Новата методологија за проширување не е тема на дебата на советот за општи работи на ЕУ

Прв пат по француското вето, Брисел се навраќа на проширувањето на Европската Унија.

Но, освен пораките за поддршка дека процесот за Македонија и Албанија останува жив, на денешниот Совет на општи работи не се очекуваат никакви формални заклучоци. Според најавите, на маса не е ниту францускиот „нон-пејпер“, кој треба да го трасира новиот пристап на преговарање. Финската министерка за Европа, актуелен претседавач со Европската Унија, појаснува дека до формирањето на новиот состав на Европската Комисија следниот месец, практично рацете на земјите членки се врзани за какви било официјални предлози.

-Нема да дискутираме за француската иницијатива денеска. Ќе се навратиме на политиката на проширувањето, ќе ја изразиме нашата посветеност кон проширувањето и ќе испратиме силна порака до земјите од западниот Балкан дека ЕУ ќе исполни и ќе се наврати на прашањето идната пролет. Добро е што земјите членки имаат предлози, тоа помага да се одржи процесот, но потребна ни е нова Комисија да го почне мандатот., изјави Тити Тупураинен, министерка за Европа на Финска

Франција и денеска цврсто застана на ставот дека актуелниот модел на преговарање е нефункционален и оти е неопходна реформа на процесот. Министерката за Европа, Де Моншален ги отфрла критиките дека Париз преку ноќ одлучил да ги смени правилата. Вели искуствата на проширување од минатото покажаа дека мораме да го приближиме нивото на земјите - кандидатките со она државите – членки не само во правниот, туку и од економски, социјален и културен аспект.

-Ние не ги менуваме правилата среде игра што започнала. Гледаме дека процесот не функционира затоа што е екстремно бавен за тие кои учествуваат во него. Процесот не е политички раководен, има автоматизам и народите пред се не се пронаоѓаат во него. Гледате колкава емиграција има, колкав одлив на мозоци од Србија, Црна Гора, а пред нив и од Бугарија, Романија и Хрватска кога преговараа., Амели де Моншален, министерка за Европа на Франција.

Според најавите од Париз, новата методологија треба да биде финализирана најдоцна до март догодина, за што треба да има консензус од сите 28 земји членки. Францускиот нон – пејпер предвидува своевидна преговарачка нишалка – од една страна процес на реверзибилност, кој може да ја врати неколку чекори назад земјата – кандидат и од друга страна, низа поволности, како пристап до структурните фондови и столче во Брисел во областите, во кои е евидентиран напредок.

Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога

Денеска во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид, соопшти МВР.

Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

„Гответе со Дракче“ - Тортиљи со ајвар

Во петок (19.04.2024) во емисијата гостин ни беше Ленче Кукиќ.

Состојки за денешниот рецепт:

3 тортиљи

3 јајца

200 гр. сирење

100 гр. ајвар

зачини по желба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Нападната база на проиранските милиции во Ирак, САД и Израел негираат вмешаност

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

Серија експлозии го разнеле штабот на Народниот фронт за мобилизација (ПМФ) на 50 километри јужно од ирачкиот главен град Багдад, само неколку часа откако припадници на проиранските милиции лансирале беспилотни летала кон израелската воздухопловна база во близина на Елиат.

Според првичните информации што ги објавија медиумите во Ирак, најмалку еден член на Народниот фронт за мобилизација, проиранска милиција која е дел од ирачките вооружени сили, е убиен, а десетина биле ранети во нападот на неидентификувани авиони врз базата во близина на Багдад.

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

И израелските власти негираат дека стојат за нападот, но офицери на ирачките воздухопловни сили изјавиле дека авионот, кој истрела проектили врз базата на проиранската милиција, најверојатно летал од правец на Јордан.

Израел вчера изврши напад на иранска територија, неколку дена откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили кои главно беа пресретнати и уништени.

Техеран, пак, објави дека воената база во Исфахан била нападната со беспилотни летала лансирани од локација во Иран, поради што нема намера да изврши нов одмазднички напад против Израел.

САД, кои се обидуваат да ги убедат двете страни да го запрат бранот одмазднички напади, по израелската акција во Иран, оценија дека таквите операции завршиле. /МИА

притисни ентер