Заев не ја коментира Русковска, за ветингот во судството вели дека е неопходен процес - Канал 5

Заев не ја коментира Русковска, за ветингот во судството вели дека е неопходен процес

Не коментирам за обвинителката Русковска.

Заев не ја коментира Русковска, за ветингот во судството вели дека е неопходен процес

Премиерот Зоран Заев не сака да ја коментира вчершната најава на обвинителката Вилма Русковска дека ќе бара финансиска истрага за судиите во Апелацискиот суд кои ја пуштија поранешната сепцијална јавна обвинителка Катица Јанева во куќен притвор.

-Не коментирам за обвинителката Русковска. Прибе во својот извештај вели политичарите да избегнуваат коментари за одредени постапки на судии, обвинители, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по денешната промоција на веб платформата „Отворени финансии".

Премиерот Заев повтори дека ветинг ќе има за судовите и обвинителствата, бидејќи тоа е неопходен процес што мора да се случи.

– Нашиот народ очекува протресување на судии, обвинители, политичари, директори… Тоа треба добро да се организира. Поучени од искуството од Албанија треба да знаеме дали сме подготвени, да се анализира за да не останеме без судии и обвинители. Ветигот е наша обврска како општество. Не мислам дека политичарите не треба да го спроведуваат ветингот. Мора да се помине низ тој процес. Во иднина очекуваме низ поглавјата да имаме трансформација на нашето општество. Мора да се протресеме сите, да се знае дека ако сме влезени да и служиме на државата, треба транспарентно да ги дадеме сите наши податоци и за нашето семејство за да го отстраниме личниот интерес, рече Заев.

Посочи дека имал и политичко ветување за реизбор во правосудството. – Аргументите беа дека немаме доволен резервоар при евентуално анулирање на одредени судии и обвинители. Ако се случи стотина да не можат да го поминат ветингот, немаме како да го пополниме тоа. Ние по систематизација во правосудството имаме 750 судии, а во моментот има 520. И ако се случи стотина да не може да го поминат ветингот ние немаме од каде да ги надополниме тие стотина, а не пак другите 200. Академијата има „тесно грло" и не продуцира многу луѓе, рече Заев.

Верувам, додаде тој, дека имаме квалитетни кадри со над пет години искуство, адвокати, универзитетски професори…

Премиерот Заев рече дека во врска со овој процес има позитивни сигнали и од опизицијата и оти се надева дека наскоро ќе се реализира.

Енрике: ПСЖ има амбиција да продолжи да победува за да им го отежни животот на противниците

 Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, изјави дека играчите на тимот се решени да го освојат Светското клупско првенство.

Енрике: ПСЖ има амбиција да продолжи да победува за да им го отежни животот на противниците

- Ако ги погледнете четирите тренинзи што ги имавме во Лос Анџелес, можам да ве уверам дека желбата за победа е присутна. Тоа е нормално за овој тип играчи. Ќе покажеме многу добар резултат. Имаме амбиција да продолжиме да победуваме за да им го отежнеме животот на нашите противници, вели Енрике во интервјуто за „Марка“.

Светското клупско првенство во 2025 година се одржува од 15 јуни до 13 јули во Соединетите американски држави. ПСЖ ќе игра во група со Ботафого, Сиетл и Атлетико.

Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека воените напади врз Израел се акт на самоодбрана и дека Иран не сака проширување на конфликтот кон соседните земји, освен ако не биде присилен.

Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана

- Нашата воена реакција е базирана на правото на самоодбрана, рече Арагчи, нагласувајќи дека нападите се одговор на претходните израелски воздушни напади, вклучувајќи и врз нуклеарниот објект во Натанц.

Тој побара од САД да ги осудат израелските напади и изрази сомнеж во тврдењето дека Вашингтон не бил вмешан. - Ние не веруваме дека САД немаат улога во нападите врз нашиот нуклеарен објект, изјави шефот на иранската дипломатија.

Арагчи нагласи дека Иран останува цврст во ставот дека не поседува нуклеарно оружје, но истовремено го брани своето право на мирнодобска нуклеарна програма. Тој исто така откри дека шестиот круг преговори со САД бил откажан, но Иран бил подготвен да даде гаранции.

- Израел е противник на секое дипломатско приближување меѓу Иран и САД, додаде тој.

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

- Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори.

Тој нагласи дека деескалацијата и долготраен мир во регионот се можни само ако Иран престане да биде закана за регионот, Израел и Европа.

притисни ентер