ВМРО-ДПМНЕ: Три години Владата ги игнорира барањата на глувите

Зоран Заев и СДСМ не покажаа грижа за глувонемите лица. Три години владата на СДСМ ги игнорира барањата на глувите.

Додатокот за глувонеми лица, воведен од владата на ВМРО-ДПМНЕ не беше зголемен, а толкувачите на знаковиот јазик исто така често се оставаат без примања.Игнорантниот однос на оваа власт кон глувонемите ги револтира и маргинализира.

Водени од начелото на еднаквост гарантирано и со Уставот на Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа барањата на глувонемите и во програмата за предвремените парламентарни работи ќе предвиди, а по избори новата влада ќе реализира:

-Покачување на додатокот за глувонеми лица од 4000 на 6000 денари, односно негово покачување за 50%.

-Измени во Законот за знаковен јазик со кои ќе се префрлат сите толкувачи под Министерството за правда, воведување на сервисни центри кои ќе им обезбедат толкувачи за глувите лица за сите нивни потреби, организирање на редовни обуки за изуување на знаковен јазик, како што е предвидено заради остручување на доволен број на толкувачи кои ќе можат да ги опслужуваат глувите лица, предвидување на буџет за ангажирање на толкувачи во судовите, обвинителствата и МВР.

Глувонемите заслужуваат третман кој нема да дозволи да се чувствуваат маргинализирани. ВМРО-ДПМНЕ во идната програма ќе има мерки и проекти за сите категории граѓани. По 12 април следува обнова.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер