МИЊОНИ ОД СВИНСКО ФИЛЕ

РЕЦЕПТ НА ЛИЛЕ МИЦКОВА

Потребни состојки :  1 парче свинско филе, 300 гр. маринирани печурки, малку зачин од сув зеленчук, малку оригано, малку магдонос, масло и вода по потреба и готов сос за згуснување.

Постапка:

Свинското филе се сече на тркалца и се става на скара да се пропече.

Парчињата месо се полеваат со малку масло и се зачинуваат со сув зеленчук.

Во тава со масло се пропржуваат маринирани печурки и се додава малку вода.

Потоа во тавата се додаваат парчињата месо и се зачинуваат со сечкан магдонос и оригано.

Се додава готов сос за згуснување и состојките се оставаат да крчкаат околу 5-10 минути.

На крај состојките се ставаат во земјена тава и одозгора се додава сечкан магдонос.

притисни ентер