Говорниците на протестот во Прага бараа оставка од Бабиш и прекинување на средствата и јавните договори за Агрофорт, деловна империја која беше во сопственост на Бабиш.
Протестот беше организиран од граѓанско здружение, откако јавниот обвинител минатата недела ја отвори истрагата за Бабиш, под сомнение дека ја крие сопственоста на една од неговите компании за да добие од фондовите субвенции од 2 милиони евра.
Одделно од истрагата во Чешка, Европската комисија минатата недела објави дека Чешката Република ќе мора да врати стотици милиони круни во европските фондови, бидејќи премиерот Бабиш не се дистанцирал доволно од Агрофорт и сè уште е под негова контрола.
Агрофорт е конгломерат на стотици компании и тоа е империја што Бабиш ја градел во последните две децении.
Извештајот од Брисел е сè уште таен, но излегол на јавноста преку чешките медиуми.
Бабиш (65), кој е на власт од 2017 година, ги отфрла сите обвиненија за криминал и повторува дека ги исполнил сите законски критериуми за да избегне судир на интереси.
Денес, десетици илјади луѓе излегоа на улиците според Ројтерс, или 60.000 според организаторите.
Тој број е далеку помал од двата протести одржани претходно оваа година, од кои вториот привлече 250.000 луѓе во ноември, најголемата демонстрација од падот на комунизмот пред 30 години.