ќе се наплаќа по редовна цена, а Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и другите инспекциски служби ќе вршат зајакната контрола и ќе ги санкционираат сопствениците кои не го идентификувале својот домашен миленик.

До овој момент во информативниот систем на АХВ се регистрирани 72.155 домашни миленици од кои 69.234 кучиња и 2.921 мачки.

Ветеринарната комора, преку своите членови и понатаму ќе се вклучува во сите активности, кои имаат за цел јакнење на одговорното сопствеништво, како еден од најважните предуслови за решавање на долгогодишните проблеми со бездомните животни. /МИА

Во поплавите во Уганда загинале 16 лица

Најмалку 16 лица загинале во поплавите во африканската држава Уганда.

Портпаролката на Црвениот крст на Уганда Ирене Накаиста изјавила дека обилните дождови предизвикале голема природна катастрофа на истокот од таа африканска земја.

Локалните власти соопштуваат дека повеќе од 10.000 мештани се евакуирани од најзагрозените региони и привремено се здружени по училишта и цркви.

Владата на Уганда издвоила 5,4 милиони долари за помош на загрозените од овие поплави.

Мачеле и убиле куче а потоа го оставиле врзано за ограда од мост

Откако го мачеле и убиле го оставиле врзано за ограда од мост во населбата Мала Губа во Србија.

Имено, како што се гледа на фотографијата, несреќното животно е мачено и врзано а покрај него се наоѓа и локва со крв.

Билјана Вуќелиќ од Прокупље, која е застапник на животните е згрозена од овој чин.

-Страшно е што овој крај станува мачилиште за животни и ова ги преминува сите граници на нормално однесување, вели таа.

Едно здружение за заштита на животните од Србија понудило и 1.000 евра за оној кој ќе даде информација за сторителите на ова злодело.

притисни ентер