Грција ги затвора преполните мигрантски кампови на островите

Грчката влада денеска соопшти дека планира постепено да ги затвори трите најголеми бегалски кампови на егејските острови и да ги замени со затворени центри за прием.

Целта е да се намали притисокот врз овие пренатрупани кампови и да се забрза враќањето на илегалните имигранти.

,,Камповите на Лезбос, Самос и Хиос ќе бидат заменети со „центри за поаѓање и идентификација“, изјави владиниот портпарол Стелиос Петас.

Новите кампови ќе бидат наменети за мигрантите кои немаат никаква перспектива да добијат азил во ЕУ.

Сите што се сметаат за вистински бегалци ќе бидат префрлени во камповите на копно.

Бегалските кампови се отворени за одвојување на бегалците од економските мигранти, во согласност со договорот на ЕУ за мигрантите во 2016 година.

Но, тие станаа пренатрупани, предизвикувајќи тензии со локалното население, дури и насилство.

Петте кампови се наменети за 6.200 лица и сега во нив има 36.000 луѓе.

Владата започна да преселува мигранти, особено семејства и малолетни лица на фериботи кон копното за да го намали притисокот.

Фудбалерот на Интер, Брозовиќ поради возење под дејство на алкохол остана без возачка

Хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ остана без возачка дозвола поради возење во пијан.

Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ наведува дека играчот на Интер бил запрен во неговиот „Ролс Ројс“ во раните утрински часови по вечерното излегување во Милано.

Работата се искомплицвирала кога полицијата го запрела Брозовиќ поради минување на црвено светло.

За среќа фудбалерот на Интер не предизвикал никаков инцидент.

Полицијата брзо го пресретнала и му ја одзела возачката дозвола на лице место.

Фото: Ким Кардашијан без ботокс!!

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан на своите фанови на социјалните мрежи им сподели спомени од младоста, стари фотки и модни комбинации.

-Чувам се, а за време на карантинот исто така ги организирав фотографиите . Пронајдов свои стари модни комбинации. Толку многу добри работи има тука. Дали се сеќавата не некои од нив?Или можеби изгоретините кои ги добив во Мексико, се пошегувала Ким на својот Инстаграм профил.

Но, голем дел од нејзините фанови веднаш забележале дека Ким на фотографиите е природна и нема ботокс.

Во Србија 287 новозаразени, 11 починати

Во последните 24 часа во Србија  на коронавирус тестирани се 4050 лица, од нив позитивни на Ковид -19  се 287 лица.

Во последното деноноќие се регистрирани 11 починати лица.

Во болниците во Србија во моментот на респиратор се приклучени 144 пациенти.

притисни ентер