Продолжуваат крвавите протести во Боливија , најмалку еден загинат (ВИДЕО)

Еден демонстрант е убиен , а десетина се повредени во близина на Ла паз, главниот град на Боливија , во денешниот судир меѓу демонстрантите со приврзаниците на свргнатиот претседател Ево Моралес.

Демонстрантите се обидоа да ја деблокираат рафинеријата , што ја зазедоа приврзаниците на Моралес , во што ги спречи војската , која пукаше кон демонстрантите. 31- годишен маж е убиен во судирот , откако е погоден со огнено оружје.

Тоа е 25-та жртва на насилството во Боливија за време на тешката политичка криза во текот на минатиот месец.

Според извештаите во медиумите, меѓу три и пет лица се повредени во судирите што избувнаа кога приврзаниците на поранешниот претседател Моралес започнаа да фрлаат камења кон рафинеријата ,,Сенката’ во Ел Алто, во близина на Ла Паз.

Претходно, полицијата и војската го блокираа пристапот до рафинеријата што беше блокирана од демонстрантите помалку од една недела, предизвикувајќи големи недостатоци на гориво во Ла Паз.

„Гответе со Дракче“ -​ Печен лосос

Во вторник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Елена Велевска.

Состојки за денешниот рецепт:

2 парчиња лосос

2 лимона

брашно, бибер, сол

маслиново масло

за прилог:

рукола, шери домати, балсамико

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Артета по 5:0 над Челси: На моменти не бевме доволно дисциплинирани

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ја прокоментира победата на „топџиите“ со 5:0 против тимот на Челси во средбата од 29. коло на англиската Премиер лига.

Ова беше најголемиот успех во историјата на нивното ривалство, откако успеаја да го подобрат својот рекорд од 1930 година кога го победија истиот противник со 5:1.

-Многу сум среќен поради победата, бројот на шанси и постигнатите голови. Тоа што не примивме гол ја покажа и нашата постојаност оваа сезона. Во првото полувреме на моменти не бевме доволно дисциплинирани. Анализиравме на паузата и потоа имаше подобрувања и второто полувреме беше неверојатно, изјави Артета, цитиран од Би-Би-Си.

Благодарение на успехот, Арсенал излезе на првото место, три бода повеќе од второпласираниот Ливерпул и четири од третопласираниот Манчестер Сити. /МИА

Во Делчево изборниот процес почна навреме, гласањето се одвива во најдобар ред

Во Делчево навреме се отворени вкупно 36 избирачки места на кои денеска 14.490 граѓани регистирани во Избирачкиот список имаат право на глас за еден од седуммината кандидати за Претседател на државата. 

Според информациите од терен избирачките места биле отворени на време, а гласањето се одвива во најдобар ред.

- Се наоѓаме на избирачко место 582/1, ладе гласањето започна навреме, се се одвива во најдобар ред. Првите бројки околу излезноста ќе ги соопштиме по 9:00 часот, истакна Благица Петровска, член на избирачкото место.

-Се наоѓаме на избирачко место 580, навреме започна гласањето и процесот си тече нормално, изјави Емилија Трајановска, член на избирачкиот одбор.

Своето право на глас вчера во Делчево го остварија 147 болно и изнемоштено лице кои гласаа во домашни услови.

притисни ентер