ДСЗИ: Од 16 јули до 13 ноември за Бојан Јовановски евидентирани 25 прегледи

 Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) соопшти дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата која се наоѓа во рамки на КПУ Затвор Скопје, а е дел од ЈЗУ Здравствен дом Скопје.

Надзорот, како што посочуваат од ДСЗИ следел по објавените информации во електронските медиуми од страна на адвокатите на Бојан Јовановски, кои обвинуваат за лекарска негрижа, во однос на неговата здравствена состојба.

Од извршениот увид во медицинската документација притворениот Ј.Б. прв пат побарал лекарска помош на ден 16 јули, при што е прегледан и ординирана му е терапија. Во периодот од 16 јули до 13 ноември за пациентот евидентирани се вкупно 25 прегледи, при што се издавани специјалистички и болнички упати до здравствени установи на секундарно и терциерно ниво (болнички здравствени установи), информираат од ДСЗИ.

При тоа, како што се наведува, упатите се давани со претходно медицинско известување до надлежниот суд за добивање на согласност за понатамошно лекување, но во дел од случаите пациентот е пратен со Итна медицинска помош до одредена здравствена установа во интерес на побрзо добивање здравствена услуга, за што постои уредна евиденција.

Од извршениот вонреден инспекциски надзор, не се констатирани недостатоци во надлежности на ДСЗИ, стои во соопштението. 

Шилегов: Воведуваме системски мерки, војната против аерозагадувањето мора да ја добиеме!

Влезени сме во војна која што мораме да ја добиеме – таа војна се вика системско решавање на аерозагадувањето. – порача Петре Шилегов од граѓанската трибина во Скопје.

Сите го дишиме истиот воздух, а нашето здравје и здравјето на нашите деца нема цена. Затоа за само 2 години преземавме 28 мерки кои видливо го намалуваат аерозагадувањето на краток, среден и долг рок.-истакна Шилегов.

Во таа насока е и формирање на  ГЕС кој работи на преземање на топловодната мрежа паралелно со процесот на гасификацијата. Ова ќе значи повеќе корисници поврзани на парно греење, повеќе корисници на греење на природен гас, а помалку активни оџаци во градот.-истакна Шилегов.

Истовремено, сериозно се засилени инспекциите и зголемување на бројот на казните за загадувачите и тоа сите го гледаат и тоа сите го знаат.

Денес, вкупно 13 од 23 средни училишта сега имаат нови енергетски ефикасни фасади.

Шилегов истакна дека за прв се воспостави систем за спречување на палењето на огнови на отворено и систем против палењето на стрништата.

При тоа исчистени се  безброј диви депонии. А изградени се над 20 километри нови велосипедски патеки. Отворени се  2 нови паркови и прв зелен кров во Малиот Ринг. Вкупно обновени се над 300.000 метри квадратни зеленило.-посочи  Шилегов од трибината во Скопје.

Започна имплементација на процесот на системско решавање на хигиената во градот и веќе се гледаат новите контејнери на улица кои што се само почеток на овој процес. –истакна Шилегов.  

Тој додаде дека на крајот на овој процес отпадот ќе се селектира, со можност за негово рециклирање и рационално искористување.

Го решаваме проблемот на криминалната концесијата на депонијата Дрисла и во многу скоро време Градот ќе го преземе нејзиното управување, а сето ова со цел да изработиме модел кој што ќе гарантира паметно управување со отпадот, потенцираше Шилегов од трибината во Скопје.

Шилегов: Од февруари низ скопските улици ќе возат 33-те автобуси на гас

 Од февруари низ скопските улици ќе можат да се видат новите 33 нископодни единечни и двокатни автобуси на гас, најави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов на завршната трибина „На прав пат" што се одржува во Скопје.

– Наместо набавки на скапи автобуси, на пат се 33 нископодни единечни и двокатни автобуси на гас кои од следниот февруари ќе ги гледаме низ скопските улици, рече Шилегов, додавајќи дека се преземаат системски мерки и во делот на хигиената на градот, сообраќајот и аерозагадувањето.

Со новите еколошки автобуси се очекува годишно да се заштедат 25.000 евра за гориво, во споредба со двокатните кинески автобуси. Новите автобуси ќе имаат влијание и врз намалувањето на аерозагадувањето во градот бидејќи емитуваат незначителна концентрација на ПМ честички.

ЕСМ ќе инвестира три милиони евра во хидроелектраната „Вруток"

Со три милиони евра инвестиција ќе се санираат водостанските шахти во хидроелекетраната Вруток, најави  генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски при денешната посета на подружница ХЕС „Маврово".

-Со овој проект ќе се реши проблемот со загуба на вода што трае од 2010 година. Се очекува дека инвестицијата ќе овозможи зголемување на производство за 17.520MWh на годишно ниво, што по просечна цена на струјата изнесуваат околу 700 илјади евра, наведуваат од ЕСМ.

При посетата исто така утврдено е дека до овој момент производство на ХЕС”Маврово”(од трите централи ХЕЦ “Вруток”, ХЕЦ “Равен” и ХЕЦ “Врбен”), изнесува 370GWh,  што е 104 отсто во однос на годишниот план.

притисни ентер