Заев: Во 2020 за регионален развој издвоивме сто отсто повеќе средства од 2017 година

Децентрализацијата на власта е еден од клучните, суштински придонеси за обезбедување на кандидатскиот статус на земјата за членство во Европската Унија .

И затоа само за програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година имаме сто отсто повеќе средства во однос на 2017 година, изјави премиерот Зоран Заев на Годишната конференција за децентрализација што се одржа во Скопје.

На Конференцијата на која учествуваа и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, градоначалници на општините, претставници на ЗЕЛС и на локалните самоуправи, како и амбасадорот на ЕУ во земјава Самуел Жбогар и постојаната претставничка на УНДП во Скопје, Нарине Сахакјан, премиерот Заев истакна дека оваа Влада го откочи процесот на децентрализација и го отвори дијалогот за подобрување на системот на локалната самоуправа, зашто е уверена дека нема локален развој и демократија без вистинска децентрализација, наспроти потрошените 800 милиони евра за Скопје 2014 на нефункционални објекти, во период кога целосно беа запоставени општините кои што продуцираа огромни долгови.

– Во 2020 година имаме зголемување на висината на средствата за детски градинки за 53 отсто повеќе од 2017 година. Тука влегуваат и зголемувањето на платите на вработените, како и сите новоприфатени вработувања, за што во претходниот период средствата ги обезбедувала локалната власт. На една од последните седници на Владата утврдивме дека 30-те милиони евра што ТАВ требаше да ги вложи во карго аеродром, ќе бидат пренаменети за локални патишта, водоводи и канализации во локалните заедници ширум земјата. Средства за локални и за регионални проекти обезбедуваат и други линиски министерства, како Министерството за транспорт и врски, Министерството за земјоделство и шумарство преку програмата за рурален развој, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование, истакна премиерот Заев.

Тој додаде дека Владата се обврза да ја зајакне децентрализацијата, да се овозможи максимално можен трансфер на надлежности од централно на локално ниво со соодветен трансфер на финансиски средства за нивно извршување.

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски во обраќањето на собирот потенцираше дека се преземаат мерки за финансиско стабилизирање на општините за да можат подготвени да преземат нови надлежности и дека паралелно ресорното Министерството финансиски ги поддржува општините преку кофинансирање на проектите за прекугранична соработка.

– Склучени се договори за кофинансирање на 66 нови проекти во општините во пограничните региони со Грција, Косово и Бугарија, а со седум милиони евра оваа година Министерството финансира 117 проекти за локална инфраструктура, детски градинки, енергетска ефикасност во училишта и други потреби на општините во сите осум плански региони, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Во име на градоначалниците и на локалната самоуправа говореше претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, кој нагласи дека најголем приоритет на локалната власт е обезбедувањето на поголема финансиска стабилност.

– Она од што не отстапуваме е барањето да се обезбедат доволно средства за извршување на постојните надлежности што веќе ги имаат општините, а потоа да следи префрлање на нови, се разбира задолжително пропратени со адекватни финансиски средства за нивна реализација. Впрочем како што е предвидено и во Европската повелба на локалните власти, рече Шилегов.

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар ја истакна важноста дека сите – Владата, Унијата, институциите и другите чинители – треба да се фокусираат на тоа како да го подобрат животот на секој граѓанин.

– Комплетирањето на процесот на децентрализација е еден од начините до таа цел. Централната власт треба да ги реализира само оние активности кои не можат да бидат заокружени на локално ниво. На тој начин одлуките ќе бидат најдобро поврзани со граѓаните. Во тој правец, Владата како приоритет треба да го има процесот на фискалната децентрализација. Од градоначалниците и општинските совети се очекува силна заложба посебно кога повеќето преземени одговорности подразбираат и повеќе одговорност пред секој граѓанин. ЕУ ќе продолжи да инвестира уште повеќе во општините се со цел позитивни промени за сите, рече амбасадорот Жбогар.

За постојаната претставничка на УНДП во нашата земја Нарине Сахакјан од особена важност е заедничка заложба на Обединетите нации и Европската Унија е зацврстување на демократијата со овозможување поголемо учество на заедниците и граѓаните во носењето на одлуките кои го засегаат квалитет на живот на секој поединец, на секоја заедница.

– Во тој правец, обезбедувањето на одговорно, инклузивно и партиципативно носење на одлуки каде што никој не е изоставен е во сржта на глобалните развојни цели. Цениме дека е забележан голем прогрес во реформите во процесот на децентрализација, но има простор за уште поголем напредок, посебно во делот на инфраструктурата, финансиите и човечкиот капитал. Со поддршка на нашите донатори, посебно ЕУ, УНДП ќе продолжи да реализира проекти на локално ниво и во иднина, бидејќи длабоко сме уверени дека заедниците се срцето на секоја држава, нагласи Сахакјан на Годишната конференција за децентрализацијата што се одржа во Скопје.

Новороденче, кое било прогласено за мртво, се разбудило на погребот- семејството верува во чудо

Бебе кое било прогласено за мртво набргу по раѓањето, е префрлено назад во болница во Парагвај откако добила знаци на живот за време на нејзиниот погреб.

Нејзините блиски кои се потресени од сѐ, изјавија дека не исклучуваат „Божја интервенција“, пренесува El Tiempo.

Девојчето е родено околу пладне во петокот со царски рез, откако нејзината 21-годишна мајка имала компликации во седмиот месец од бременоста.

Но, бебето било прогласено за мртво и предадено на семејството заедно со потврдата за смрт.

Таткото на бебето, Игнасио Медина, изјавил за локалната телевизија Телефутуро дека телото на бебето го добил „целосно виолетово“.

Семејството, кое веќе претрпело загуба на уште едно бебе од оваа двојка, наместо да слави, отишле на погребот во Минго Гуазу, место на околу 20 километри од Сиудад дел Есте, главниот град на департманот Алто Парана, кој граничи со Аргентина и Бразил.

„Ја однесовме кај мајка ми и таму ја гледавме“, рече Медина.

Тој рече дека непосредно пред да заминат на гробиштата, еден од неговите чичковци забележал дека бебето мрда со главата и ги известил присутните.

„Потоа отидовме да ја провериме и срцето ѝ чукаше“, додал таткото кој веднаш го однел бебето во болница.

Кога таткото на бебето го прашал што се случило, директорот на Регионалната болница во Сиудад дел Есте, Федерико Шредел, не ја исклучил можноста дека се работело за катаплексија.

„Поради состојбата со предвремено раѓање, тоа може да се случи, практично пациентот останува без знаци на живот“, додаде специјалистот и предупреди дека ваков случај може да се случи еднаш на секои пет милиони раѓања.

Исто така, Пабло Лемир, директор на судска медицина на Министерството за правда во Парагвај, исто така објасни дека тоа може да биде катаплексија или синдром на „очигледна смрт“.

„Нема чукање на срцето, нема дишење, телото е опуштено, бледо, станува сино или виолетово и обично се решава спонтано и необјасниво“, изјави тој за парагвајскиот медиум ABC Colors.

Според експертот, бебето било родено предвреме и тоа ги исклучило опциите за лекарите.

„Во 26-та недела од бременоста и со таа тежина, белите дробови не се подготвени да бидат надвор од матката, ниту пак нервниот систем е правилно развиен“, рече тој.

Од друга страна, роднините не исклучуваат „божествена интервенција“ и тврдат дека девојчето, сепак со резервирани прогнози, ќе се вика Милагрос де Жезус, што во превод значи „Чудо Исусово“.

Момче падна од 40 метри висок гребен во Италија- пријателите немоќно гледале (ВИДЕО)

Момче (14) од Арика, Италија, доживеа трагична судбина кога со другарите го посети езерото Неми, не сфаќајќи дека ќе падне од дрво по стрмна карпа од 40 метри и ќе загине.

Тој наводно се одвоил од својата група пријатели и се обидел да стигне до највисоката точка на Виа Перино, но гранката од дрвото на која се качувал се скршила и момчето се превртело врз карпата, објави Мирор.

Тинејџерот паѓал над 30 метри, а неговите пријатели беспомошно гледале и веднаш го вклучиле алармот.

Пожарникарите од Неми и карабинерите веднаш пристигнале на местото на настанот, но не можеле ништо да му направат на момчето, освен да констатираат смрт.

Телото е пренесено во болницата Кастели во Арикио, а потоа во Институтот за судска медицина во Рим.

Брутално убиство во Њујорк: Во фрижидер е пронајдена отсечена човечка глава и делови на тело

Маж од Њујорк е обвинет за убиство откако во фрижидерот на неговиот стан во Бруклин биле пронајдени човечка глава и делови од телото, соопшти денеска полицијата.

Николас Мекги (45) е уапсен во четвртокот попладне и обвинет за грабеж, криење на човечко тело и компромитирачки докази, соопшти њујоршката полиција, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Посмртните останки на 40-годишниот Кошин Гелцер биле пронајдени на 22 јануари во станот што Мекги го делел со Хедер Стајнс (45), која исто така е уапсена за криење на човечки труп.

Полицајците рекоа дека одговориле на повикот од станот и пронашле повеќе црни кеси со делови од тело во фрижидерот и замрзнувачот.

Според кривичната пријава, лекарите подоцна го идентификувале Гелцер преку отпечатоци од прсти.

Полицијата денеска не соопшти повеќе детали за случајот, ниту пак како и кога е убиен Гелцер.

притисни ентер