Владата предлага да се зголеми прагот за ДДВ обврзници на два милиона денари

Владата усвои измени на Законот за данокот на додадена вредност со кои предлага прагот за задолжителна регистрација на ДДВ обврзници да се зголеми од милион на два милиона денари.

Со законот воедно се пропишува можност даночните обврзници кои се регистрирани за цели на ДДВ да имаат право на одбивка на претходен данок со поседување фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 денари издадена согласно со Закон за регистрирање на готовински плаќања.

-Со оваа новина во законот се укинува сметко-потврдата како задолжителен документ придружен со фискална сметка за промет до 6000 денари, со што во голема мерка се заштедува на време, хартија и на административна постапка, соопшти владината прес-служба.

Истовремено, предложениот закон има цел да овозможи ослободување од плаќање на данок на додадена вредност на добрата кои се увезуваат од страна на воените сили на други држави кои се членки на НАТО.

Ахмедовски: Во претстојниот мандат ќе сработиме уште повеќе и уште подобро во интерес на заедницата

Сивата ромска политичка зона да стане бела и ромската заедница достоинствено да учествува во креирањето економски развој и иднина на младите. 

Ова од Делчево денеска го порача претседателот на партијата за демократски просперитет на Ромите, Аксел Ахмедовски кој потенцираше дека партијата се одлучила за коалиција на претстојните избори рече дека само на тој начин ќе се обезбеди еднаквост за сите.

-На тој начин ќе се обезбеди и толеранција искоренување на дискриминацијата и сиромаштијата преку креирање на заеднички јавни политики со активна вклученост на вистински претставници на ромската заедница во институциите на системот. Ако ме прашате зошто коалиција со СДСМ, затоа што сметаме дека на тој начин ќе биде обезбедена поголема социјална сигурност, рече Ахмедовски.

За време на неговот учество во Владата, како што додаде, гарантираната минимална помош е трипати повисока од социјалната помош, а паралелно е воведена социјална сигурност за старите лица, таканаречена социјална пензија за лицата над 65 години.

-Воведен е детски и образовен додаток за деца од семејства корисници на гарантирана минимална помош, покачена е минималната плата, покачена е минималната пензија, овозмоѓено е ослоодување од пратиципација за здравствено лекување за семејства корисници на гарантирана минимална помош и пензионери со ниска пензија, зголемена е вработливоста пред се за младите Роми преку активните мерки за вработување, додаде Ахмедовски.

Претседателот на партијата за демократски просперитет на РОмите кој се наоѓа и на кандидатската листа на коалицијата „Можеме" во Третата изборна единица исто така напомена дека за време на неговото едногодишно министерување во Министерството без ресор, со урбанистичката експанзија биле опфатени ромските заедници во повеќе градови во државата. Најави дека овие прашања, кои се од особен интерес за ромската заедница, во претстојниот мандат ПДПР како партија, уште подобро и поквалитетно ќе ги сработи. /МИА

Во познато турско летувалиште наплатуваат по 50 евра за влез во море

Штом ќе започне летото, на интернет започнуваат да кружат сметки од разни дестинации. Последниве денови на социјалните мрежи започна да кружи сметка од Бодрум, Турција.

Хотелот-бар на плажа во Бодрум, популарно летно одморалиште, им наплаќа на гостите дури 48 евра а ќебапи и 7 евра за кафе.

И додека популарното одморалиште бележи значително помал број ноќевања поради коронавирусот, цените се зголемиле на некои места. Локалните медиуми пишуваат дека некои хотели со приватни плажи наплаќаат дури по 50 евра само за пливање во морето, пренесува The Sun.

Но, градоначалникот ги брани цените велејќи дека не му е грижа затоа што луѓето плаќаат високи цени за храна. "Тие можат да платат и 100.000 лири ако сакаат. Но, тука има места што продаваат ќебапи и за 20 лири".

Тој додаде дека ако Бодрум понуди пониски цени, гостите кои очекуваат „повисок квалитет“, претпочитаат да изберат ги Санторини или Ибица за одмор.

Турција воведе и сериозни казни за лицата фатени без маска. И граѓаните и туристите ќе се соочат со казна од 900 лири доколку не носат заштитна маска во јавност.

Јанушев од Илинден: Конечно ќе изградиме нов клинички центар во Скопје, 8-ми септември ќе биде дополнителен клинички центар

Носителот на листата за пратеници од ИЕ 3 на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денес се обрати пред граѓаните на Општина Илинден,се наведува во партиското соопштение. 

СДСМ, Заев и Николовски се нервозни затоа што знаат дека губат, и знаат дека за 10 дена нема да може повеќе да си ја спасат сопствената кожа. Сакам да споделам со вас со кави удбашки финти се уште се служат. Вчера бев во посета на Македонска Каменица. Имавме прекрасен прием од луѓето поддршка од секој граѓанин. Посетивме локално кафуле каде разговаравме со младите за проектите што сакаме да ги правиме во наредните 4 години. Попладнево пред да дојдеме овде ми се јавни сопственикот на кафулето дека веднаш по нас дошла инспекција. Тоа ни е реалноста, пренесе Јанушев.

Но народот доаѓа по своето. Исправи се Македонија, обновата доаѓа. СДСМ, Заев, Љупчо и сите останати од криминалната банда се прочитана прикаска. Нивниот крај доаѓа за 10 дена.

Обновата значи повеќе за секого. Доста ни е од се што гледавме во минатите години. Ајде да го донесеме законот за потекло на имот на политичарите. Да видиме кој после 15 јули ќе остане на политичката сцена. Ние не се плашиме, знаеме што сме правиле, и што правиме. Ќе го донесеме тој закон и ќе видиме кој после 15 јули ќе биде на политичката сцена. Да видиме дали ќе ги имаме Зоран Заев, Лупчо Николовски, Оливер Спасовски и останатите. Нема! Ќе ги пратиме во политичката историја. На темната страна од политичката историја. И нема да чекаме година две или три, тоа ќе го направиме во првите 6 месеци, расчистување со целиот криминал и корупцијата. Знаеме како, имаме кадри. Имаме способни луѓе. Ќе треба многу труд и работа, не се плашиме сме работеле и ќе работиме, порача Јанушев.

Во следните 4 години се обврзуваме, земаме аманет пред сите вас дека ќе работиме напорно. Затоа внимателно се работеше со наши експерти со луѓе од партиските комисии и со луѓе што сакаа да дадат помош, со луѓе од странство. Се што ставивме во програмата ќе го исполниме. Повеќе за земјоделците не само 160 милиони евра субвенции секоја година, туку и нивно навремена исплата, истакна Игор Јанушев.

Јанушев најави дека следуваат огромни реформи буквално во секое поле. Во образованието ветуваме два ипол пати поголеми плати за наставниците и професорите. Во здравството зголемување на платите на медицинскиот персонали и лекарите и конечно ќе го изградиме клиничкиот центар. Да го имаме 8-ми септември како клинички центар и уште два нови клинички центри во Штип и Тетово. Оваа пандемија ни покажа колку многу зависиме од лекарите и медицинскиот персонал. Да им се заблагодариме за се што направија за нас.

На 15 јули рано од сабајле на демократски начин да излеземе и да кажеме доста е на сите штетни политики, доста е за сите политичари кои ја урнисуваа државата, да ги пратиме на темната страна на историјата. На 15 јули гласајте за број 14 за 14 пратенички места во изборната единица три, побара Јанушев од гласачите од Илинден.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер