Американски конгресмен е хит , откако ,,се олесни” среде вести (ВИДЕО)

Конгресмен од Калифорнија стана предмет на исмејување на интернет, откако ,,се олесни” и тоа се слушна за време на разговор во живо во вестите во понеделникот вечерта.

Ерик Свалвел беше среде реченица за време на шоуто „ Hardball with Chris Matthews “ на МСНБЦ, кога се слушна звук кој веднаш ги насмеа гледачите, а подоцна, кога клипот од шоуто стана вирален , предизвика и бројни реакции на корисниците на социјалните мрежи.

Свалвел го критикуваше Трамп и неговото трошење на парите на даночните обврзници кога наеднаш се слушна непријатен звук. Но, 39-годишниот демократ кој е во Конгрес од 2013 година, брзо негираше дека тоа е тој.

"Не бев јас !!!" испрати порака до известувачот на BuzzFeed. "Ха. И не слушнав ништо додека зборував".

Корисниците на Твитер не му веруваат. „Тој дури зеде пауза да го испушти“, е само еден од коментарите.

Веднаш реагираа и од продукцијата на шоуто. Тие се извинија на Твитер, тврдејќи дека се работи за звук на гребење на кригла врз маса. Ова за многумина не беше убедливо објаснување, па затоа хаштагот #fartgate стана хит.

ДИК: СДСМ 36,13%, ВМРО-ДПМНЕ 34,65%, ДУИ 11,57%, АА и А 8,79%

Од преброени гласови 96,93 отсто од избирачките ливчиња, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме" води со освоени 36,13 отсто од гласовите пред ВМРО-ДПМНЕ со 34,65.

Податоците објавени од Државната изборна комисија во нивното седиште, имајќи предвид дека веб страницата повеќе од еден час не им функционира, покажуваат дека за ДУИ гласале 11,57, за Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,79, за Левица 3,96, ДПА 1,48 и за Интегра 1,33 , а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто, информира пред малку на прес конференција портпаролот на ДИК , Адмир Шабани.

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за формирање на нова влада

Народот покажа дека народот не сака криминална и коруптивна власт, рече генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ , Игор Јанушев.

Победивме во голем број градови и населени места рече Јанушев. Трката е тесна речиси изедначена , да почекаме да ги видиме финалните бројки.

ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за обезбедување мнозинство за формирање на нова влада .

ДИК: СДСМ 36,16%, ВМРО-ДПМНЕ 34,68%, ДУИ 11,54%, АА и А 8,8%

Од преброени гласови од 3.092 од вкупно 3.480  гласачки места, или околу 90 отсто од избирачките ливчиња, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме" води со освоени 36,16 отсто од гласовите пред ВМРО-ДПМНЕ со 34,68.

Податоците објавени од Државната изборна комисија во нивното седиште, имајќи предвид дека веб страницата повеќе од еден час не им функционира, покажуваат дека за ДУИ гласале 11,54, за Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,8, за Левица 3,93, ДПА 1,45 и за Интегра 1,34 , а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто.

притисни ентер