Доколку не морате , не излегувајте од дома- Силно невреме по пожарите во Сиднеј (ВИДЕО)

Силни ветришта од утрово ги раширија  десетиците пожари низ источниот брег на Австралија, при што силниот чад се разнесе преку Сиднеј, за веднаш потоа најнаселениот град во земјата да биде на удар на силно невреме со град со големина на бејзбол топче.

Градот , дождот и ветрот попладнето го опустошија Сиднеј и околината и предизвикаа голема материјална штета.

Пожарите уништија околу еден милион хектари обработливо земјиште и шуми во последните неколку недели во регионот, поттикнати од екстремно сушните услови по тригодишната суша за која експертите велат дека е засилена од климатските промени.

Силните ветришта им помагаат на пожарите - дури 60 се разгорени низ австралиската држава Нов Јужен Велс - а спасувачите велат дека чадот од Сиднеј во некои делови на градот е 10 пати повеќе од дозволеното ниво.

Во Делчево изборниот процес почна навреме, гласањето се одвива во најдобар ред

Во Делчево навреме се отворени вкупно 36 избирачки места на кои денеска 14.490 граѓани регистирани во Избирачкиот список имаат право на глас за еден од седуммината кандидати за Претседател на државата. 

Според информациите од терен избирачките места биле отворени на време, а гласањето се одвива во најдобар ред.

- Се наоѓаме на избирачко место 582/1, ладе гласањето започна навреме, се се одвива во најдобар ред. Првите бројки околу излезноста ќе ги соопштиме по 9:00 часот, истакна Благица Петровска, член на избирачкото место.

-Се наоѓаме на избирачко место 580, навреме започна гласањето и процесот си тече нормално, изјави Емилија Трајановска, член на избирачкиот одбор.

Своето право на глас вчера во Делчево го остварија 147 болно и изнемоштено лице кои гласаа во домашни услови.

Израел демантира дека неговите војници ги закопувале Палестинците во масовна гробница во Газа

Телата откриени во масовна гробница во Појасот Газа не биле закопани од израелски војници, туку од Палестинци, соопшти вчеравечер израелската амбасада во Женева.

-Тврдењето дека израелските одбранбени сили (ИДФ) закопале палестински тела е неосновано, наведува амбасадата.

Војниците, според амбасадата, „само ги прегледале телата во гробницата во потрага по израелски заложници, се почитувало достоинството на загинатите, а телата на Палестинците биле вратени на истото место“.

-Претресот беше извршен внимателно и исклучиво на места каде разузнавачките информации укажуваа на можно присуство на заложници, соопшти амбасадата.

Палестинскиот тим за цивилна одбрана во Газа во понеделникот извести дека масовна гробница со 283 тела била откриена во близина на болницата Насер во јужниот енклавен град Кан Јунис. Според канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк, кој ја повика цивилната одбрана, на некои тела им биле врзани рацете.

Турк вчера рече дека е „згрозен“ од извештаите за откривање масовни гробници во близина на болниците во Газа и повика на независна истрага за причините за смртта.

Имаше извештаи и за пронајдени тела во болничкиот комплекс Ал Шифа во градот Газа. Според меѓународното право, болниците имаат право на посебна заштита. Турк, исто така, истакна дека „намерното убиство на цивили, затвореници и други лица кои се „надвор од борба“ е воено злосторство“. /МИА

Сестрата на севернокорејскиот лидер вели дека нејзината земја ќе изгради супериорна воена сила

 Влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Ким Јо Џонг рече дека земјата ќе продолжи да гради супериорна и најсилна воена сила за да го заштити својот суверенитет и регионалниот мир, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Ким Јо Џонг истакна дека серијата воени вежби на американската војска во регионот оваа година, почнувајќи со вежби спроведени со „јужнокорејски марионетски воени гангстери“, опасно ја нарушуваат регионалната безбедносна средина.

- Ќе продолжиме да градиме огромна и најмоќна воена сила со цел да го заштитиме нашиот суверенитет, безбедност и регионален мир, ја пренесе КЦНА нејзината изјава.

Војските на САД и Јужна Кореја изведоа серија вежби со поголем обем и интензитет во последните месеци, а лидерите на двете земји ветија дека ќе ја подобрат борбената готовност против воените закани на Северна Кореја.

Околу 100 воени авиони извршија двонеделни воздушни вежби овој месец, соопшти јужнокорејската војска.

Северна Кореја вели дека американските воени вежби се подготовки за нуклеарна војна против неа.

Вашингтон и Сеул тврдат дека вежбите имаат одбранбен карактер и се спроведуваат редовно за да се одржи подготвеноста. /МИА

притисни ентер