Убиецот призна зошто го убил синот на поранешниот германски претседател, истражителите шокирани

Лицето кое го уби Фриц фон Вајцекер, син на поранешниот германски претседател Ричард фон Вајцекер вчера во Берлин, е ментално болен и страда од манија на гонење.

Германските медиуми известуваат дека убиството било одмазда за наводната вмешаност на семејството фон Вајцекер во војната во Виетнам.

„Сторителот го објасни својот чин со фактот дека таткото на убиениот, поранешниот германски претседател Ричард фон Вајцекер, беше директор на хемискиот концерн„ Бохернгер Ингелхајм “во 60-тите години на минатиот век, и со тоа е одговорен за продажба на воени отрови во САД што се користеле во војната во Виетнам“. пренесува Spiegel Online.

Бидејќи Ричард фон Вајцекер не е повеќе жив, како жртва бил избран неговиот син, докторот Фриц, објасни 57-годишниот сторител.

По сослушувањето, човекот по потекло од сојузната држава Рајнска -Пфалц бил испратен во затворена психијатриска клиника. Тој објасни дека на интернет се информирал за предавањето на интернистот , докторот , Фриц фон Вајцекер на Клиниката „Шлоскарк Берлин“ на тема масен црн дроб, а потоа купил нож, се качил на воз и се упатил кон Берлин, каде го нападнал Фон Вајцекер за време на предавањето пред околу петнаесет учесници и го прободел во вратот.

При нападот сериозно е повреден и полицаец, кој случајно бил во публиката и кој се обидел да го спречи напаѓачот. Сочувство до семејството на убиениот фон Вајцекер упатија германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и германската канцеларка Ангела Меркел.

Ричард фон Вајцекер е еден од најпознатите германски повоени политичари, меѓу другото и за неговата посветеност на германската конфронтација со минатото. Тој ја вршеше функцијата претседател на Германија од 1984 до 1994 година. Пред тоа беше градоначалник на Западен Берлин.

Рикен нов генерален директор на Борусија Дортмунд

 Поранешниот германски фудбалер Ларс Рикен (47) е назначен за нов генерален директор на Борусија Дортмунд, соопшти бундеслигашот

Рикен речиси целата своја играчка кариера ја помина во Борусија Дортмунд, а од 2001 година е на чело на клупскиот тренинг центар. На новата должност ќе стапи на 1 мај.

Рикен доаѓа на местото на Ханс-Јоаким Вацке, кој претходно оваа сезона најави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната.

„Уверен сум дека со неверојатната сила на овој клуб ќе оствариме големи победи“, порача Рикен.

Борусија Дортмунд во моментов е петтопласирана во Бундеслигата, а на почетокот на мај ќе игра против Пари Сен Жермен во полуфиналето од Лигата на шампионите. /МИА

Гласањето за претседател во затворот Идризово се одвива без проблеми

Во затворот Идризово гласањето за претседателските избори денеска се одвива без проблеми, иформираат за МИА од Избирачкиот одбор. 

-Подготвките за гласањето завршија одлично. Гласањето започна во 7 часот и се одвива без проблеми. Во Избирачкиот список за ова гласачко место број 2536 се запишани 887 избирачи, а до пладне на гласање излегоа 235, изјави за МИА членот на Избирачкиот одбор Тони Трајковски.

Согласно Избирачкиот список денеска треба да гласаат 2.147 лица кои се на издржување казна затвор или се во притвор.

За претседателските избори денеска гласаат и болните и изнемоштените и лицата во старските домови.

Членови на Избирачките одбори ги посетуваат во нивните домови за да гласаат и 6.935 болни и изнемоштени лица, чии пријави беа прифатени.

Запишани се и 534 избирачи, кои поднеле пријава за гласање, во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат во установи за вон семејно згрижување, како и двајца избирачи со статус на внатрешно раселени лица, согласно евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика.

Право на глас на седмите претседателски избори имаат 1.814.317 избирачи. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.

Украина ги укина конзуларните услуги за воено способните машки државјани во странство

Украина ги укина конзуларните услуги на воено способните Украинци кои живеат во странство, освен за оние кои треба да се вратат во Украина.

Британските медиуми пренесуваат дека украинското Министерство за надворешни работи се уште не ја коментирало мерката, која се чини дека има за цел да го зголеми бројот на регрути за војната против Русија.

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, изјави дека украинската Влада наскоро ќе издаде објаснување во врска со конзуларните услуги за воено способните мажи во странство.

„Престојот во странство не го ослободува граѓанинот од обврските кон татковината“, истакна Кулеба во објава на Х.

Кулеба додава дека заштитата на правата и интересите на украинските граѓани во странство отсекогаш била и останува приоритет на Министерството за надворешни работи, но дека сега сто тоа изгледа како воено способното лице кое заминало во странство на својата земја и покажува дека прашањето за опстанок не го загрижува, а потоа доаѓа и сака да добива услуги од државата.

„Ако тие луѓе мислат дека некој таму, далеку на фронтот, ќе се бори и ќе го дава својот живот за оваа земја, а некој ќе седи во странство, а истовремено ќе добива услуги од оваа земја, тогаш тоа не функционира така," додаде Кулеба. /МИА

притисни ентер