Седум автомобили чија вредност најмалку опаѓа низ годините

Новите автомобили почнуваат да ја губат својата вредност веќе во моментот кога ќе го вметнете клучот во бравата.

Брзината со која автомобилот ја губи вредноста зависи од неколку фактори и затоа не сите автомобили ја губат својата вредност подеднакво.

Според неодамнешното истражување на повеќе од 7,7 милиони нови и користени автомобили од iSeeCars.com, просечното возило губи половина од својата вредност по пет години.

Сепак, постојат и модели кога тоа се случува со многу побавна брзина, пренесува Телеграф.

1. Subaru WRX - 40% загуба на вредноста

На оваа скала, ќе видите значително помалку модели на седани и хечбек, како што е Subaru WRX отколку што веројатно се очекува. Но, ова не е големо изненадување бидејќи купувачите во моментов целосно се воодушевуваат од SUV моделите.

Ова е особено точно за WRX, кој првенствено е насочен кон ентузијасти, и затоа ја држи цената.

2. Nissan Frontier - 39,5% загуба на вредност

Frontier не е премногу конкурентен производ, но овој модел е стар пет години и е направен кога производството на пикап со средна големина не беше толку распространето како што е денес.

3. Nissan GTR - 39,4% загуба на вредноста

Овој модел е популарен и како Godzilla, и го заработи прекарот благодарение на 3,8-литарскиот дво-турбо V6 мотор кој испорачува 480 коњски сили на сите четири тркала.

4. Porsche 911 - 37,2% загуба на вредноста

Тоа е легендарен модел кој секогаш ќе биде во побарувачка затоа што претставува сон на многу возачи.

И го има фактот дека Порше со децении не го менува основниот изглед на овој модел, што значи дека петгодишниот модел сепак изгледа како нов.

5. Toyota Tundra - 35,9% загуба на вредност

Тојота Тундра е единствениот голем пикап на оваа скала, а неговата репутација за исклучително сигурен автомобил не му ја намалува вредноста.

6. Jeep Wrangler - 31,5% загуба на вредноста

Ова не е преголемо изненадување бидејќи Wrangler има издржливост и легендарен статус. Верните фанови не треба да бидат занемарени, заради чија побарувачка Jeep едноставно не може да направи доволно модели за да ги задоволи.

7. Jeep Wrangler Unlimited - 30% загуба на вредноста

Jeep го воведе Wrangler Unlimited со четири врати во 2006 година и веднаш успеа да се наметне.

Побарувачката за овој модел исто така покажува дека Wrangler Unlimited е возило што најмалку губи од својата вредност.

Три возила учествуваа во несреќата на патот Штип-Радовиш кај патоказот за село Љуботен

Тешка сообраќајна несреќа вечерва во 21:30 часот се случи на патот Штип-Радовиш, во која учествувале три возила. 

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека несреќата се случила кај сообраќајниот знак за селото Љуботен, според првичните информации од терен има повредени и во оваа несреќа, а се повикани и пожарникарите, со цел да ги издават повредени лица.

Повеќе детали околу несреќата најавуваат за утре.

Ова е втора сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш и тоа во рок од само неполни два часа. МИА претходно информираше за несреќата, која се случи по 19 часот во близина на селото Лакавица во којашто, според директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев повредени se 13 лица, од кои 11 се мигранти и две се жени, македонски државјани. Според она што го видовме на лице место несреќата се случила меѓу две возила марка Мерцедес.

Мигрантите се транспортирале во багажникот во самиот автомобил. Овие две возила излетале од коловозот на десната страна во правец Штип-Радовиш. Според првичните информации од полицијата, возачот на мигрантите побегнал од местото на несреќата. /МИА

Тешка сообраќајка вечерва во близина на штипското село Лакавица, повредени 13 лица

Тринаесет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи вечерва во близина на штипското село Лакавица во која чествувале две возила, од кои во едното се превезувале мигранти.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова потврдува дека во несреќата учествувале две возила, меѓутоа повеќе детали како се случила не може да даде, бидејќи во тек е увидот од страна на истражните органи.

Директорот на Клиничка болница Штип Ален Георгиев за МИА вели дека во болницата се хоспитализирани 13 лица, од кои 11 се мигранти и двајца се македонски државјани.

Според она што му е презентирано од страна на дежурните лекари, прв впечаток е дека ниту еден од повредените не е во животозагрозувачка состојба, но во тек се прегледите и снимањето со цел да им се утврдат повредите.

Првично станува збор за мигранти од Пакистан, а мигрантите кои се во моментов во болницата во Штип ќе бидат примени на две одделенија, на ортопедија и на хирургија. Георгиев вели дека во текот на ноќта мигрантите ќе бидат и тестирани за КОВИД-19.

Повеќе детали околу несреќата се очекува вечерва или во текот на утрешниот ден. /МИА

Фото: Најзгодната медицинска сестра на светот!!

Лорен Дреин Каган е медицинска сестра, фитнес модел и персонален тренер. 

Атрактивната русокоса станала светски позната кога ги објавила своите мемоари како член на контроверзната „ Westboro“ баптистичка црква.

Атрактивната Лорен има повеќе милиони фанови на социјалните мрежи, секако поради својот изглед.

За многумина од нејзините фанови таа е „најсексапилната медицинска сестра на Инстаграм“. На оваа социјална мрежа Лорен има повеќе од 4 милиони следбеници.

Иако понекогаш Лорен работи и 13 часа на ден, секогаш наоѓа време за интензивен тренинг со кои ја одржува својата совршена става.

притисни ентер