Сопругата на најголемиот нарко бос, Ел Чапо, се појави во ријалити шоу (ВИДЕО)

Сопругата на мексиканскиот наркобос и поранешен водач на картелот Синалоа, Жоакин Архивалдо Гузман Лоера „Ел Чапо“ (Кусиот), Ема Коронел Аиспуро (30), го имаше своето деби во телевизиско шоу „Картел Кру“ во неделата.

Коронел Аиспуро била видена како разговара со Колумбиецот Мајкл Бланко, најмладиот син на „Кум на кокаин“ Гриселдо Бланко и неговиот партнер Мари Рамарез де Арелано на јахта во американскиот град Мајами. Дејли Меил дозна од телевизијата VH1 дека сопругата на 62-годишниот Ел Чапо ќе се приклучи во втората сезона на шоуто.

Бланко и кажал на Коронел Аиспуро за загубата на неговата мајка, која била убиена на 3 септември 2012 година во градот Меделин, Колумбија. Тој исто така и рекол дека знаел дека и двајцата претрпеле. Потоа, тие се свртеа кон деловни теми. "Размислувам да започнам линија за облека што ќе го носи името на Жоакин. Возбудена сум што ќе го започнав овој проект. Јас се обидувам да го направам она што ние разговаравме за тоа што сакавме", изјави Коронел.

,,Понекогаш сакате да бидете нормална личност. Јас себеси се сметам за нормална жена. Поголемиот дел од времето се обидувам да останам позитивна и да не жалам за тоа што се случи", продолжи Коронел Аиспуро.

Коронел Аиспуро и Ел Чапо се во брак од 2007 година, а заедно имаат седумгодишни близнаци. Двојката се запознала на натпревар за убавина на фестивалот Канава во Канелас, кога Коронел Аиспуро имала 18 години. Ел Чапо, наводно, веднаш ја побарал за жена.

Хоакин Архивалдо Гузман Лоера издржува доживотна казна затвор недалеку од американскиот град Фиренца, Колорадо. Неофицијалното име на тој затвор е „ Алкатраз“.

Во Хрватска 50 новозаразени со корона, починало едно лице

Во Хрватска во последните 24 часа од 763 тестови се регистрирани 50 новозаразени со коронавирус.

Уште едно лица почина од последиците од Ковид -19, објави Националниот штаб за цивилна заштитна .

Во Хрватска во моментов има 1117 активни случаи на корона, од нив 132 пациенти се на болничко лекување, а тројца пациенти се на респиратор.

Од 25 февруари кога во Хрватска бил забележан првиот случај на корона па се до денес вирусот е потврден кај 3722 лица, а досега се тестирани 93571 лице. Од почеток пандемијата во Хрватска има 119 починати од ковид-19 , а оздравени се 2486 лица. Во самоизолација во моментов се 4861 граѓанин.

Фудбалерот на Интер, Брозовиќ поради возење под дејство на алкохол остана без возачка

Хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ остана без возачка дозвола поради возење во пијан.

Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ наведува дека играчот на Интер бил запрен во неговиот „Ролс Ројс“ во раните утрински часови по вечерното излегување во Милано.

Работата се искомплицвирала кога полицијата го запрела Брозовиќ поради минување на црвено светло.

За среќа фудбалерот на Интер не предизвикал никаков инцидент.

Полицијата брзо го пресретнала и му ја одзела возачката дозвола на лице место.

Фото: Ким Кардашијан без ботокс!!

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан на своите фанови на социјалните мрежи им сподели спомени од младоста, стари фотки и модни комбинации.

-Чувам се, а за време на карантинот исто така ги организирав фотографиите . Пронајдов свои стари модни комбинации. Толку многу добри работи има тука. Дали се сеќавата не некои од нив?Или можеби изгоретините кои ги добив во Мексико, се пошегувала Ким на својот Инстаграм профил.

Но, голем дел од нејзините фанови веднаш забележале дека Ким на фотографиите е природна и нема ботокс.

притисни ентер