Лоши вести за оние кои јадат навечер, особено за жените

Најновото американско истражување покажа дека доцните оброци можат да влијаат на кардиометаболичкото здравје на жената и дека јадењето повеќе калории по 18 часот е поврзано со послабото здравје на кардиоваскуларниот систем.

Студијата сугерира дека конзумирањето оброци порано во текот на денот може да придонесе за слабеење, за разлика од јадењето подоцна во текот на денот што влијае на зголемување на телесната тежина и го забавува метаболизмот.

Претходните студии покажаа дека подоцнежните оброци ги зголемуваат маркерите на воспаление вообичаено поврзани со развој на дијабетес и срцеви заболувања, а други студии спроведени врз лабораториски глувци и луѓе покажаа дека планирањето на оброците во одредено време може да помогне во контролата на нивото на шеќер во крвта , пренесува Medical News Today .

Најновото истражување, претставено на Конгресот на Американското здружение за срце (АХА) во Филаделфија, сугерира дека конзумирањето повеќе калории во вечерните часови може особено негативно да влијае врз здравјето на кардиоваскуларниот систем кај жените .

Главниот автор на студијата е др. Нур Макарем, соработник за истражување на Универзитетот Колумбија.

Најмалку една година, нејзините колеги ги следеле навиките во исхраната на 112 жени, со просечна возраст од 33 години.

Тие го испитувале кардиоваскуларното здравје на учесничките на почетокот на студијата, а една година подоцна вршеле анализи со помош на програмата „Life's Simple 7“, што анализира седум варијабилни фактори на ризик утврдени од АХА.

Испитаничките биле набљудувани за крвен притисок, холестерол, шеќер во крвта, физичка активност, диета, телесна тежина и навики на пушење. Врз основа на овие фактори, научниците пресметале кардиоваскуларен здравствен резултат за секоја од нив.

Студијата покажа дека учесниците кои консумирале повеќе калории после 18 часот биле повеќе склони кон полошо кардиоваскуларно здравје.

Поточно, кај оние кои подоцна консумирале повеќе храна, кардиоваскуларните фактори на ризик се влошиле. Било забележано зголемување на крвниот притисок, шеќерот во крвта и телесната тежина. Всушност, за секој еден процент од зголемувањето на внесот на калории по 18:00 часот, резултатот од нивното кардиоваскуларно здравје опаднало во иста мера.

„Досега пристапот во животниот стил, кога станува збор за спречување на срцевите заболувања, се фокусираше на она што јадеме и колку јадеме.

Овие првични резултати сугерираат дека луѓето кои го земаат предвид односот на време и калории кога станува збор за вечерни оброци, придонесуваат за намалување на ризикот од срцеви заболувања “, изјави д-р Макарем, додавајќи дека ќе бидат потребни дополнителни резултати и нова студија на поголем примерок и меѓу различни популации на жени.

Фото: Емили Ратајковски лансираше нова колекција на долна облека

Емили Ратајковски (28) лансираше нова колекција на долна облека, со што се пофали на социјалните мрежи.

Таа позираше заедно со нејзина колешка, а двете носеа само градник, танги и патики. Нивните разголени фотографии ги погледнаа повеќе од 10 милиони луѓе.

Маја Беровиќ без одмор

Маја Беровиќ е неуморна, кога станува збор за работата.

Популарната пејачка објави две нови песни, а претходно ја израдува својата публика на популарната платформа „Deezer”, потоа следеше ново изненадување кога на нејзиниот официјален Јутјуб канал се појавија видеоспотовите „Змај“ и „Улога“. Еден од спотовите е снимен во Доминиканскта Република.

Освен новите синглови, Маја неуморно настапува. Таа пред нова година настапува во Златибор, а за најлудата ноќ Маја Беровиќ ќе пее во Белград.

Новата „Opel Corsa“ ја освои титулата „AUTOBEST 2020“

Новата „Opel Corsa“ е изгласана за „AUTOBEST 2020“, европското признание за „Best Buy Car of Europe“ односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена.

Со вкупно 17.617 поени, новата „Corsa“ го освои првото место за само 157 поени пред новата генерација на „Peugeot 208“. Во проценти изразено, од вкупниот број распределени поени во финалето, разликата претставува само 0,2%! „Škoda Kamiq“ се најде на третото место со вкупно 16.848 поени, само 612 поени помалку од новиот „208“. Во вкупното рангирање следат „Renault Clio“ и „Nissan Juke“. Деталните резултати се наведени во „Final Ranking“ секцијата на веб-страницата на „AUTOBEST“.

„AutoBest “организацијата беше создадена во 2001 година со револуционерен концепт за „Best Buy автомобил“, односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена достапен на европскиот пазар. Членовите на жирито претставуваат вкупно 31 европска нација, опфаќајќи огромното мнозинство на европското население. За еден автомобил да стане AUTOBEST победник, мора да претставува најдобра понуда за повеќето европски купувачи. Цената, сервисната мрежа, снабденоста со резервни делови и разновидноста на понудата се најважните критериуми во процесот на гласање. Дизајнот и новите технологии се исто така важни критериуми. При одлучувањето за победникот AUTOBEST жирито користи транспарентен систем на гласање, со сложена шема од 13 критериуми.

притисни ентер