Да се пријавува и казнува ако работодавач бара назад дел од минималната плата, апелира Заев

 Премиерот Зоран Заев апелира до надлежните институции да изрекуваат казни доколку некој работодавач бара работникот да врати дел од исплатената минимална плата. 

За такво нешто, како што рече, со Кривичниот законик, е регулирана казна затвор, а работниците треба да пријавуваат доколку има такви случаи.

– Ако државата, синдикатот,  коморите,  стиснале заби и направиле сериозен исчекор поврзан со минимналната плата во амбиент кога државата ги субституира придонесите за секое покување, вклучително и за минималната плата,  апелирам до сите за казнивост веднаш за оваа незаконитост што ја спомнавте како можност. Тоа не само што е незаконитост, туку е и зло. Да барате од работникот да врати дел од парите назад е зло. Зборуваме за плата од 14.500 денари, а сметките на четиричлено семејство се 10.000 со сите штедења. Законите предвидуваат затвор, ова е регулирано во Кривичниот законик. Апелирам до сите, Трудовиот инспекторат, Финансоовиот инспекторат, Финансиската полиција, мојот Кабинет стои на располагање, изјави Заев, одговарајќи на новинсраки прашања на прес-конференцијата во Владата за платформата „Отворени финансии".

Според Заев, за да пријават работниците можат да ги користат сите алатки на демократијата.- Тука им е секој медиум, има можност за заштитеност на нивниот идентитет, има можност да си го ангажираат синдикатот, анонимно да контактираат со инспекции, да се јават во мојот и во кабинетите на министрите, рече премиерот Заев.

Од затвор во Парагвај избегале 75 затвореници

Најмалку 75 затвореници, повеќето од нив членови на озлогласена бразилска криминална група избегале од затвор во пограничен град во Парагвај.

Веднаш е сменет управникот на затворот.

Службени лица соопштуваат дека е откриен е тунел, кој затворениците го ископале за време на операцијата за кој се сомнева дека затворските службеници знаеле, како и дека во ќелиите биле пронајдени скоро 200 вреќи полни со земја.

„Невозможное никој ништо да не видел целото тоа време. Ова не се случило за еден ден или една ноќ“, изјавила министерката за правда Сесилија Перес, пренесе „АП“.

Перес на новинарите им рекла дека покрај управникот на затворот, отпуштени биле и уште шест затворски службеници, пренесе „Ројтерс“.

Министерот за внатрешни работи Еуклидес Акведо соопштил дека е можно тунелот да служел како мамка за да се покрие вмешаноста на затворските службеници, како и дека е можно на многу затвореници да им е дозволено да излезат од затворот преку главната капија.

Акведо рекол и дека поголем број од побегнатите затвореници биле членови на озогласена бразилска криминална организација.

Пограничната област во близина на градот Педто Хуан Кабаљеро се смета за транзитна точка за криумчарење дрога и други криминални активности.

Видео: Рекордна количина на снег во Канада

Рекордна количина на снег на истокот од Канада во регионот Њуфаундленд.

Локалните власти во петокот прогласиле вонредна состојба а денес е продолжена. Силни врнежи од снег затрупаа автомобилите и створиле високи наноси од снег по улиците.

Локалните медиуми јавуваат дека аеродромот Сент Џон е затворен заради вонредни временски услови, а министерот за природни ресурси Сеамус О Регал вели дека приоритет е чистење на улиците.

„CP24“ јавува дека за чистење на регионот се ангажирала и војската.

Корисниците на социјалните мрежи ситуацијата ја опишаа како „snowmageddon“ (снежен армагедон), а на снимките се гледа како луѓето мораат да копаат низ снегот за да искочат од своите домови.

Едно лице повредено по расправија пред локал во Тетово

Триесет и петгодишен тетовец е повреден со остар предмет од две години постар сограѓанин откако претходно имале расправија на улицата „Маршал Тито" во близина на  Градскиот пазар околу 17 часот.  

Повредениот по укажаната лекарска помош во Тетовската болница, е пренесен на скопските клиники поради сериозноста на повредите.

– Во СВР Тетово во 17:20 часот пријавено е дека А.Л (35) по расправија со А.П (37) е повреден со остар предмет и добил убодна рана на левата нога. Настанот се случил пред угостителски објект во близина на Зелениот пазар во Тетово. Лицето А. П потоа побегнал. Екипа на СВР Тетово има извршено увид и започна потргата по А.П и расветлување на мотивите за расправијата и повредувањето, информираат од СВР Тетово. /МИА

притисни ентер