Голема наградна игра на НЛБ Банка: „Поинакво зимско доживување со Mastercard haPPy во Кицбул, Австрија“

Наградната игра се однесува на сите нови и постоечки корисници на НЛБ happy картичките кои во периодот до 30 декември ќе направат барем една безготовинска трансакција на износ од најмалку 500 МКД.

НЛБ Банка во периодот од 16.11.2019 до 30.12.2019 година организира наградна игра за сите корисници на НЛБ Mastercard haPPy кредитните картички во која еден среќен добитник ќе го однесе на ски-трките во Кицбул, а на 52 лица ќе им донесе велосипед или електричен тротинет.

Наградната игра се однесува на сите нови и постоечки корисници на НЛБ happy картичките кои во периодот до 30 декември ќе направат барем една безготовинска трансакција на износ од најмалку 500 МКД.

На среќните добитници, за времетраење на наградната игра, секој ден, во периодот што следува, ќе им биде доделен по еден градски велосипед, а еднаш неделно, по еден електричен тротинет. Главното извлекување ќе биде на 31 декември, кога НЛБ Банка и Mastercard на најсреќниот добитник ќе му подарат единствено зимско доживување за двајца во еден од најпознатите скијачки центри Кицбул, Австрија. Патувањето ќе биде организирано во период од од 20 до 25 јануари 2020 година за времетраење на најпознатите ски-трки во Кицбул со ексклузивна можност за следење од ВИП ложата.

НЛБ haPPy картичката e кобрендирана револвинг кредитна картичка од програмата на Mastercard која на клиентите им нуди загарантиран поврат на средства (кешбек) со секое купување во земјата и странство. Износот на поврат на средства е во зависност од продажното место на кое е реализирана трансакцијата.

Повеќе информации за наградната игра можат да се добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефонскиот број 02/15-600 или на следниот линк.

Херој спаси три животи на автопат во Кина (ВИДЕО)

Херој спаси три животи на автопат во Кина.Несреќата се случила на прометен дел од автопат и според информациите, освен материјална штета нама повредени.

Според снимките тројца патници, двајца мажи и една жена, избегнаа сигурна смрт благодарејќи на човекот кој застана да помогне на превртеното возило што го затекна на патот во кинескиот град Чунчанг.

Имено, несреќата се случи кога комбето со патниците од неутврдени причини се излизга и заврши во банкината. Од долната страна на возилото, на местото каде што се наоѓа резервоарот, се запали оган, а патниците иако се обидуваа да го напуштат возилото не можеа тоа да го направат поради оштетената врата.Човекот го искши предниот прозор на автомобилот, и патниците излегоа и се спасија.

Преговарачката рамка за Македонија е предадена во Советот на ЕУ, јазикот останува Македонски

Преговарачката рамка на Македонија  синоќа е дистрибуирана до земјите членки на Европската Унија соопштија од Европската Комисија во Брисел.

Во неа се утврдени упатствата и принципите за пристапните преговори на земјава со Унијата.

Македонија ќе мора да го преведе заедничкото европско право на Македонски пред официјалното зачленување во Европската Унија, пишува, , во Предлог-преговарачката рамка за земјава.

Во Предлог-преговарачката рамка за Македонија, одредницата што се користи за именување на јазикот е – Македонски, без никакви дополнителни објаснувања или фусноти.

Ова се смета за чин на официјално признавање на Македонскиот јазик на ниво на ЕУ и негова промоција во еден од официјалните јазици на Европската Унија во иднина.

Најмалку 50 загинати во свлечиште во Мјанмар

Најмалку 50 луѓе загинаа во свлечиште во Мјанмар.Спасувачите утрово ги пронашле телата на жртвите и работат на пронаоѓање на преживеаните кои биле зафатени со ,, бран од кал “предизвикан од лизгање на земјиштето, што се случило поради обилните дождови

„Пронајдени се вкупно 50 тела“, изјавиле пожарникарите и додаваат дека продолжуваат напорите за пребарување на преживеани.

Смртоносните лизгања на земјиштето се вообичаени во Хпакант, регион во државата Мијанмар, на северот на земјата, каде се одвиваат слабо регулирани рударски активности.

Слично свлечиште што се случи во областа во 2015 година уби 116 лица.

Многу работници -мигранти се обидуваат да заработат за живот во Хпакант, пребарувајќи низ огромните купишта исфрлени рударски остатоци со надеж дека ќе најдат жад.

притисни ентер