Нешто чудно и необјасниво ги координира движењата на далечните галаксии

Галаксиите, кои се меѓусебно оддалечени милиони светлосни години, се поврзани со невидлива мрежа на масивни интергалактички структури што ги прави да се синхронизираат на начини што модерната астрофизика не може, засега, да го објасни.

„Набљудуваната траса мора да биде поврзана со големи интергалактички структури затоа што е невозможно галаксиите да комуницираат едни со други на оддалеченост од околу 20 милиони светлосни години .“, рече астрономот Хјеоп Ли од Институтот за астрономија и вселенска наука во Кореја.

Научниците претходно утврдија дека галаксиите кои се меѓусебно оддалечени неколку милиони светлосни години можат гравитативно да влијаат едни врз други, но не е јасно како може да се појават вакви исти обрасци помеѓу многу далечни галаксии.

Ова откритие укажува на можноста за мистериозни, „големи структури“ кои, како што подразбира името, треба да бидат најголемите објекти во универзумот. Астрофизичарите веруваат дека овие невидливи структури се состојат од водороден гас и темна материја и имаат форма на нишки и јазли. Тие ги поврзуваат галаксиите во огромна мрежа, која некои ја нарекуваат космичка мрежа.

Според студијата наречена ,,,Мистериозна кохерентност во неколку мегапаркетни скали помеѓу галаксијата и ротација на соседството”, објавена во „Астрофизички журнал“ во октомври, галаксиите кои се чини дека се поврзани и се движат синхронизирано, се забележани во вселената галаксии кои се вртат точно на ист начин, и покрај тоа што се оддалечени милиони светлосни години.

Ли и неговите колеги проучувале 445 галаксии на растојание од 400 милиони светлосни години од Земјата и забележале дека многу од оние што ротираат во правец на нашата планета имаат соседните галаксии кои се движат кон неа, додека оние што ротираат во спротивна насока имаат соседни галаксии кои се оддалечуваат од Земјата.

Тие веруваат дека таквото усогласување мора да значи дека галаксиите се во иста структура од големи размери, која ротира многу бавно и наспроти стрелките на часовникот. Оваа основна динамика може да предизвика еден вид кохерентност помеѓу ротацијата на изучените галаксии и движењето на нивните соседи.

Оваа хипотеза е поддржана од друга студија објавена во 2014 година во списанието „Астрономија и астрофизика“, во кое се утврдило дека некои супермасивни црни дупки се усогласуваат едни со други, и покрај тоа што се оддалечени милијарди светлосни години.

Три возила учествуваа во несреќата на патот Штип-Радовиш кај патоказот за село Љуботен

Тешка сообраќајна несреќа вечерва во 21:30 часот се случи на патот Штип-Радовиш, во која учествувале три возила. 

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека несреќата се случила кај сообраќајниот знак за селото Љуботен, според првичните информации од терен има повредени и во оваа несреќа, а се повикани и пожарникарите, со цел да ги издават повредени лица.

Повеќе детали околу несреќата најавуваат за утре.

Ова е втора сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш и тоа во рок од само неполни два часа. МИА претходно информираше за несреќата, која се случи по 19 часот во близина на селото Лакавица во којашто, според директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев повредени se 13 лица, од кои 11 се мигранти и две се жени, македонски државјани. Според она што го видовме на лице место несреќата се случила меѓу две возила марка Мерцедес.

Мигрантите се транспортирале во багажникот во самиот автомобил. Овие две возила излетале од коловозот на десната страна во правец Штип-Радовиш. Според првичните информации од полицијата, возачот на мигрантите побегнал од местото на несреќата. /МИА

Тешка сообраќајка вечерва во близина на штипското село Лакавица, повредени 13 лица

Тринаесет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи вечерва во близина на штипското село Лакавица во која чествувале две возила, од кои во едното се превезувале мигранти.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова потврдува дека во несреќата учествувале две возила, меѓутоа повеќе детали како се случила не може да даде, бидејќи во тек е увидот од страна на истражните органи.

Директорот на Клиничка болница Штип Ален Георгиев за МИА вели дека во болницата се хоспитализирани 13 лица, од кои 11 се мигранти и двајца се македонски државјани.

Според она што му е презентирано од страна на дежурните лекари, прв впечаток е дека ниту еден од повредените не е во животозагрозувачка состојба, но во тек се прегледите и снимањето со цел да им се утврдат повредите.

Првично станува збор за мигранти од Пакистан, а мигрантите кои се во моментов во болницата во Штип ќе бидат примени на две одделенија, на ортопедија и на хирургија. Георгиев вели дека во текот на ноќта мигрантите ќе бидат и тестирани за КОВИД-19.

Повеќе детали околу несреќата се очекува вечерва или во текот на утрешниот ден. /МИА

Фото: Најзгодната медицинска сестра на светот!!

Лорен Дреин Каган е медицинска сестра, фитнес модел и персонален тренер. 

Атрактивната русокоса станала светски позната кога ги објавила своите мемоари како член на контроверзната „ Westboro“ баптистичка црква.

Атрактивната Лорен има повеќе милиони фанови на социјалните мрежи, секако поради својот изглед.

За многумина од нејзините фанови таа е „најсексапилната медицинска сестра на Инстаграм“. На оваа социјална мрежа Лорен има повеќе од 4 милиони следбеници.

Иако понекогаш Лорен работи и 13 часа на ден, секогаш наоѓа време за интензивен тренинг со кои ја одржува својата совршена става.

притисни ентер