Делегација на ВМРО-ДПМНЕ на Конгрес на ЕПП во Загреб

Делегација од ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски ќе присуствува на дводневниот самит на Европската Народна Партија (ЕПП)  кој се одржува во Загреб,  Хрватска.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, членот на ИК и секретар за меѓународна соработка Влатко Ѓорчев и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски и претседателката на комисијата за надворешни работи Христина Рунчева-Тасев ќе присуствува на дводневниот самит на Европската Народна Партија (ЕПП) кој денес (20.11.2019) и утре (21.11.2019) се одржува во Загреб, Република Хрватска.

Мицкоски во рамки на самитот ќе оствари повеќе билатерални средби со европски лидери чии партии се дел од Европската Народна Партија во рамки на самитот во Загреб.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски ќе оствари средба и со Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск кој единствениот кандидат за лидер на Европската Народна Партија.

Исто така Мицкоски ќе има свое обраќање пред европските лидери за време на самитот на ЕПП.

На самитот присуствуваат поголем број на европски лидери како актуелниот претседател на ЕПП Жозеф Дол, Претседателот на Европската Комисија во заминување, Жан-Клод Јункер, идната претседателка на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, германската канцеларка Ангела Меркел, австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: „Можеле да сокријат“ значи само едно - сокриваат многу

Нема ден да нема нов скандал и ново забегување во самобендисните изјави на државниот политички врв, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Министер за одбрана, втор чин во партијата на власт вели:

„Можеше ова да не го кажеме, за да добиваме помалку прашања“ - Радмила Шекеринска порача дека можеле да сокријат дека е вратен капарот за кинеските вакцини!

Внимавајте „можеле да сокријат“- значи само едно - дека сокриваат колку им душа сака!

На пример: сокриваат за случајот со Рашковски тежок осум милиони евра. Нели е сокривање снимен разговор, самиот потврди дека тој зборува, чиста корупција, нема ништо од некаков процес - јавноста не смее да зборува - затоа што ако зборува може да заврши како тројца новинари кои што беа повикани во полиција затоа што ја објавиле аферата?

Сокриваат ли за случајот „ШИК Јелак“ во Тетово - огромен скандал кој што открива можна поврзаност на владата, директно на премиерот, со балкански бизнисмен, поранешен припадник на југословенските служби, а сега го врзуваат со Москва, за пари давани на црно за финансирање на избори, имот, бензински пумпи и што се не, во замена за огромен градежен плац во Тетово? Да потсетам Заев призна дека дал насока СДСМ во Тетово на Советот да гласа за тој контроверзен ДУП!

Дали по принципот на Шекеринска сокриваат кој и што стои зад исчезнувањето на Сашо Мијалков, на пример, што предизвика скандалозни брканици, прес конференции, меѓусебни обвинувања на линија министер за внатрешни – суд - обвинителство? Сокриена ли е вистината за неговото изненадно појавување пред медиуми како слободно шета во Скопје иако има потерница и најавена е меѓународна потерница по него?

Сокриена ли е вистината и за причината зошто и четири месеци по најавата, нема вакцини и Македонија е црна дупка во светот, заради наводни грешки во документи, и со „Фајзер“, а сега и со Кина?

Сокриена ли е вистината за политичкиот договор за пописот? Сокриена ли е вистината за бројот на невработени, за затворени погони, за хаосот во образованието, за изборните манипулации, за поткупи, за висината на меѓународното задолжување, за криминалот и корупцијата заради која што Македонија тоне на сите релевантни мерења и полека полека од хибриден преоѓа во власт на диктатура?

Можеле да сокријат, за да добиеле помалку прашања - порача вториот чин во СДСМ! Прашањата се тука и Шекеринска и Заев и Филипче и Николовски и Спасовски ги знаат одговорите - само што се уште ги сокриваат. Но доаѓа ден, за брзо се ќе се дознае!


Џоди Фостер ја бакна сопругата, кога дозна дека го освоила Златниот глобус (ВИДЕО)

Џоди Фостер ја бакна својата сопруга Александра Хедисон кога дозна дека го освоила Златниот глобус.

58-годишната Џоди и 51-годишната фотографка Александра на кауч, облечени во пижами, го следеле доделувањето на Златните глобуси. Тие не ја криеја радоста кога Џоди беше прогласена за добитничка на наградата за споредна улога во драмата Мавританец.

„Ја сакам мојата сопруга, ти благодарам, Алекс“, рече Џоди, која на светот му објави дека е хомосексуалка уште на Златните глобуси во 2013 година.

Меѓу нив на каучот било и нивното куче Зиги, а објавата на наградата Џоди ја добила од нејзината пријателка, актерката Џејми Ли Кертис.

Џоди и Александра се венчале во април 2014 година, откако биле една година во врска.

Досега 329 пријавени за Нобеловата награда за мир

Досега 329 кандидати се пријавиле за Нобеловата награда за мир за 2021 година, што е најголем број и има повеќе од рекордната 2016 година, кога на крајот се пријавиле вкупно 376 кандидати.

Досега се пријавиле 234 физички лица и 95 организации и иако не се објавени имињата на кандидатите, оние што номинираат кандидати можат јавно да го објават името на нивниот кандидат, па затоа е познато дека меѓу кандидатите повторно е Светската здравствена организација, Сојузот за вакцини (Гави9), Коалиција за иновации за време на епидемијата (Цепи), пренесува Фигаро.

Меѓу кандидатите се повторно Доналд Трамп, неговиот зет Џеред Кушнер, престолонаследникот на ОАЕ, Мухабед бин Зајед ел Нахајан, Грета Тунберг, Алексеј Навални, белорускиот опозициски лидер Светлана Тихановскаја и многу други.

Кандидатите за Нобеловата награда се чуваат во тајност, и можат да бидат номинирани од членови на парламентот и министри од сите земји, поранешни лауреати, универзитетски професори.

Нобеловиот комитет ќе го објави својот избор на 8 октомври.

притисни ентер