Фото: Стара Алфа Ромео 156 од 42.000 евра

Алфа Ромео моментално не е најпосакуваниот бренд, но пред неколку години беше сон на секој вистински љубител на автомобили.

Меѓу моделите кои преставувале престиж е и 156 ГТА со агресивните браници и големите бандажи.

Ентериерот кај овој модел бил подеднакво интересен со спортски кожни седишта, но главниот адут е тамо каде што му е местото, под хаубата.

Алфа Ромео 156 ГТА во себе има 3,2 литарски „V6“ мотор со 250 коњски сили. Во тоа време овој мотор не можел да му парира на тој од БМВ М3, но неговиот звук, посебно на висок гас, го засенува тој факт.

Сега една таква Алфа Ромео 156 ГТА од 2005 година се појави на огласите во САД со само 15.000 поминати километри.

Сопственикот истакнува дека е совршена и од надвор и од внатре, дека е користена исклучиво летно време а кога не била возена била гаражирана.

Тврди и дека менувал масло секоја година, дека ставил нов издувен систем и воздушен филтер.

Единствен „проблем“ кај оваа Алфа е цената, сопственикот бара најмалце 42.000 евра

Рачно изработил болид: Троши само два литра , а е брз како Порше (ВИДЕО)

Omega Car е автомобил од соништа за многумина, барем кога станува збор за перформансите.

Кејси Путс се нарекува себеси автомобилски дизајнер, инженер, уметник и професионален возач или „ренесансен човек од модерното време“. Факт е дека не му недостасува имагинација и знаење, особено ако го погледнете овој автомобил.

Genius Garage го претставува Omega Car, уникатен автомобил кој комбинира навидум некомпатибилни карактеристики, минимална потрошувачка и исклучително забрзување. Под хаубата е мотор на Volkswagen 2.0 TDI, додека многумин ќе го запомнат проектот XL1, концептното возило на Фолксваген кое троши помалку од литар на 100 км.

Омега е далеку поинаква. Целта е 100 mpg, или 2,35 л / 100 км. Но, Кејси ги искомплицира работите тука и вели дека овој автомобил мора да забрза подобро од неговиот Dodge Viper, односно да стигне до 96 км на час за помалку од четири секунди. Во таква атмосфера, секој ќе му прости на не многу привлечниот звук на моторот.

Кејси не застанува тука со неговите желби. Тој вели дека кога ќе ја постигнат целната изведба, дополнително ќе го дотераат автомобилот со цел да загадува што е можно помалку. Исто така, желбата е возилото да биде изработено од рециклирачки материјали.

По половина век , догодина ќе полета првиот суперсоничен патнички авион

По повеќе од 50 години од првиот лет на Конкорд, се подготвува полетувањето на новиот суперсоничен авион, пишува Си-Ен-Ен.

Старт-ап компанијата од Денвер, Boom Supersonic, објави дека ќе го претстави прототипот XB-1, една третина со големина на новиот суперсоничен комерцијален авион Oversure, на 7 октомври, а тест-летовите ќе започнат во 2021 година.

Овој потег ќе помогне да се отвори патот за првиот комерцијален суперсоничен лет откако легендарниот Конкорд се повлече во 2003 година.

„XB-1 е првиот чекор за враќање на суперсоничното патување низ целиот свет“, се вели во соопштението на Блејк Шол, основач и извршен директор на „Boom Supersonic“.

„Летовите со двојно поголема брзина значат дека можеме да патуваме двојно подалеку, приближувајќи нè до нови луѓе, места и култури“.

Според „Boom“, прототипот XB-1 треба да ги покаже и докаже „клучните технологии“ на Overture, како што е сложената конструкција со јаглеродни влакна и високо-ефикасната компјутерска оптимизирана аеродинамика.

Компанијата објавила и фотографии од експерименталните авиони во хангар опишани како „најбрзи во историјата “.

„Побрзото патување ни овозможува да ги доживееме светските нации, култури и места. Со прототипот XB-1, покажуваме дека сме подготвени да се вратиме во суперсониката“.

Компанијата тврди дека резултатите од тест-програмата XB-1 покажуваат дека станува збор за сто проценти неутрален јаглерод и дека резултатите се такви што ќе овозможат да се финализира дизајнирањето на суперсоничниот авион Овертур.

„Тврдиме дека суперсоничната иднина е безбедна, еколошка и економски одржлива“, додаде тој.

Според него, побарувачката за суперсонични авиони расте побрзо отколку што се очекувало во компанијата.

Пред пандемијата, Boom имал најмалку 6 милијарди долари пред-нарачки за авионите од 200 милиони американски долари, а меѓу купувачите се и Virgin Group и Japan Airlines, кои инвестирале 10 милиони долари во компанијата во 2017 година.

Авионите во кои можат да се сместат 55 до 75 лица треба да започнат со комерцијални патнички летови во 2030 година, пред се на прекуокеанските дестинации каде што може да се користи нивната брзина од 2,2 Мах, како што е рутата Њујорк-Лондон. Тој лет би траел само три часа и 15 минути.

Авионот дизајниран со помош на најновата технологија за намалување на бучавата при суперсоничните брзини би летал претежно над океанот за да не ги загадува населените места.

Во мај само 838 туристи, 99,2 отсто помалку од лани

Во мај годинава земјава ја посетиле 838 туристи што е 99,2 отсто помалку во однос на истиот месец лани. Како што соопшти Државниот завод за статистика, реализирани биле вкупно 4.946 ноќевања што е 97,6 проценти помалку.

Според статистиката, бројот на домашните туристи во мај 2020 година во однос на мај 2019 година е намален за 97,8 отсто, а на странските за 99,7 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи, пак, е намален за 96,7 отсто%, а бројот на ноќевањата на странските туристи за 98 проценти.

Во периодот јануари – мај 2020 година, во однос на истиот период претходната година, бројот на туристите е намален за 63,2 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 58,2, а кај странските за 65,6 отсто.

Во периодот јануари ‒ мај 2020 година, во однос на истиот период претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 62,3 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 56, а кај странските за 66 проценти.

притисни ентер