Вечерва очекувајте го дуелот на Метрополата!

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Петре Шилегов и Коце Трајановски.

Почитувани дами и господа,

Дојде време за дуелот на метрополата! Ова е дуелот што сите го баравме, дуел што го посакувавме, и потајно го очекувавме.. .дуел за нашето, вашето, македонско и европско Скопје. Само на Канал 5, во САМО ВИСТИНА - дуел на сегашниот и претходниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов и Коце Трајановски.

Тие вечерва, во името на вистината, само за вас за прв пат и којзнае кога повторно ќе се соочат лице в лице и ќе откријат кои биле и кои се визиите за Скопје. Што посакале и планирале а не оствариле? Што ќе му „плесне “ Коце влице на Петре, а како ќе го „подбере “ пак Петре својот претходник Коце?

„Скопје 2014“ на Трајановски или „Скопје 2014“ на Шилегов она исто „Скопје 2014“ кое актуелниот градоначалник ќе го уриваше, ќе го преместуваше, а тоа, вакво или онакво остана да живее. Коце беше градоначалник на Скопје во Македонија, а Петре е татко на метрополата во Северна Македонија. Трајановски ги исече липите на „Илинденска“ Шилегов јапонските чреши на „Максим Горки“. Што им пресуди на децениски засадените дрвја? Староста или тендерите? Трајановски вети електрични автобуси но донесе кинески и украински автобуси, Шилегов ветува модерен трамвај превоз, ама тешко дека ќе го видиме во Скопје наскоро. Од силни ветувања на двајцата, скопјани се’ уште се возат во распаднатите 19.

Не не’ спаси од загадување ниту Коце, а ниту Петре. Ќе бидат ли наскоро градоначалници на „мртов“ град? Ниту луна парк ниту ски центар. Рекреативната понуда на Водно остана пусти сон за скопјани. Се потрошија преку 10 милиони евра за фасади во Скопје 2014 , ама затоа кучињата и џукелите „царуваат“ низ метрополата. Нови канти за смет, и нова „играчка„ за болните умови во Скопје. Дали постои лудило наречено -запали го контејнерот, за да се задушиме во сопствениот смет? Ќе замириса ли Илинденска пак на липи наскоро?

Ќе дојде ли урбаниот живот во Скопје конечно? Кој и слугува на урбаната мафија, и не дозволува центарот на Скопје да се „затвори“ за нови градби? Сегашниот и поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов и Коце Трајановски. Во 18:30 во „Само вистина“.

Алкараз не е сигурен дека ќе има време да закрепне за Мастерсот во Мадрид

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз проговори за повредата поради која се повлече од турнирот во Барселона.

Шпанецот нема да може да ја одбрани титулата поради проблеми со десната подлактица.

- Ми беше тешко да ја донесам оваа одлука бидејќи овој турнир е важен за мене. Сакам да се вратам во Мадрид, но не сум 100% сигурен за тоа. Ќе се обидеме да дадеме се од себе. Дојдов од Монте Карло да поминам неколку дена дома и да видам дали можам да тренирам, да закрепнам и потоа да одам во Барселона во најдобра можна форма. Направив магнетна резонанца во саботата наутро, а сликите покажаа позитивна динамика. Но, во неделата работите не одеа како што сакавме: секој пат кога го зголемував интензитетот на моите форхендови, непријатноста се зголемуваше, изјави Надал.

Мастерсот во Мадрид, каде што Алкараз треба и да ја одбрани титулата ќе се одржи од 24 април до 5 мај. /МИА

Хаос во Дубаи: Невиден дожд го поплави градот, авионите приземјени (ВИДЕО)

Дубаи, и пошироко Обединетите Арапски Емирати, беа погодени од силно невреме викендов, што предизвика поплави и ги прекина летовите на најпрометниот аеродром во светот.

Речиси 50 милиметри дожд паднаа во Дубаи за само шест часа.

Властите испратија екипи да ги отстранат дрвјата од патот и да ги отворат одводните решетки, иако дождот брзо покри некои области.

Полицијата затвори делови од автопатот, а прекинати се и летовите за компаниите Емирати и ФлајДубаи.

На социјалните мрежи се објавени видеа кои сведочат дека патиштата се целосно поплавени.

Властите претходниот ден ја предупредија јавноста за претстојното невреме, а подготвен беше и персоналот за итна помош.

Дождот е невообичаен во оваа област, но повремено се појавува во постудените зимски месеци.

Страшно невреме во Хрватска: Соборени дрвја во Загреб, снег на планините

Пожарникарите во Загреб и во Осиек денеска имаа бројни интервенции поради ветрот кој кршеше гранки.

Наглиот пад на температурата во Загорје донесе снег, а во исто време во 15 часот во Шибеник изнесуваше 25 степени.

Силна промена на времето стигна и во Хрватска, додека вчера беше речиси 30 степени, а денеска паѓа снег во Загорје, јавува 24сата.хр.

„Нестабилно и постудено од просекот е кон средината на април. Променливо и претежно облачно на копното, а на Јадранот променливо сончево. Во првиот дел од денот дожд на исток, врнежи и грмежи во Далмација. Попладне можни се локални врнежи од дожд во внатрешноста и во северниот дел на Јадранот, а во Горска Хрватска паѓа снег и дува умерен ветер од северен правец“, прогнозираат од ДХМЗ.

Со дрвјата се бореше и противпожарната служба на градот Осиек. Гранки, како што известија, паднале врз автомобили.

„Од 7 до 12:30 часот извршивме 12 интервенции, два пожари, осум интервенции главно поврзани со отстранување на гранки и дрвја, едно отстранување на лим и еден увид во врска со автомобил во Сава“, рече наредникот на противпожарната служба Синиша Џембрич.

притисни ентер