Заев-Која: Македонија придонесува за домашната и регионалната безбедност, поддршка за напредокот

Актуелната политичка ситуација во нашата држава во пресрет на изборите била темата на денешната средба на премиерот Зоран Заев со шефот на Мисијата на ОБСЕ во земјава, амбасадорот Клеменс Која.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата поздравени се политиките на Едно општество за сите во државата, како интегративен концепт со кој Македонија обезбедува еднакви шанси за сите и придонесува во домашната стабилност, а со тоа и во стабилноста во регионот. Изразена е и поддршка за напредокот на државата во реформите, во добрососедските односи и за евроатлантската определеност на нашата држава.

-Работиме на реформскиот процес, на интеретничката кохезија и на искрени, пријателски односи со соседите и во регионот. Фокусирани сме проевропски затоа што тоа е стратешка цел за земјата, заедно со членството на НАТО. Ваквата определеност веќе ги дава првите развојни економски резултати со директно влијание врз подобрување на животот на граѓаните. Свесни сме дека има уште многу да се сработи, но токму поради тоа и сметаме дека интеграциите на Република Северна Македонија и на регионот немаат алтернатива. Ние сме одговорна Влада и работиме во насока на зајакнување на стабилноста во државата и во регионот, рече премиерот Заев.

На средбата е потенцирана важноста од почитувањето на човековите слободи и права, правдата и борбата против криминалот и корупцијата.

Активни 3.526 случаи на заразени со Ковид-19, оздравеле 4.203 лица

Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. 

И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не стивнува. Најмногу случаи и натаму има главниот град, а од скопските општини предничи Чаир.

Сто триесет и шест нови случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани вчера, оздравеле 123 заболени, а шест лица починале. Направени се 991 тестирања.

Од почетокот на епидемијата досега во земјава се регистрирани 8.111 случаи на заразени лица, излекувани се 4.203 лица, а починаа 382. Додека, бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.526.

Сто триесет и шест нови случаи на заболени од Ковид-19 беа се регистрирани во изминатите 24 часа, оздравеле 123 заболени, а шест лица починале. Направени се 991 тестирања.

Во последниов период најмногу нови случаи се бележат во Скопје, каде има 1838 активни случаи, во Куманово се активни 186, во Дебар 89, Штип 172, Прилеп 63, Тетово 320, Струга 161, Велес 35, Битола 26, Охрид 133, Кавадарци 17, Гостивар се активни 143, Гевгелија 2, Струмица 16, Крива Паланка 9, во Радовиш се активни четири случаи, Крушево 7, Кочани 15, Пробиштип 24, Демир Хисар 7, Македонски Брод се активни четири случаи, Пехчево 1, Берово 1, Виница 1, Кратово 3, Свети Николе 110, Кичево 62, Ресен 82 и Неготино три случаи.

По општини во Скопје, најмногу активни случаи се бележат во Чаир – 300, Аеродром – 159, Бутел – 131, Гази Баба – 189, Центар – 138, Карпош – 140, Сарај – 120, Кисела Вода – 108, Ѓорче Петров – 105, Студеничани – 110, Шуто Оризари – 79, Арачиново – 43, Илинден – 23, Петровец – 18, Чучер Сандево – 11, Сопиште – 9, Зелениково- 14, пет странци и 128 случаи се нераспределени./МИА

Сончево со мала доумерена облачност и температура до 31 степен

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. 

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, преку денот најизразен ќе биде во источните делови на земјава и вдолж Повардарието.

Минималната температурара ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 27 степени. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Денес и утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурата за неколку степени. Во вторник времето ќе биде сончево со пониски утрински температури, а потоа ќе се задржи сончево и потопло време но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд./МИА

Дневен хороскоп за 13. јули 2020 година

Дневен хороскоп за понеделник, 13. јули 2020 година. 

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Како што ќе минува денот , полека ќе паѓаат сите маски , а вас тоа ќе ве радува зашто по природа сте отворени.

Кариера

Со тактичност и дипломатија можете да постигнете вреден договор со шефовите. Без тактичност можно е само надмудрување.

Здравје и совет

Бидете паметни.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Би можеле денеска да излезете и убаво да си поминете. Нема да има сензации , но ритамот на друштвениот и личниот живот е поволен.

Кариера

Почнува период во кој нема да ги држите конците во свои раце , па затоа продгответе се .

Здравје и совет

Размислувате за диета.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе бидете концентрирани на саканата личност и ќе настоите да и игодите во секој поглед. Сепак не заборавајте се себеси.

Кариера

Можеби некои други се сега центар на случувањата на работното место , но вие својата работа пропдолжувате да си ја работите во мир и тишина.

Здравје и совет

Не очекувајте чуда.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Заведувањето ќе ви биде секојдневно хоби , а денеска преку него ќе се надмудрувате со другата страна.

Кариера

Веројатно ќе ви текне интересна идеја , но сепак ќе треба да знаете кому да му ја претставите.

Здравје и совет

Мали преодни грижи.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Немојте премногу да сонувате зашто принцот(принцезата) на коњ би можела да ви избега.Подобро држете ги очите ширум отворени.

Кариера

Вашата потреба за слобода денеска ќе се засили , и како што ќе минува денот , така се помалку ќе ви се работи.

Здравје и совет

Подобро да трчате отколку да озборувате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Колку и да се трудите , ќе чувствувате празнина во душата , а љубовниот живот ќе ви биде недокажан.

Кариера

Пред вас се нови и многубројни работни задачи. Ќе мора да работите повеќе и најдобро е да почнете веднаш.

Здравје и совет

Држете се до своите принципи.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете малку лути , зашто другата страна не ве разбира , но тоа е резултат од вашите преголеми очекувања.

Кариера

Ако малку подобро погледнете што се случува околу вас ,ќе најдете на работата многу причини за задоволство.

Здравје и совет

Подготвени сте за акција на работното место.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе поработите на комуникацијата со саканата личност. Така својот однос уште повеќе ќе го унапредите.

Кариера

Кога се работи за деловните односи, денеска многу работи доаѓаат на вистинското место.

Здравје и совет

Покажете се што знаете.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во случај да се посомневате во себеси , свртете се и погледнете ги луѓето околу вас. Преку нив ќе видите дека се е во ред.

Кариера

Го ценат вашиот труд , а особено сега на почеток на новите анализи или пописи. Почнувате да ги согледувате резултатите.

Здравје и совет

Ќе има чудни сништа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе флертуваат со личност која едноставно не е од нивен ранг. Ќе биде тоа вистинска утопија за двете страни.

Кариера

Можете да бидете среќни што некој од соработниците ви прогледува низ прсти. Истовремено , вашите критичари не спијат.

Здравје и совет

Морате да се приберете.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Идеализам , сонување и фантазирање – сето тоа ќе го доживеете денеска. Бидете подготвени.

Кариера

Без оглед што сте направиле некои грешки , денеска ќе го одвоите и нагласите она доброто што сте го направиле.

Здравје и совет

Не ги критикувајте другите, прво погледнете се себеси.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се двоумите дали да излезете надвор на атрактивно место или да останете дома и да уживате со партнерот во пријатна вечера. И едното и другото е добро за вас.

Кариера

Вашиот стил на работење веќе на сите им е препознатлив, но сега и други ќе ве прашуваат за совет или упатство.Помогнете им.

Здравје и совет

Не ви треба совет , знаете на што сте.

притисни ентер