Фото: Има и глас и стас!!

Млада пејачка во фустан со длабоко деколте без долна облека.

Насмевка која освојува и фустан кој одзема здив.

Атрактивната млада пејачка и актерка Мадисон Бир во сексапилниот фустан со многу отвори беше главна ѕвезда на хуманитарна вечера одржана на Беверли Хилс.

Фото: Камион чудовиште од 12 милиони долари!?

„Тхор 24’ е монструозен камион вреден неверојатни 12 милиони долари. 

Љубителите на камионите жалат што во иднината нема да постојат вакви можни возила кои трошат галони нафта ми имаат погонски склоп од 24 цилиндри.  

Камионот „Тхор24’ својата одисеја ја започнал како „Петерблит 359“ за потоа да биде продолжен на 13 метри за да може да прими „ twin 13.9 “ литарски Детроит дизел „ V12 “мотор. 24- цилиндарскиот мотор исфрлува сила од неверојатни 3974 коњски сили.

Камионот  покрај ова има и боци со нитро оксид. Тој има и издувна грана за секој од 24 –те цилиндри. Иако е тежок 150 000 килограми може да развие брзина од 210 километри на час. Камионот поради огромната тежина дури мора да има и четири Симсон падобрани за запирање, поради тоа што стандардните сопирачки не му се доволни.

Камионот „Тхор24“ е продаден за време на Worldwide Auctioneer’s“ во Саудиска Арабија за неверојатни 12 милиони долари . Ако се земе во предвид дека неговото производство чинело околу 7 милиони долари, неговите конструктори одлично заработили при оваа продажба.

Камионот кој е произведен и се уште се наоѓа во Аризона САД,интересно е продаден во Саудиска Арабија .

Њујорк тајмс: Забраната на е-цигарите ќе направи повеќе штета отколку корист

„Предлогот да се отстранат електронските цигари од пазарот е разумен, но нивната забраната не е најдоброто решение од повеќе причини", оцени Њујорк Тајмс.

Во време кога во САД постои двојна криза предизвикана од електронските (вајп) цигари – порастот на нивната употреба меѓу тинејџерите и „мистериозната" болест на белите дробови предизвикана од вајпинг производите, првиот предлог на американската државна администрација беше овој производ да се забрани.

„Предлогот да се отстранат електронските цигари од пазарот е разумен, но нивната забраната не е најдоброто решение од повеќе причини", оцени Њујорк Тајмс, образложувајќи дека „таа мерка не гарантира дека младите ќе престанат да ги користат е-цигарите. Од друга страна пак, оваа мерка сигурно ќе натера 11 милиони полнолетни Американци, кои веќе ги користат овие производи, да изберат помеѓу традиционалните цигари (кои се се уште достапни иако се поштетни од е-цигарите) и вајпинг производите на црниот пазар."

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) дури сега воведе правила за комерцијализација на алтернативните производи. Досега тоа се правеше доброволно па се покажа дека процедурата ја испочитувал само Филип Морис, кој чекал две години за ФДА да ги прегледа научните анализи во врска со IQOS-от (кој не е електронска цигара туку уред кој го затоплува, а не го гори вистинскиот тутун) пред да го стават овој производ на пазарот.

Се утврди дека IQOS е единствената алтернатива од двете категории, која има официјално одобрение од ФДА да се стави на пазарот при што ФДА соопшти: По ригорозната анализа заснована на научни факти, овој производ сега може да се најде на американскиот пазар, а една од причините е тоа што произведува пониско ниво на одредени токсини отколку цигарите кои го согоруваат тутунот.

Андре Каланцополус, генерален директор на Филип Морис, коментирајќи ја актуелната дебата во Америка, за ЊуЈорк Тајмс изјави: Технологиите како што се е-цигарите и производите кои го топлат а не го согоруваат тутунот, можат драматично да го намалат бројот на пушачи, што е можност на векот, но оваа прилика не смее да се искористи на сметка на младите. Одмерен и цивилизиран дијалог заснован на научни факти и на постојната регулаторна рамка, а не на емоции, страв и ширење на сомнеж, може да помогне да се искористи оваа прилика.

Фото: Кејт Мос го покажа целулитот!!

Некогашниот светски топ модел, убавата Кејт Мос во костим за капење го покажа целулитот. 

Кејт објави фотографија во бикини која не е обработена во фотошоп и покажа како навистина изгледа нејзиниот задник.  

45- годишната манекенка во моментов ужива на плажите на Мајами на Флорида.

Славната кејт го покажа својот тен, но и својата фигура.

Кралицата на модните писти на плажата во Мајами се покавила во едноделен костим за капење кој ги нагласил нејзините облини.

Кејт со овие фотки докажа дека вистински ужива во своето тело по повлекувањето од модните писти.

притисни ентер