Кампања за правилно одлагање на кабастиот отпад во Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и директорот на ЈП „Комунална хигиена" Скопје Абдусамед Шабани, денеска беа во обиколка на Центарот за селекција на отпад, кој се наоѓа во Карпош 3, долж бул. „Илинден".

Таму граѓаните можат да го донесат и да се ослободат од кабастиот отпад (застарен мебел, електронски и електричен отпад,) со што, не би се создавале диви депонии и би се придонело кон почиста животна средина.

Богоев исто така ја промовираше кампањата што Општина Карпош ќе ја спроведе во сите населби на своја територија, со која преку информативни постери и флаери граѓаните ќе ги добијат сите потребни информации за правилно фрлање и одлагање на секој вид отпад.

– Десет службеници кои работат во рамки на урбаните заедници добија овластување за комунални редари, со што се зголемува теренската контрола и санкциите за оние кои свесно ја загадуваат животната средина. Сите носиме одговорност за заштита на околината, а Карпош со сите ресурси делува во оваа насока, рече Богоев.

Како што соопшти Општина Карпош, електронскиот и електричниот отпад може да се одложи и во пунктовите: во Влае 2, до игралиштето кај мостот „Обединети нации" и Центарот за селекција на отпад на ЈП КХС или да се пријави на 070 – 236 – 000 и истиот да се подигне од страна на Друштвото за управување со отпад „НУЛА ОТПАД".

На веб страната на Општина Карпош е поставен банер, преку кој граѓаните и по електронски пат можат да ги добијат потребните информации за правилно одлагање на отпадот, да пријават дива депонија или оган на отворено.

Преку телефонската линија 0800 – 222 – 33 жителите на Карпош имаат можност да договорат одлагање на отпадот од нивното домаќинство при што оваа услуга се наплаќа.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена" Скопје, Абдусамед Шабани се осврна на редовните активности на јавното претпријатие, а најави и чистење нови децениски депонии во Карпош.

– Нашата соработка со општината Карпош претставува само дел од кампањата што ЈП „Комунална хигиена" – Скопје ја започна за подигнување на јавната свест за важноста и значењето на правилното одлагање на отпадот. Во оваа прилика им се заблагодаруваме на сите јавни личности што прифатија да учествуваат во нашата кампања и да ја пренесат пораката до граѓаните дека секое несовесно и неправилно одлагање отпад на јавни површини резултира со создавање диви депонии што ја загадуваат животната средина, рече Шабани./МИА

Петчлено семејство од Оклахома, меѓу кои и две деца, се убиени во нивниот дом

Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.

Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјавил дека загинатите биле семејство и умреле од насилна смрт, пренесува ABC News.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно пронашле инспекторите.

Полицијата била испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека има тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство.

Хаос во Денвер: Брат му на Јокиќ претепа навивач во публиката (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари.

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари, но вистинскиот хаос беше виден на трибините во режија на браќата на Никола Јокиќ.

Имено, на видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се видат браќата на Јокиќ кои се во клинч со навивач, не се знае дали се работи за навивач на Нагетс или Лејкерс, но таму било и семејството на Јокиќ.

Страхиња Јокиќ, постариот брат на Никола, во еден момент жестоко се скарал со некој од трибините, тргнал кон него, а потоа го удрил со бокс.

Вториот брат на Јокиќ веднаш дошол да го смири Страхиња, а таму биле и сопругата на Никола, Наталија и ќерката Огњена, кои веднаш заминале.

@cgallegos67 #nuggets #nba #lakers #jokic ♬ original sound - Christian

Млад странски работник е убиен во Хрватска, најверојатно Украинец

Во центарот на Славонски Брод попладнево било пронајдено машко тело.

Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот, објави Индекс.

Danas.hr дознава дека се работи за млад градежен работник од Украина. Тие наведуваат и дека конфликтот се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).

За потсетување, полицијата соопшти дека околу 15:17 часот во куќата било пронајдено тело на маж и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.

притисни ентер