Епохално откритие: На месечината на Јупитер се најдени извори на водена пареа (ВИДЕО)

Пред 40 години, вселенското летало Војаџер ги сними првите подетални фотографии на Европа, една од 79 месечини на Јупитер.

Потоа Војаџер откри пукнатина со кафеава боја што се чинеше дека ја зафаќа цела Европа, а научниците почнаа да истражуваат што точно значи и како се појавила.

Наскоро беше откриено дека тоа може да укаже на скриен океан под ледената површина, од каде водата излегува на површината преку гејзери. Но, астрофизичарите досега не успеале да ја докажат емпириски оваа хипотеза, односно да потврдат дека овие планетарни гејзери навистина содржат молекули на вода, пренесува НАСА.

Но, неодамна, меѓународен истражувачки тим од центарот за вселенски летови на НАСА, Годард во Мериленд, за прв пат сними водена пареа над површината на Европа. Оваа појава била забележана на месечината на Јупитер преку еден од најголемите телескопи на Хаваи - телескопот Кек.

Со помош на неговиот спектрограф, научниците го испитале хемискиот состав на планетарната атмосфера. Поточно, молекулите на вода, кога се во интеракција со сончевото зрачење, испуштаат специфични фреквенции на инфрацрвена светлина.

Потврденото присуство на водена пареа укажува на три можни опции: а) под ледената површина на Европа постои океан со вода што може да биде двојно поголема од Земјата

б) под површината на Европа има плитки резервоари на растворен мраз

в) силното зрачење од Јупитер ги крева честичките на вода од замрзнатата површина (оваа можност е најмалку веројатна затоа што неодамнешните студии покажаа дека таков механизам не би можел да биде извор на забележаната водена пареа).

„Низ целиот соларен систем, можеме да најдеме две од трите основни компоненти за развој на живот: основни хемиски елементи (јаглерод, водород, кислород, азот, фосфор и сулфур) и извори на енергија. Но, третата компонента, проточно вода, не е лесно да се најде надвор од нашата планета “, изјави научникот Лукас Паганини.

„Иако сè уште не сме откриле директно вода за пиење, ја најдовме следната најдобра работа: пареа“, додаде тој.


Гасперини: Победата над Ливерпул е како трофеј за Аталанта

-Несомнено ни е важно да освоиме нешто, но победа е и да го видиме единството на овие момци, изјави Гасперини.

Тренерот на Аталанта, ЏанПјеро Гасперини по пласманот на неговиот тим во полуфиналето на Лига Европа, по победата од 3:0 против Ливерпул на „Енфилд“ пред една недела и тесниот пораз од 0-1 синоќа во реваншот, изјави дека елиминирале „одличен тренер и одличен тим“.

- Несомнено ни е важно да освоиме нешто, но победа е и да го видиме единството на овие момци. На полувремето ги прашав дали сакаат малку да се повлечат и да се бранат подлабоко, дали чувствуваат притисок, но тие рекоа апсолутно не! Ова е трофеј за мене, оваа победа е како трофеј за Аталанта, бидејќи тие размислуваат како мене. Кога клуб како нашиот ќе успее да постигне резултати далеку од историјата на Аталанта и Бергамо, морам да го сметам за исклучителен за мојата кариера, за Бергамо и за сите останати, изјави Гасперини.

Во полуфиналето Италијанците ќе ги одмерат силите со тимот на Марсеј, кој по продолженијата и пенали ја совлада португалска Бенфика. Средбите се на 2 и 9 мај. /МИА

За брзо возење вчера казнети 133 возачи низ државата

Во сообраќајна контрола на територијата на државата полицијата вчера казнила 133 возачи поради брзо возење, од нив две возила се  движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, 64 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 69 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

притисни ентер