Еден од екс офицерите тврди дека вонземјаните го исклучувале нашето нуклеарно оружје за да ја демонстрираат својата надмоќ, пренесува „Дејли стар“.
Стефан Басет основачот на Истражувачката група за парадигма тврди дека неколку сведоци забележале Неидентификуван летачки објект (НЛО) како манипулираат со нашето нуклеарно оружје кое со леснотија дури и го „исклучиле“. Басет сепак истакнува дека тоа не претставувало опасност за човештвото.
Поранешниот поручник на американското воздухопловство Боб Џејкобс во 2008 година во емисијата „Лари Кинг шоу“ на СНН изјавил дека НЛО ги активирал ракетните системи во 5 воздухопловни бази во различни држави, но и дека Владата на САД наводно ги прикрила овие информации.
Боб Салас, поранешен капетан во американското воено воздухопловство и Боб Џемисон , екс офицер, изнеле сензационално тврдење дека за време на ракетна проба во 1967 година „сноп од светлина ги онеспособил боевите глави“ .Поради инцидентот заведен под ознаката „ Malmstrom AFB NLO“, ракетите во Монтана привремено биле неупотребливи.
„Воздухопловните сили овој инцидент го истражувале тајно, верувам до 1972 година. Мислам дека тој сноп не е од земјата. Можеше да испраќа сигнали до секоја од нашите ракети посебно. Опремата за наведување и контрола била целосно онеспособена“, изјавил Салас. Според неговите зборови, надредените барале од него да потпише документ за чување на тајна во кој се обврзал дека никогаш нема да зборува за овој инцидент.
Боб Џејкобс, екс офицер за инструментално опремување во американското воздухопловство. Тврди дека на видео кое го снимил во 1954 година во воздухопловната база Вандернберг јасно се гледа НЛО, но дека снимката веднаш била заплената од страна на ЦИА.