Почна судењето за убиството на струмичанецот чие тело беше пронајдено во браната „Турија"

Со воведни зборови на обвинителеството и одбраната и сведочење на првите сведоци денеска почна судењето за убиството на струмичанецот Ристо Иљашев, чие тело беше пронајдено во водите на браната „Турија". 

Обвинителството за убиството го товари Марјанчо Велев од струмичкото село Добрејци.

Според обвинението тој се товари за убиство извршено на 7 мај годинава при што од зад грб пукал со огнено оружје од непосредна близина во главата на Иљашев и потоа неговото тело го фрлил во браната „Турија", затворено во метално буре.

Обвинететиот Велев пред судот се изјасни дека не се чувствува виновен за делото за кое е обвинет. И неговата одбрана смета дека тој не е виновен, бидејќи доказите кои ги добиле од обвинителството се спротивни и контрадикторни.

-Обвинителството се обидува да докаже убиство за кое нема оружје, нема парафински ракавици, ги нема основните елементи и дури не може да се докаже ниту умислата, ниту мотивот, изјави адвокатот Звонко Давидовиќ.

Пред судот сведочеа најблиските на убиениот Иљашев кои рекоа дека со обвинитиот Велев се знаат подолго време и дека тој им го опремувал домот со мебел. Еден од браќата на Илашев, Ѓуро, сведочеше дека до ден денешен не може да поверува дека Марјанчо го извршил делото за кое му се суди, бидејќи „ги сметале како фамилија, свои и уште не можам да поверувам дека тоа се случи", рече братот на убиениот.

Ристо Иљашев (58) исчезна на 7 мај годинава, а неговото тело беше пронајдено од неговите најблиски на 20 јуни во водите на браната „Турија" затворено во метално буре.

Судењето продолжува задутре.

Инаку, полицијата го сомничи Велев дека е сторител и на уште едно убиство врз А.М. (62),извршено лани на 9 октомври, а телото на убиениот затворено во камионски резервоар за гориво беше извадено од браната „Турија" на 5 август годинава. За овој случај ОЈО Струмица се уште нема подигнато обвиние поради немање доволно докази. /МИА

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис заедницата, претставници на верските заедници, претставници од академската заедница, од политичките партии, медиумите и граѓанските организации, како и претставници на дипломатскиот кор, соопштуваат од кабинетот.

Согласно исламските верски обичаи, Поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема Шакир ефенди Фетаи ја одржа завршната молитва.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот Пендаровски.

Почитуван Реис-ул-улема,

Почитувани поглавари на верските заедници,

Ценети присутни,

Дами и господа,

Ви благодарам што ја прифативте мојата покана да се собереме и заедно да ја споделиме оваа Ифтарска вечера.

Најсветиот месец во Исламот, Рамазан, е време за духовно закрепнување, за обновување на релациите со роднините и пријателите, но и за милост и солидарност кон немоќните. Како што рамазанскиот пост е лично искушение на внатрешно преиспитување на поединецот, така Ифтарската вечера е заеднички чин на социјална правда бидејќи подразбира правење место на трпезата и за оние кои имаат помалку. Тоа е особено важно во време на глобални кризи кои најмногу ги удираат најранливите и најсиромашните.

Но, освен за продлабочување на верата во животот на верникот, Ифтарската вечера е и можност за продлабочување на соживотот во македонското општество.

За нашите предци немало поголема чест од тоа, некој со различна вера од нивната, да ги покани на празнична трпеза. Кога муслиман кани на Ифтар, или кога христијанин подарува велигденско јајце, тоа е начин да каже дека ја почитува твојата различност и те прифаќа таков каков што си. Тоа го правиме и ние вечерва.

Изминативе години и јас бев почестен од многу наши сограѓани ─ муслимани кои ги отворија своите домови и од срце ја споделија со мене и со моите соработници својата трпеза. Споделувајќи ја храната, ние ја споделуваме и човечноста и низ муабетот се потсетуваме дека различниот од нас е човек подеднакво вреден како нас, со слични или идентични животни таги и радости.

Почитувани гости,

Точно е дека имаме различни вери, одиме во различни храмови, читаме различни свети книги. Но, она што нè поврзува е меѓуетничкиот и меѓурелигиски соживот како наша најголема вредност која мораме да ја чуваме и околу тоа нема да правиме компромис. Соживотот не смее да биде жртва на дневно-политички интереси, особено во време на изборни години. Каква било изборна победа на сметка на соживотот би била еднаква на пораз за нашата заедничка татковина Македонија.

Затоа сме вечерва тука, да кажеме дека нема да дозволиме провокации и тензии на таа тема. Тука сме да дадеме пример за сите наши граѓани, дека можеме да живееме заедно и покрај нашите разлики во верските убедувања, како што било од памтивек.

Дозволете, уште еднаш, да ви посакам лесен пост и, во пресрет на Рамазан Бајрам, да ви го честитам големиот празник. Имајте пријатни денови исполнети со среќа, радост и бериќет.

притисни ентер