СДСМ: Пензиите во последните 2,5 години растат повеќе отколку за време на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски продолжуваат да се противат на зголемување на пензиите, да се противат на секоја мерка што обезбедува повеќе пари кај граѓаните.

Ништо ново од партијата која со години беше навикната да зема пари од граѓаните заради лично богатење. Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижеше за пензионерите говорат годините на нивното владеење кога постојано ги манипулираа пензионерите а усогласувањето на пензиите го правеа надвор од закон и популистички пред избори.

Залудни се сите весели и погрешни математики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Пензиите во последните две и пол години растат и ќе продолжат да растат.

Математички прецизно, со новото зголемување на пензиите од први јануари 2020 година просечната пензија ќе изнесува 15.500ден што од 2016 годиан па наваму е зголемување за 12,7 отсто.

Со ова зголемување месечниот индикатор за зголемување на пензиите кој го споменуваат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, изнесува 0,42%, а не 0,18%. Како што и самите споменуваат, во периодот на ВМРО-ДПМНЕ овој индикатор изнесува 0,40% што значи дека зголемувањето на пензиите е поголемо откако СДСМ дојде на власт.

Моделот што го предлага опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ имаше можност да го применува додека беше на власт, но одлучуваше секоја година да им го оспори правото на законско зголемување на пензиите, па пенизонерите добиваа ад хок паушално зголемување на крајот на годината кое поделено на 12 месеци изнесуваше само 60 денари месечно. Ние, со покачувањето, за цела година даваме околу 10.000 денари или околу 850 денари месечно.

Додека ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски манипулираат со граѓаните, СДСМ докажа дека може да стабилизира пензискиот систем и истовремено пензиите да продолжат да растат.

Со пензиската реформа обезбедивме редовни и повисоки пензии за сегашните и идни генерации. Со неа започнува стабилизацијата на пензискиот фонд, каде токму лошите и неодговорни политики на ВМРО ДПМНЕ оставија долг од 19 милијарди денари.

Јасна е разликата помеѓу неодговорниот расипнички пристап на ВМРО-ДПМНЕ и одговорните политики на СДСМ. Тоа граѓаните го гледаат а своето ќе го кажат на 12 април кога ќе потврдат дека државата е на прав пат и повторно ќе ги поразат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Строл над сите во единствениот тренинг во Кина

Ленс Строл се најде на врвот на табелата на крајот на единствениот слободен тренинг пред Големата награда на Кина, која се враќа во календарот на Формула 1 по петгодишно отсуство.

Канадскиот возач на Астон Мартин извозе 1:36.302 во својот последен летечки круг за време на единствениот тренинг час во Шангај. Така тој го победи Оскар Пјастри од Мекларен за 0,327 секунди, а првата тројка ја заокружи светскиот шампион Макс Верстапен, кој заостануваше 0,358 зад Строл. Сите тројца ги постигнаа своите најдобри кругови во нивните квалификациски симулации со меките гуми.

Серхио Перез остана четврти, само 0,030 зад својот тимски колега од Ред Бул. Мексиканецот го постигна својот најдобар резултат во вториот брз круг на меките пневматици, откако направи грешка при застанувањето за свиокот 6 во неговиот прв.

Возачите на Хаас, Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен ја завршија сесијата на петтото и шестото место, а Естебан Окон, Алекс Албон, Даниел Рикиардо и Валтери Ботас ги заокружуваат првите 10.

Локалниот миленик Гуанју Џоу, кој се натпреваруваше пред својата публика за прв пат овој викенд, заврши на 11-тото место на единствениот тренинг. /МИА

Алонсо со критики кон тимот и покрај крајниот успех против Вест Хем

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, изрази незадоволство по реваншот од четвртфиналето на Лигата на Европа помеѓу Германците и екипата на Вест Хем.

Натпреварот заврши нерешено 1:1, што значи дека „аспирините“ одат напред кон фајналфор.

-Се подготвувавме за опција во која Вест Хем ќе не притисне многу силно. Не ни беше многу удобно да играме во нашата формација. Да бидам искрен, во првото полувреме противниците беа подобри и се чувствувавме надвор од место. Многу е важно што не примивме втор гол бидејќи тие дефинитивно одиграа подобро од нас. За среќа, по паузата ги свртевме работите. И мило ми е што продолживме понатаму. Секогаш има тешки моменти во Лига Европа, изјави Алонсо.

Во полуфиналето, фудбалерите на Баер ќе се соочат со Рома во повторување на минатогодишната битка во оваа фаза од турнирот. Тогаш „Римјаните“ излегоа како победници. Натпреварите сега се на 2 и 9 мај - првиот се игра во Рим, а реваншот во Леверкузен. /МИА

Де Роси за дуелот со Алонсо во ЛЕ: Го почитувам уште од кога беше играч

Тренерот на Рома, Даниеле де Роси, ја прокоментира големата победа на тимот со 2:1 против екипата на Милан, со која и официјално „римските волци“ се пласираа во полуфиналето на Лига Европа.

Менаџерот, кој неодамна го презеде првиот тим, продолжува да прави чуда, а синоќа ги пофали своите играчи за нивниот напредок.

-За да го победиме овој Милан ни требаа вештини. Кога останавме со 10 фудбалери, моравме да играме со интензитет, но со интелигенција и тактичко знаење. Само трчање не е доволно. Многу сум горд што тренирам таков тим. Не беше лесно бидејќи Милан е многу силен тим кој игра добар фудбал. Завчера видовме дека дури ни Реал Мадрид не беше активен и се бранеше, ние истото го направивме, кога беше вистинскиот момент за тоа, изјави Де Роси.

Римјаните во полуфиналната фаза ќе играат против екипата на Баер Леверкузен во реприза на пресметката од истата фаза на турнирот од минатата кампања, кога „волците“ стигнаа до успехот.

-Можеби сакаат да се одмаздат за минатата година кога ги победивме. Ќе видиме што ќе се случи, но очигледно не не сметаат за фаворити. Можеби некој го чекаше Милан во полуфиналето од Лига Европа. Имам голема почит кон Чаби Алонсо уште од кога беше играч, додаде Де Роси.

Првиот натпревар е на 2 мај (четврток), а реваншот е точно една недела подоцна на 9 мај (четврток). /МИА

притисни ентер