„Само Вистина“ вечерва со Стојанче Ангелов и Марјан Камиловски

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе дебатираат Стојанче Ангелов и Марјан Камиловски.

Почитувани дами и господа, ако правдата е бавна и слепа тогаш нам ни останува само да побрзаме и да продолжиме да ја бараме вистината, Вечерва со нашите гости членот на левичарската коалиција на СДСМ, генерал Стојанче Ангелов и идеолошкиот десничар, жесток браник на ВМРО-овските политики, авторот на мостот „Слобода“ од Скопје 2014, ликовниот уметник Марјан Камиловски.

Долго очекуваниот француски предлог за реформи во ЕУ пристигна на масата на Советот на Европа. Земјите членки бараат време за анализи македонската страна со позитивен став и многу дилеми. Дали парискиот нон-пејпр е добредојдена идеја или крај на европскиот сон? Спакувани во црвена панделка Меѓународниот монетарен фонд не ги штеди критиките за замрзнување на прогресивниот данок и зголемувањето на платите и пензиите. Бизнисмените велат не треба слепо да се следат советите на ММФ, владата не сака ни да чуе за истите. Што сака да ни каже ММФ? Дали предизборните ветувања се посилни од реалните очекувања? Наместо на седница, Уставниот суд на колегиум расправа што да прави со предлогот за укинување на дел од Кривичниот законик со кој високи функционери ќе се спасат од гонење. Што или кој го тера највисокиот суд да ја погазува сопствената децениска пракса за работа?

Кој ја урива и последната надеж на гладните за право и правдина? Наместо пресуди, половина од предметите на СЈО почнаа од почеток. Наместо затвор осудените мирно го крстосуваат светот. Наместо цврста и стамена одбрана обвинетите менуваат адвокати како чорапи. Дали конечно ќе дознаеме кои се Кики и Фрики или овие ликови ќе станат само добри холивудски легенди? „Рекет“ или „Скопје 2014“? Чиј криминал е поголем? Кој мирно ќе живее на слобода кој панично ќе ги брои деновите до слободата?

Слободата на уметникот или онаа на војникот? Еден наспроти друг аргументите ќе ги спротивстават само и ексклузивно на Канал 5. Вечерва во 18:30, Стојанче Ангелов и Марјан Камиловски во „Само вистина“.

Петмина мигранти, меѓу кои и дете, се удавија при обид да го преминат Ламанш

Најмалку пет мигранти загинаа, меѓу кои и едно дете, додека се обиделе да го преминат Ла Манш и да стигнат до Англија во близина на брегот на Вимеру.

Несреќата се случила утрово околу 5 часот и 30 минути, изјавил градоначалникот на Вимеру, пренесува БФМ ТВ.

Според градоначалникот, спасени се 48 лица, спасувачите се уште трагаат по чамецот, а плажата Вимеру е затворена.

Локалните власти соопштија дека во бродот имало 110 луѓе.

Претходно, во ноќта меѓу 13 и 14 јануари пет лица загинаа на брегот на Вимеру додека се обидуваа да заминат за Британија.

Околу 36.000 мигранти се обиделе да стигнат до Англија преку Ла Манш минатата година.

Прва објава на Кејт Мидлтон, откако откри дека има рак- има посебен повод (ФОТО)

Инстаграм профилот на Кенсингтонската палата објави фотографија од најмладиот син на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, принцот Луис, по повод неговиот 6-ти роденден.

Фотографијата ја направила неговата мајка.

На фотографијата е насмеаниот принц Луис, кој денес полни 6 години.

„Среќен 6-ти роденден, принц Луис. Ви благодариме на сите за убавите желби“, пишува на фотографијата.

Ова е прво јавно појавување на војвотката од Велс по долго време откако таа се повлече од јавниот живот откако објави дека боледува од рак. Фотографијата на младиот принц ја направила Кејт, која досега многупати фотографирала детски портрети.

Според Sky news, фотографијата е направена во последните неколку дена во Виндзор и се верува дека е немонтирана.

Медиумите пишуваат дека Вилијам и Кејт ја објавиле фотографијата за да им се заблагодарат на сите што им испратиле честитки, а во исто време ја штитат нивната приватност.

Изминатите неколку месеци беа предизвик за семејството откако Кејт објави дека боледува од рак.

Иако се зборуваше дека таа најверојатно ќе се врати на кралските обврски по Велигден, тоа се уште не се случило.

Вооружените сили на Хондурас заплениле 2,7 тони кокаин, наменет за американскиот пазар

Вооружените сили на Хондурас соопштија дека заплениле 2,7 тони кокаин скриен во два глисери.

Запленети се вкупно 2.760 пакувања со дрога, тешки по еден килограм“, потврдил портпаролот на вооружените сили на Хондурас, Сантос Ноласко, пренесува парискиот весник „Фигаро“.

Дел од дрогата бил закопан на плажа на Карибите, а потрагата продолжува за да се најдат други пакети скриени во областа, рече Ноласко.

На 24 март, поморските сили на малата централноамериканска земја заплениле повеќе од 1,3 тони кокаин и уапсиле 10 осомничени шверцери на дрога кои дејствувале во регионот на Карибите.

Од 1970-тите, Хондурас е транзитна рута за кокаин од земјите производители во Јужна Америка до САД, но во јануари 2022 година, по доаѓањето на власт, новиот претседател Ксиомара Кастро вети дека ќе се бори против трговијата со дрога.

Неговиот претходник, Хуан Орландо Хернандез, беше екстрадиран и приведен во САД набргу откако тој ја напушти претседателската функција.

На крајот од историското судење, федералната порота во Њујорк на 8 март го прогласи Хернандез за виновен за олеснување на увозот на 500 тони кокаин во Соединетите држави помеѓу 2004 и 2022 година.

Хуан Ернандез ќе биде осуден на 26 јуни и се соочува со доживотен затвор.

притисни ентер