Шест членки на ЕУ согласни за нова методологија, но Скопје и Тирана да добијат преговори во март

Во писмо до претседателот на Европската комисија, министрите за надворешни на шест земји членки на ЕУ се согласуваат дека методологијата на преговорите за членство може да се подобри.

Но министрите инсистираат проширувањето да остане опиплива перспектива и Македонија и Албанија да добијат зелено светло за преговори во март.

Писмото е своевиден одговор на „нон-пејперот" на Франција во кое се бара од Советот на ЕУ до јануари да и нареди на Европската комисија да почне да изготвува нова методологија за преговорите со земјите кандидати, под изговор дека сегашниот процес не е доволно ефикасен, премногу е бавен и технички.

Потписниците на писмото се министрите од Австрија, Чешка, Словачка, Словенија, Италија и Полска.

Министрите потсетуваат дека ЕУ треба да се држи до ветувањата дадени во 2003 година во Солун на сите земји од Западниот Балкан и дека таа перспектива е главен мотивирачки фактор за регионот, давајќи го како пример „историскиот Преспански договор".

– Минатиот месец, ЕУ не постигна консензус за отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. Во време кога славиме триесетгодишнина од падот на железната завеса кој ја отвори ерата на обединување на Европа, повторуваме дека консолидацијата на Европа не може да биде целосна без Западниот Балкан, пишуваат шесте земји членки.

За нив „нема сомнеж" дека и безбедноста и реформскиот процес во регионот се гарантирани преку интеграцијата во ЕУ, но согласни се дека тој може да биде подобрен.

– Вистина е дека сегашниот пристапен процес на западниот Балкан напредува бавно и на нееднаков начин. Од таа причина сме подготвени да се ангажираме конструктивно во напорите за подобрување на овој процес. Тоа ќе го сториме доколку оваа задача се води на ефикасен начин, со цел да вроди со резултат и доколку и овозможи на ЕУ да постигне консензус за отворање на пристапните преговори во март 2020.

Министрите ја повикуваат ЕК до јануари да изготви конкретни предлози за подобрување на ефикасноста на процесот.

Во писмото се потсетува дека само полноправно членство во ЕУ за западниот Балкан е одржливо решение и дека процесот мора да продолжи без одлагање. /MИА

Кралот на новозеландските Маори бара основни човекови права- за китовите

Кралот на новозеландските Маори денеска побара китовите да добијат основни човекови права за заштита на ранливите видови.

Кралот Тухеитија Паки рече дека величествените морски цицачи треба да ги имаат основните човекови права, како што е правото на здрава животна средина, за да им овозможат на нивните популации да се обноват.

„Звукот на песната на нашите предци е ослабен и живеалиштето е загрозено. Затоа мора да дејствуваме сега“, рече Тухеитија во реткото појавување во јавноста.

Во 2017 година, Нов Зеланд донесе закон со кој се дава правен субјективитет на планината Таранаки и реката Вангануи, кои се важни за Маори, домородните луѓе кои сочинуваат околу 17 отсто од населението на Нов Зеланд, или околу 900.000.

Тухеитија верува дека давање на ист статус на китовите би делувало како „наметка на заштита“. Тој се огласи заедно со високиот началник на соседните острови Кукови, Травел Ту Арики.

Тие се залагаат домородните знаења да се комбинираат со науката за да се обезбеди „похолистички пристап“ кон зачувувањето на китовите.

„Китовите играат витална улога во здравјето на целиот наш океански екосистем“, рече Травел Ту Арики. „Мораме итно да дејствуваме за да ги заштитиме овие прекрасни суштества пред да биде предоцна“, додаде тој.

Сините китови можат да пораснат до 30,5 метри и тежат до 200 тони. Но, големината не ги штити. Шест од 13 големи видови китови се загрозени или ранливи, според WWF, светската организација за заштита на природата.

Пијан Чех без возачка дозвола направил хаос со Мустангот (ВИДЕО)

Возачите на Мустанг честопати доживуваат сообраќајни несреќи, но што направил овој возач се уште не е видено.

Сè се случило во неделата кога овој неименуван Чех требало да ја прослави со роденденска забава. Изнајмениот Ford Mustang Shelby GT500 требало да биде врв на денот и веројатно главниот учесник во некои убави спомени. Наместо тоа, роденденското момче доживеало навистина бизарна несреќа.

Се разбира, на сѐ му помогнал алкохолот. Пред да тргне на возење, возачот испил пиво и рум. Малку задремал на семафорот и тргна на црвено. Иако го избегна Renault Megane благодарение на брзата реакција на возачот, ненадејно стискање на гас го однесе Мустангот од патот токму на време за да откорне сообраќаен знак.

Но, катапултираниот Mustang не застана тука, туку направи полн круг и го погоди задниот дел на Renault како наведувана ракета. Доброто од несреќата е што не се работи за голема брзина и што другите учесници во сообраќајот навреме забележале дека возачот на жолтиот ѕвер не се однесува нормално.

Штетата на Renault е минимална, додека штетата на Mustang е многукратно поголема и изнесува најмалку 10.000 евра. Но, и 50-годишниот славеник, кој, инаку, немал ниту валидна возачка дозвола, ќе се соочи со голем број пријави.

Како и да е, роденден за паметење.

Скандал во Британија: Затворски чуварки се вљубиле во ист затвореник, додека не добиле казна

Две чуварки во затворот Рочдејл, Алиша Бејтс (29) и Џоди Вилкс (27), признале дека имале „незаконска врска“ со осуденик.

Првата е осудена на две години и осум месеци затвор, додека втората добила условна казна од 12 месеци, пренесува The Sun.

На судот му беше кажано дека Бејтс започнала романса со осуденик во декември 2019 година, додека работела како затворски службеник. Во тој период таа му праќала експлицитни фотографии и СМС пораки на неговиот телефон.

Една година подоцна, Вилкс започнала врска со истиот човек, кој бил осуден за прекршок за дрога.

Паралелната романса траела два месеци, а полицијата во ќелијата на осуденикот пронашла мобилен телефон кој ја разоткрил „љубовната шема“.

Во една од пораките, Бејтс вели: „Те сакам 24/7. Не можам да се наситам од тебе. Би ти се јавила во секој момент“.

Покрај фотографиите, Бејтс разменила и видео клипови со осуденикот, а подоцна негирала дека имало физички контакт.

Таа во полиција тврдела дека била изманипулирана и дека „се заљубила“.

Од друга страна, Вилкес признала дека учествувала во „недолично дружење“, но дека не била изманипулирана.

Судијата Елиот Ноф смета дека во случајот со Бејтс имало „сериозно нарушување на довербата“.

„Да, ти беше фатена во неговата стапица, тој те идентификуваше како некој на кого треба да му пријде. Но, не мораше да го прифатиш тоа“, истакнал судијата.

притисни ентер