Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на Апелација за куќниот притвор на Јанева

Да ја најдеа торбата Луј Витон сигурно и неа ќе и ја вратеа сосе илјадниците евра, но нема потреба бидејќи не ја ни бараа, се наведува во реакцијата на ВМРО - ДПМНЕ на одлуката на Апелацискиот суд. 

Да не беше трагична, одлуката за ослободување на Катица Јанева од притвор ќе беше смешна.

Нема подобар пример за функционирањето на Кацарска судството и Русковска обвинителството од начинот на кој што ја водат истрагата за случајот Рекет.

Од самиот старт првин негираа дека постои предмет, а Зоран Заев обвинуваше дека се било конструкција на еден суетен новинар и едно лице со поинаква сексуална определба.

Бидејќи пред фактите и боговите молчат, Зоран Заев мораше да се согласи неговата Русковска да отвори истрага, но до последен момент ја бранеше Катица Јанева. Додека некои беа во притвор Катица Јанева си беше на плажа и ги губеше телефоните. После тоа следуваа изјави дека немало инволвирани функционери, па под притисок на јавноста мораше Фрики да биде процесуирана, откако и таа претходно ги изгуби двата телефони.

Повеќе од јасно е дека сме сведоци на сценариото кога се реализираат спогодбите со инволвираните во аферата „Рекет" само за да не ја откријат нивната врска со главата на октоподот Зоран Заев.

Ова не е правна држава. Ова мора да се смени и ќе се смени откако криминалот и корупцијата ќе бидат поразени на 12-ти април.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Заев: Коалицијата Можеме е победник на овие избори!

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во обраќањето рече дека коалицијата Можеме е победник на предвремените парламентарни избори со најмалку три пратеника предност пред ВМРО-ДПМНЕ.

Заев рече дека коалицијата има сигурна и стабилна предност од најмалку тројц апратеници , со мошност за добивање уште двајца или тројца.

,,Со оваа ваша поддршка не обврзувате на одговорност, но може да работиме уште повеќе и уште подобро" , рече Заев .

ДИК: СДСМ 36,13%, ВМРО-ДПМНЕ 34,65%, ДУИ 11,57%, АА и А 8,79%

Од преброени гласови 96,93 отсто од избирачките ливчиња, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме" води со освоени 36,13 отсто од гласовите пред ВМРО-ДПМНЕ со 34,65.

Податоците објавени од Државната изборна комисија во нивното седиште, имајќи предвид дека веб страницата повеќе од еден час не им функционира, покажуваат дека за ДУИ гласале 11,57, за Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,79, за Левица 3,96, ДПА 1,48 и за Интегра 1,33 , а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто, информира пред малку на прес конференција портпаролот на ДИК , Адмир Шабани.

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за формирање на нова влада

Народот покажа дека народот не сака криминална и коруптивна власт, рече генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ , Игор Јанушев.

Победивме во голем број градови и населени места рече Јанушев. Трката е тесна речиси изедначена , да почекаме да ги видиме финалните бројки.

ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за обезбедување мнозинство за формирање на нова влада .

притисни ентер