СДСМ: Се грижиме за зеленилото, улица Максим Горки го доби својот препознатлив изглед, засадени нови 18 јапонски цреши

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, продолжува со грижата за зеленилото, изјави Дарко Конески од ОО СДСМ - Центар.

Улица Максим Горки повторно го доби својот препознатлив изглед. Како што беше ветено, Град Скопје засади нови 18 јапонски цреши на местото на препознатливиот дрворед.

Откако беше констатирано заболување на старите стебла, и по неусшениот обид истите да се спасат, нужна потреба беше истите да се отстранат. Градоначалникот Петре Шилегов им вети на граѓаните дека отстранетото зеленило ќе се замени со ново, што и се случи во најкус можен рок, и притоа новите дрвја се набавени со помош на донација на ЕБОР, односно не се одвоени средства од Буџетот на Град Скопје.

Се грижиме за зеленилото во градот, и постојано се трудиме да го зголемиме бројот на садници и зелени површини и сакаме еколошката свест да биде подигната на повисоко ниво со што граѓаните на Скопје ќе имаат почист воздух и поквалитетен живот.

Грчката забрана за Србите важи до 15 јули, мерката може и да се продолжи

Грција ќе ги затвори границите за српските граѓани од утре од 6 часот, а сега објавија колку долго ќе трае оваа мерка.

„Пристапот до Грција за сите граѓани на Србија, на сите премини, ќе биде забранет до 15 јули“, објави грчката влада.

Грција исто така напомена дека, во согласност со своите договори со ЕУ, може да ја преиспита оваа мерка и дека анализите се прават на дневна основа.

Треба да се додаде дека се наведува дека оние кои имаат „исклучителни причини“ за своето патување сепак ќе имаат право да влезат во Грција, но не е прецизирано што значи тоа, наведуваат српските медиуми.

Драматично во Јапонија: Најмалку 20 загинати и 14 исчезнати во големите поплави (ВИДЕО)

Најмалку 20 луѓе загинаа, а 14 се водат како исчезнати во поплавите и лизгањето на земјиштето, предизвикани од  рекордни поројни дождови во југозападна Јапонија, објавија локалните медиуми.

Се стравува дека 14 исчезнати лица се исто така мртви, ден откако поплавата го погоди руралното подрачје на префектурата Кумамото, јави телевизијата НХК, повикувајќи се на локалните власти.

Околу 50 луѓе се спасени од поплавен дом за стари лица во селото Кума, на околу 950 километри југоисточно од Токио, пренесува Kyodo News.

Властите во Кумамото наредија евакуација на околу 200 000 жители, бидејќи обилните дождови, лизгање на земјиштето и поплавите продолжуваат да се закануваат.

Јапонската метеоролошка служба очекува силниот дожд да зафати големи области од источна и западна Јапонија до вторник.

Префектурите Кумамото и Кагошима се зафатени од силен дожд уште од вчера.

Врнежи од дожд до 300 мм се очекуваат на југозападниот остров Шикуку, 250 мм на островот Кјушу, вклучувајќи го Кумамото, и 200 мм на источниот и централниот дел на земјата, вклучително и Токио, до понеделник вечер, соопшти метеоролошката служба.

Пред две години, поплавите и лизгањето на земјиштето во западна Јапонија однесоа повеќе од 220 животи, што претставува најголем број загинати поврзани со временски непогоди во три децении.

Во Србија 302 новозаразени , починале пет лица

Во последните 24 часа, 5030 лица биле тестирани за коронавирус во Србија, од кои 302 биле позитивни. Уште петмина починаа.

Во моментот има 81 пациент на респиратори.

Вчера 7.434 лица биле тестирани за коронавирус во Србија, од кои 325 биле позитивни, а осуммина починале.

Инаку, од утре во 6 часот наутро, Грција ќе ги затвори своите граници кон граѓаните на Србија. Српските туристи кои се веќе во Грција, популарна дестинација за одмор за Србите, ќе можат да ја напуштат земјата.

притисни ентер