Мицкоски на Самитот на ЕПП : Македонија припаѓа во ЕУ и затоа барам да ја извршите својата улога во ширењето на оваа порака

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ , Христијан Мицкоски денеска се обрати на Самитот на Европските народни партии (ЕПП) , што се одржува во Загреб, Хрватска.

,,Живееме во период кога нашите политички противници се борат со нас на политичката сцена со сите алатки коишто им се на располагање, исклучувајќи ги принципите и вредностите, и верувам дека ова е еден од најсериозните политички предизвици со коишто се соочува нашето политичко семејство ЕПП . Ние сме силни кога станува збор за здрави економски и социјални политики. Ние сме силни кога се работи за исполнување на нашиот збор. Но, за жал, нашите противници не го гледаат вака конвенционалното политичко дејствување.

Во последните три години нашата нација ја води социјалдемократскиот премиер, чија влада е синоним за раширена корупција. Дневните активности на оваа влада вклучуваат непочитување на владеењето на правото, целовкупната политизација на нашето општество и неспособност да се создадат економски и социјални промени за 21-от век. Сепак, тие се фалат секојдневно за тоа колку се транспарентни. Се согласувам дека не сум видел потранспарентно корумпирана влада на било кое место во светот. Тие не ја негираат корупцијата, туку се надеваат дека ќе добијат дополнителен ден од нивниот мандат за да ја продолжат.

Нашата улога како опозициска партија е да донесеме значителна и опиплива промена за нашите граѓани, а по изборите на 12-ти април имаме за цел да формираме стабилна влада, ориентирана кон Европската унија, влада којашто ќе го постигне сето ова.

Новата влада којашто ќе ја предводи ВМРО-ДМНЕ се обврзува да работи со силен морален и етички кодекс, но и да направи севкупни реформи коишто ќе овозможат функционална правда, но и исполнување на критериумите за евроинтегрирање и пред се да ги промени критериумите за тоа што значи да се биде политичар во македонското општество. Ние како Македонци припаѓаме на Европското семејство и ги споделуваме европските вредности.

Со поддршка на нашето ЕПП семејство ќе го стопираме егзодусот на нашите најбрилијантни млади луѓе; ќе се справиме со екстремните нивоа на загадување; ќе ги намалиме даноците, ќе ја стимулираме економијата и ќе го поттикнеме претприемништвото. Ние мора да го европеизираме нашето општество одвнатре – затоа што ова е единствениот начин да ја поставиме нашата нација на брз пат кон членството во Европската унија.

Македонија припаѓа во Европската унија и затоа барам од вас да ја извршите својата улога во ширењето на оваа порака. Нашата сегашна социјалдемократска влада не заслужува позитивен стимул од европските метрополи и Брисел, но нашите граѓани го заслужуваат тоа. После 12-ти април, бидете уверени дека проевропската влада ќе ги поттикне реформите и трансформативните промени во нашето општество. Ќе побарам од вас, како моја последна упатена порака, ЕПП како најсилно политичко семејство во Европската унија, да биде носителот на Македонија на патот кон членството во Европската Унија. Заедно сме посилни!" , рече Мицкоски.

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни

Добар ден на сите, благодарам на интересот. Денеска е посебен ден, денеска е убав ден, сончев ден, ден кога треба граѓаните да излезат и да гласаат. Ден кога сета сила е во рацете на граѓаните.

Оние малкумина 100-тина души кои што изминатиот период одлучуваа за судбината на граѓаните сега се безгласна буква.

Денеска граѓаните се тие кои што одлучуваат за иднината на своите семејства, иднината на Македонија, иднината на своите деца.

И затоа мојата порака денеска од овде е да се излезе, да се гласа, секој да одвои десетина минути од своето време. Бидејќи на тој начин одлучува за иднината на своите деца, своето семејство и иднината на Македонија.

Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни.

Затоа уште еднашка повикувам на масовна излезност и ги повикувам граѓаните да излезат и да гласаат и заеднички да ја определиме траекторијата по која што Македонија ќе се движи во иднина, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при гласањето.

Затворени се гласачките места, ДИК во 19.30 ќе ги соопшти резултатите за излезноста

Во 19.00 се затворени гласачките места низ целата држава, освен на три места во Куманово , каде што гласањето е прекинато во текот на денот.

Во ОУ Песталоци во Центар е Михајло Видимлиски.

Фото: Прва објава на Кејт Мидлтон на Инстаграм по дијагнозата

Принцот Луис го слави својот шести роденден, а по тој повод неговиот портрет е објавен на официјалниот Инстаграм профил на принцезата и принцот од Велс.

Портретот го направи принцезата од Велс Кејт Мидлтон, а тоа е нејзина прва објава откако објави дека и е дијагностициран рак. „Среќен 6-ти роденден на принцот Луис! Ви благодариме за сите убави желби“, гласеше натписот.

Да потсетиме, за Денот на мајката, Кејт Мидлтон објави заедничка фотографија со своите деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот, а фотографијата крена голема прашина поради многуте монтирани детали. Откако светските медиумски агенции ја повлекоа фотографијата, таа призна дека фотографијата е фотошопирана и се извини за хаосот што го направила. Не долго потоа, Кејт ја објави веста за дијагнозата.

Инаку, Кејт во претходните интервјуа откри дека родендените на своите деца ги слави точно на полноќ и дека секогаш им подготвува торта, а многумина се прашуваат дали оваа година ќе успее да ја задржи традицијата.

Извор: Индекс.хр

притисни ентер