Утре средба Димитров – Дендиас во Брисел

На маргините на Самитот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, утре ќе одржат средба Никола Димитров и Никос Дендиас.

Како што соопштуваат од грчкото МНР, министерот за надворешни работи на Грција, утре ќе учествува на состанокот на кој фокусот ќе биде ставен на подготовките за НАТО Самитот на 3 и 4 декември, а ќе оствари средби и со неговите колеги од Северна Македонија и Исланд./МИА

Николоски до Ангов: Престани да правиш притисоци и да нудиш поткуп, тоа е казниво

„Веќе се бројат деновите до првиот круг на претседателските избори и сум сигурен дека уште првиот круг ќе донесе огромна победа за ВМРО-ДПМНЕ, за Гордана Силјановска Давкова.#

„Веќе се бројат деновите до првиот круг на претседателските избори и сум сигурен дека уште првиот круг ќе донесе огромна победа за ВМРО-ДПМНЕ, за Гордана Силјановска Давкова и ќе е влез за голема победа на осми мај на претседателските и парламентарните избори“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа на ИЕ4 од митингот во Дојран.

„Сакам да започнам со една локална тема, во четвртата изборна единица малце се општините каде што ВМРО-ДПМНЕ нема градоначалник, една од тие е Дојран и сум убеден дека следната година ќе имаме градоначалник и тука и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја води општината“, нагласи тој.

Николоски додаде дека има неколку пораки до актуелниот градоначалник при што посочи дека во Дојран пропаѓаат убаво уредените плажи и патеката околу езерото, во Дојран езерото зависи само од Господ и од природата, затоа што не функционира или нередовно функционира системот кој што треба да го одржува езерото. Не е одговорно од градоначалникот што воопшто не посветува внимание на овие работи.

„Пред некој ден бевме на другата страна, во селото Николиќ и ни рекоа тука во близина имавме преубаво уредена плажа за жал сега ја нема затоа што никој не се грижи за неа. И ни велат покрај земјоделие можеме убаво да живееме од туризам но градоначалникот тоа не ни го овозможува“, рече Николоски.

„Би му порачал дека треба многу, многу поодговорно да се грижи за општествениот, државниот имот затоа што тоа е имот на сите нас и тука се трошат пари од сите вас, од граѓаните на Дојран, но и на сите кои што сакаат да помогнат“, порача Николоски.

Тој посочи дека втората порака до градоначалникот на Дојран е да го предупреди дека согласно Изборниот законик и Кривичниот законик се сметаат за тешки кривични дела, делата против изборите. Николоски додаде дека слуша дека градоначалникот тргнал притисоци да прави и поткуп да нуди.

„Да му кажам дека тие кривични дела не застаруваат, за нив се одговара, казните се големи. За некои се од пет години нагоре, а за некои се и од десет години нагоре. Така што пет пати да отвори очи пред било што да прави, да престане да прави притисоци и да престане да нуди поткуп“, нагласи Николоски.

„Третата работа која што сакам да ја порачам е дека многу внимателно ја следиме неговата работа. Иако општината на прв поглед изгледа мала заради езерото е исклучително атрактивна. Има бројни сомнежи за злоупотреба на службена положба. А, пред се во делот на урбанизмот, и тоа го следиме многу внимателно. И сето тоа ќе биде внимателно истражено затоа што никој не смее да се богати на ваш грб, никој не смее да се богати на грб на граѓаните“, порача тој.

Николоски укажа дека се надева дека градоначалникот на Дојран ќе ги слушне трите пораки.

Тој додаде дека изборот на овие избори е јасен, Македонија е време да стане повторно горда, а тоа ќе биде со Гордана Силјановска Давкова како претседател на државата и ВМРО-ДПМНЕ да ја формира владата, се наведува во партиското соопштение.

Откриена е најголемата црна дупка во Млечниот Пат- поголема е 33 пати од Сонцето

Астрономите ја открија најмасивната ѕвездена црна дупка на Млечниот Пат досега.

Новооткриената црна дупка е 33 пати поголема од Сонцето и е оддалечена 2.000 светлосни години, објави Sky News.

Ѕвездена црна дупка се формира при колапс на ѕвезда, а оние досега пронајдени на Млечниот Пат биле околу 10 пати поголеми од Сонцето.

Научниците од мисијата Гаја на Европската јужна опсерваторија ја забележале црната дупка откако беше забележана ѕвезда како се „ниша“ додека орбитира околу областа, наречена Гаја БХ3.

– Никој не очекуваше дека во близина ќе најде толку голема црна дупка, која до сега не е откриена – изјави Пасквал Пануцо, астроном од Националниот центар за научни истражувања при Опсерваторијата во Париз.

Според него, вакво откритие се случува еднаш во животот на истражувачот.

Гаја БХ3 е втората најблиска црна дупка до Земјата и се наоѓа во соѕвездието Аквила, што на латински значи „орел“.

Турк: Мора да се направи повеќе за да се стави крај на ужасната криза во Газа

Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк, повика на нови напори од „сите држави со влијание“ за олеснување на „ужасните“ услови во Газа и на Западниот Брег, пренесе ДПА.

-Решавањето на катастрофалната ситуација на цивилите во Газа мора да остане приоритет, изјави портпаролката на Турк, истовремено додавајќи дека насилството на Западниот Брег предизвикува „голема загриженост“.

Во соопштението од Канцеларијата на ОН се наведува дека „Израел продолжува да го попречува увозот и дистрибуцијата на помош во Појасот Газа, што е кршење на меѓународното право“, пренесе германската агенција.

Турк побара ослободување на израелските заложници кои беа киднапирани во октомври 2023 година, прекин на огнот во Газа и неограничен пристап за сите хуманитарни работници со цел да се олесни маката на цивилното население на палестинската територија.

Канцеларијата на ОН за човекови права добила извештаи дека израелската војска само минатата недела нападнала најмалку осум џамии за време на прославите по повод крајот на Рамазан.

-Местата за богослужба се заштитени според законите на војната, рече портпаролката на Турк.

На окупираниот Западен Брег, Палестинците се под чести напади од толпи израелски доселеници, кои често се поддржани од војската.

По убиството на 14-годишното израелско момче од семејство доселеници, четворица Палестинци, меѓу кои и едно дете, беа убиени во акти на одмазда.

„Израел, како окупаторска сила, мора да ги преземе сите мерки во негова моќ за да го врати и обезбеди, колку што е можно, јавниот ред и безбедност на окупираниот Западен Брег“, се вели во соопштението./МИА

притисни ентер