Апелација ја објави СМС пораката од Рускоска до судија што одлучувал за Јанева

Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага.

„Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите.“ - ова е СМС пораката која обвинителката Вилма Русковска ја испратила до еден од тројцата судии кои ја донесоа одлуката екс обвинителката Јанева да замине во домашен притвор, тврдат од Апелациониот суд.

За нив, оваа порака како и синоќешните изјави на Русковска во слична насока, се закана и директно мешање во судот, за што, веќе ги известиле и надлежните институции.

„Ваквото однесување на јавен обвинител претставува искористување на позицијата на јавен обвинител и обид преку јавен настап да се наметне постоење на елементи на корупција во постапувањето на Кривичниот совет и да се изрази неосновано и паушално сомневање во поглед на правилноста и законитоста на одлуката“,- пишува во соопштението од Апелациониот суд.

Од обвинтелството брзо потоа, ги отфрлија обвинувањата, а пораката ја објаснуваат како реакција на моментално разочарување:

„Јавното обвинителство нагласува дека ги почитува судските одлуки и не се меша во работата на судската власт. Реакцијата на надлежниот јавен обвинител во предметот треба да се разбере како израз на моментално разочарување, по сознанието за донесената одлука во предмет во кој по опсежна предистражна и истражна постапка и поднесено обвинение, очекува судска разрешница. – соопштија од обвинителството.

Инаку, Апелација се уште го нема објавено решението, па се уште останува непознато врз основа на што ја преиначија одлуката за притворт на Јанева, како и составот совет на судиите кој одлучувале.

Сепак,од извори во судот, Канал 5 дознава дека станува збор за судиите Јани Нича, Зоран Димитриевски и Сафет Кадрии. Токму Кадрии кој е и портарол на судот, денеска по одржаниот колегиум не сакаше да говори ниту за пораката, ниту за образложението на одлуката..

Засега останува објаснувањето од вчера во коеод скопска Апелацијакажаа дека при носењето на одлуката ја ценеле здравствената состојба на Јанева, тоа дека таа поминала повеќе од три месеци во ефективен притвор, но и дека веќе постои обвинение со што извршната постапка завршила.

На ваквото објаснување преку Дојче веле реагираше Рускоска.

“Ако имала здравствени проблеми зошто не си поднела оставка уште додека била на функција?”– прашува обвинителката, според која, подобро ќе беше во случајот судот да ја прифати понудената гаранција од три стана“.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер