Мароканец од Словенија , по излегување од затвор силувал две девојки

Државјанин на Мароко, наводно илегален мигрант, силувал две девојки во Љубљана минатиот месец по напуштањето на затворот, каде што поминал две години за грабеж, објавија словенечките медиуми.

Според весникот „Дневник“,полицијата уапсила 38-годишен Мароканец затворен кон крајот на октомври, пред тој да биде осомничен дека извршил две престапи за сексуален напад во Љубљана.Жртвите, пишува весникот, се две студентки. Првата ја присилил на сексуален чин во нејзината соба откако двајцата пиеле, а откако таа го замолила да замине затоа што и се спие.

Другата студентка била присилена на сексуален чин со нож во алтернативниот културен центар Метелкова во центарот на Љубљана, пренесува Дневник.

Според медиумите, информацијата од Дневник била потврдена од полицијата.

Мароканецот, наводно, е илегален мигрант, кој во еден момент барал азил во Словенија, за што бил одбиен, а заради грабеж во 2016 година, тој бил осуден на две години затвор и ја издржал казната.

Меѓутоа, откако излегол од затвор, тој претежно престојувал во Словенија затоа што не бил протеран од земјата, како што е вообичаено во случај со насилни престапници, пренесуваат словенечките медиуми.

Во Хрватска 50 новозаразени со корона, починало едно лице

Во Хрватска во последните 24 часа од 763 тестови се регистрирани 50 новозаразени со коронавирус.

Уште едно лица почина од последиците од Ковид -19, објави Националниот штаб за цивилна заштитна .

Во Хрватска во моментов има 1117 активни случаи на корона, од нив 132 пациенти се на болничко лекување, а тројца пациенти се на респиратор.

Од 25 февруари кога во Хрватска бил забележан првиот случај на корона па се до денес вирусот е потврден кај 3722 лица, а досега се тестирани 93571 лице. Од почеток пандемијата во Хрватска има 119 починати од ковид-19 , а оздравени се 2486 лица. Во самоизолација во моментов се 4861 граѓанин.

Фудбалерот на Интер, Брозовиќ поради возење под дејство на алкохол остана без возачка

Хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ остана без возачка дозвола поради возење во пијан.

Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ наведува дека играчот на Интер бил запрен во неговиот „Ролс Ројс“ во раните утрински часови по вечерното излегување во Милано.

Работата се искомплицвирала кога полицијата го запрела Брозовиќ поради минување на црвено светло.

За среќа фудбалерот на Интер не предизвикал никаков инцидент.

Полицијата брзо го пресретнала и му ја одзела возачката дозвола на лице место.

Фото: Ким Кардашијан без ботокс!!

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан на своите фанови на социјалните мрежи им сподели спомени од младоста, стари фотки и модни комбинации.

-Чувам се, а за време на карантинот исто така ги организирав фотографиите . Пронајдов свои стари модни комбинации. Толку многу добри работи има тука. Дали се сеќавата не некои од нив?Или можеби изгоретините кои ги добив во Мексико, се пошегувала Ким на својот Инстаграм профил.

Но, голем дел од нејзините фанови веднаш забележале дека Ким на фотографиите е природна и нема ботокс.

притисни ентер